Земав солени капки но не ставив сеуште, а плус и со тој аспираторот некако сеуште не ми се пробува,страв ми е да не му го повредам носето или иритирам слузокожата па да му пуштам крв,во аптека ни рекоа бил мал за тоа
Ова со ждригањево треба или не? Ние некогаш пола саат се тапкаме ,кога успешно кога не ,ама искрено повеќе ме изморува тоа отколку доењето,страв ми е да го оставам да не поврати. Еднаш исто кога сакав да му сменам пелена веднаш после доење ми поврати се,а некогаш кога не ждригнува кога ќе го легнам како да сака да поврати ,јас на почетокот мислев се гуши ,ме вадеше од такт, а тој некогаш знае и од плунката да се засркне па да ми прави така па се сум на штрек кога спие @***Bony*** од вежби "возиме точак"само, му помага за ослободување на гасови ,а за колковите наредна недела имаме ехо па ќе видиме што ќе ни кажат,плус тој беше и карлично поставен нели,ама сега за сега ништо
Исто и мене ми рекоа дека треба да ждригне и јас се мачам по пола саат ја чекам. Сега ќе пробам вие како што викате, да ја ставам на страна без подигање.
Вчера 37.2 денес нови 2 заба доле двојките. Кецовите на 4 мес ги извади овие на 5. Ќе напраат малку пауза забиве дека ме пукнува со цицањето цело време се трга
И за ждригањето не е кај секое бебе. Моето не сака и тоа му е малтретирање, така и повраќаше во млазови. Никакво подигање за ждригање, само завртете ги настрана и потпри ги од позади со перница или кебе додека полежи. Ако не спиете може и на грб да го оставите. Иначе се дави сеуште од плунка. Само завртете го на страна исто не мора паники и кревање.
Не се сеќавам колкава беше малата кога почнав да го користам аспираторот, врвот од пластиката едвај и влегуваше во ноздрата, сигурно беше помалку од 40 дена. И се влече прилично силно, освен што не и се свиѓаше процедурата ништо не и штетеше, не се случило крв да потече или слично, мислам дека само корист може да има. Секако ова е лично искуство само, може најдобро да ти покажат на педијатар како да го направиш правилно, ама јас немав никаков проблем. Велат и да се аспирира 3-4 пати на ден, во најлошиот ден 6 пати во 12 саати ја чистев, па беше во ред. И за ждригањето с есогласувам дека не мора да се мачите по пола саат, сега малата ждрига речиси секогаш, ама првите 2 месеца беше кога-како. Педијатарот рече само на страна да лежи ако поврати да може да го плукне, да не се враќа во грлото. Сега се помалку блуцка, а за ждригање максимум една минута ја држам, ако не ждригне само подисправена во релаксатор ја ставам за секој случај.
Аспиратор се употребува само кога тече нос, значи баш течење, при настинки. Не за влечење на суви мрсулчиња. Со силно влечење може да настане повреда на слузокожата, а долгорочно се оштетува слузницата, следствено и на синусите. Затоа не е во ред користење на истиот во секоја можна ситуација.
Така и јас знаев, но кога кажував на контрола дека се слуша како затнато детето, педијатарот ми рече дека е од повраќањето, што малата многу блуцкаше, се иритира слузокожата и создава слуз која е заглавена во носот и не може да искочи баш како мрсулче. И стварно беше така, излегуваше еден куп густа слуз, без боја. Сега одмна не сум и го чистела носот, немало потреба, ама веднаш се приметуваше дека дишењето и е полесно после чистењето. Пак ќе речам, ова е само лично искуство, и делува страшно тоа шмукањето, ама нас ни помогна многу. Мислам дека тоа траеше околу две недели, сега веќе немаме таков проблем.
Сум носела дете на аспирација на секрет. Сама тоа да го правам со аспиратор не би, а и матичната ме советуваше подобро на своја рака не. Ако има таков густ секрет, тогаш подобро аспирација од стручно лице со соодветна апаратура. Јас имам Носко аспиратор што се приклучува на правосмукалка, го користам само ако ептен тече нос, вади се што има внатре.
Никогаш не го кревав после подој за да ждригне, никогаш не ми повраќаше, ниту па ждригаше. Денес уште ме боли пупката, исто ми е бело, мачкам цело време со ланолин и само од таа страна цица, боли многу, ексик веќе...
А имаш цврст дел на градата? Мене ми се прават често блистери на десната града. Не и е омилена. Имам така бела точка на градата и цврст дел. Со крпа натопена со жешка крпа ја тријам брадавката и му давам на бебе да цица или одмолзувам и се отпушува каналчето.
Уште малку полниме 3 месеци. Педијатарот ми рече да продолжам д со омега. Овде читам некои примаат д со омега и плус д посебно капки, во кои случаи се примаат и тие д капки? Ја прашав за вигантолот, ми рече нема потреба, давај само д со омега.
Нормално е кога ќе спие и нели мускулатурата му е олабавена да ги отвора очите и како да гледа на страна па ги превртува она страв да те фати и го тресеш и одеднаш менува фаца ја прави понормална? Бидејќи ми е поспан од жолтица се плашам за се и сешто а денес ми е и како вознемирен а спие и ете ме преплашува со очите
Мамички ние подждригнувавме само во болница незнам како успеваа сестрите дали ги стиска на меше стварно незнам ама дома дали еднаш ми има ждригнато почесто ика Сакав да прашам што мислите за тресење на брадутката? Кај нас многу често појавува докторот кажа дека и е од возбудување но не ми е логично постојано да го прави тоа Што мислите вие? Сакав и уште нешто да прашам ама заборавив ако ми текне ке пишам
Исти сме само икаме не ждригаме па и како папагал дури да дреми едно 10 мин,а мојов многу си ја сака цуцлата па кога ќе падне и неможе да ја дочека возбудува премногу плаче и со отворена уста ја мрда главата мноху ми е смешен,се надевам за тој синдром пишуваш
Даа само што мојата се возбудува и кога си леже и кога ја држеме во раце па и кога цица некако премногу ми е ке мора пак да го замарам докторот за ова многу ми е чудно Ми текна што сакав плус да прашам дајте совет мајки ушињата си ги праве лом постојано и се свиткани ми е страв од нормални да не ги направе клапести
Хаха тоа е таа рем фаза кога заспиваат и превртуваат очи тогаш или гледаат настрана. Сите бебиња го прават тоа. Пробав еве денес да не ја кревам, ја ставив на страна и пак за 5 мин поврати. Ќе видам повеќе пати како ќе биде.
Имаме пишано и поназад. Ако по генетика треба да има клапести, ќе има такви. Со виткање нема да станат такви.