Јас добив алергија од сонце мачкајќи се од се. И секогаш користев фактор +50 Бебе не планирам ниту да го изложам на сонце ( јули и август никако) или ако биде ќе биде кратко рано наутро или касно попланде облечено со лесна гардероба и капа.
Минатото лето кога се роди не користев никаква крема за сончање. Оваа година почнав да го мачкам кога излегуваме надвор со 30 спф на еуцерин.
Здраво мамички Дали ви се имаат појавено мозолчиња на лицето на бебенцето? Малата има само 1 месец и еве недела дена како имаме досадни мозолчиња, најпрво се појавија на челото а потоа и на образите. Ја бањам со еуцерин и и помага но секој ден се појавува нова, старите ги чистиме се појавуваат нови до што може да е еве сликичка како изгледаат Дали е од топлото или од некоја храна? Што мислите?
Речиси сите бебиња ги имаат, нема потреба да ги мачкаш, поминуваат сами од себе. Малата ги имаше околу 1 месец, имам читано дека и до 6 месеци може да ги има, ама нема потреба да се третираат.
Нашиве и на @paleska3 се недела дена разлика и сите три со истиот проблем,имавме поназад пишано. Ништо не мачкам освен со мајчино млекце и ги суши за ден одма ,но и нови излегуваат Тоа се бебешки акни и нормално е првите месеци,тие се чистат ,ко во пубертет да се,не можам салам да си го сликам, едвај чекам да се исчисти . Туку мајки да ве прашам дали е нормално на едномесечно бебе носе да му хрчи, делува како затнато, но нема никаков секрет,си цица нормално, некаде прочитав дека се чистел од плодовата вода.
@LoveHope @Spidy @Ringishpil_ фала ви мамички ме утешивте значи ке мора да чекам да поминат За сликање @Ringishpil_ стави бјути нема да се познава а за носето и кај мене е исто нема секрет а делува затнато мене ми кажаа дека и е од млекото многу е лакома па и останува па затоа така дише и имам приметено така и е секогаш после јадење
Капни солена вода во носот и по 10 секунди исчисти со аспиратор. Мене педијатарот ми рече дека се иритира слузокожата од повраќање, особено кај полакоми деца, и се создава повеќе слуз, густа како мрсулчиња, ама не тече од носот само од себе.. Маж ми цела недела ме убедуваше дека детето е настинато зошто звучеше многу затната на спиење, и чистењето со аспиратор многу помагаше да дише нормално. Ова беше на околу 2 месеца. Сега има 3ипол, и наместо затната звучи баш како хрчење, како возрасен само потивко, уште си бљуцка по секое јадење, ама не ја чистам веќе зошто не е толку изразено како порано. Очекувам дека ќе помине скроз кога ќе почне да јаде цврста храна.
Јас до сега дали два пати сум ја легнала на стомак не сум знаела дека треба патронажната сестра ми покажа само една вежба што треба да и ја правам но тоа е кратко. Како е правилно? Им правете ли вие вежби?
Ние имаме многу брунчиња пропратени со црвенило, па дерматологот ми даде крема и сега така ги третираме. Но ова вашево е многу малку, остави само ќе се исчисти. И кај мене на малата и хрчи носот а нема ни мрсолчиња, изгледа нормално е. Јас и ги правам кружните вежби за колкчињата и гледам по некоја минута да ја ставам на меше да зајакне мускулатура.
Се мислам дека ја болат брунчињата затоа се нервирам ама штом исто е кај сите ке почекам да поминат. Имав еднаш прашано пред да се породам и сега пак ке си прашам мамички што имате девојчиња дали ставате широк повој? Педијатарот ни кажа да падне папчето и ке може да се става ама јас сеуште не сум почнала сакав на ортопед да одиме прво
Јас машко имам ставав широк повој до 40 дена. Ние пак не спијамее имам и проблем со пупката, има како бело на едното каналче и мн ме боли, кажете што да правам, се мијав со сода, се мачкав со ланолин и пак боли многу дури цица
Јас не ставам. Патронажната ми рече уште првиот пат кога дојде, ставив неколку пати бидејќи ми беше шубе, ама баталив. Тоа само во Македонија советуваат широк повој. На ортопед пред 10ина дена ни рекоа не за широк повој. Најверојатно ти е блистерче. Запушено е каналче. Топли тушеви, масажи и нека цица бебе од таму. Боли знам, ама подобро така отколку мастит да ти се развие.
@***Bony*** и јас исто чекам да одиме на ортопед прво па он да каже. @lackygirl прибај со млекото размачкај го, би требало да помине за некој ден Повраќаат ли вашите бебиња? Ние после секој подој иста песна. Нон стоп сме со лигавче. Некогаш знае и цели млазови да биде. Бебе не знае за доста, само ако заспие прекинува со јадење
@paleska3 веројатно го креваш да ждригне затоа. Мене бабицата ми рече да не се замарам со дигање и после подој го оставаш да полежи па потоа крени го. На тој начин прекина да повраќа. Ако е вишок млеко го бљуцка, ама чим е на млазови остави го на страна (ако спие ) не го дигај. Широк повој само во мкд по стара бабинска школа. Во свет, само ако има индикции. Не ги потете за џабе малите и онака им е тешко со памперс меѓу нозе. Ако се во ред колковите оставете баб медицина на страна.
@paleska3 баш како што кажа фримајнд и кај мене има повратено кога се обидов да ја кренам после подој а и кога пробав да и сменам пелена исто, затоа сега ја оставам и да заспие на раце па потоа ја преместувам. Види ако правеш нешто од овие работи избегавај. За повивањето и мене ме зачуди педијатарот кога ми спомна и затоа уште немам ставено се надевам нема да имам потреба Ај добро утро