Ноќе убаво си пие додека спие преку ден само ме зафркава денеска баш се случи од 7 саатот дабајле кога испи 120 до 12 саатот не сакаше да јаде во 12часот 60мл испи и во 2часот бараше пак и тогаш испи 120мл и после дури у 5часот бараше му дадов 90мл и после кај 8 не сакаше да јаде а бараше јадење. До сега немавме проблем со какање кака секој ден нркогаш може да прескокне на два дена ама претежно секој ден кака . Можно е да е скок. Ќе видам ноќва како ќе биде па утре може ќе се консултирам со матичниот педијатар
@an4ii за да бидеш мирна посоветувај се и со матичен, ма да мислам нема место за паника. @lackygirl и јас приметувам дека едни вкусови повеќе ги преферира од другите, во тиквица се заљуби, максимум има изедено некои 60тина гр. Карфиол и брокула ќе оставам за после 6 месеци поради гасовите кои најчесто ги предизвикуваат и купечкат каша од брокула е многу невкусна да не речам грозна може ја проба, синко ни да ја помириса не сакаше пробај со домашна. Компир поради текстурата во блендер се прави како лепак а за пасирано ми е малечка ќе го дадам подоцна и авокадото ќе го оставам за после 6 месеци. Сега давам јаболко, круша, морков, тиквица, пашканат, слива, праска, утре планирам тиквица со малку кромид да го воведам и него дава многу убав вкус во кашите. Потоа сакам банана да дадам ама како што има мака со какањето ми е страв од запек. Потоа сакам да го воведам оризот, просото и палентата како додатоци на кашичките ама некако не ми е воодушевена со хранава првите неколку лажички ќе ги изеде потоа почнува се мршти и завршува со плачење и затвора усте, ма може и јас имам преголеми очекувања дека ќе земе лажица и ќе срка самата
Јас па банана скоро секој втор ден му давам, најмногу ја сака денес беше јаболче, слива и банана 3 во 1. Ама се кака секој ден, некогаш и 2 пати. Му давам биогаја. Тиквицата варена и блендирана? Иначе да таа брокула, многу е гадна и да не речам смрди Изгледа незнаат да отвараат уста и ова така прави, како стегнат е, а ко ќе му го ставам лажичето јади
Компир, авокадо, банана се 6+. Пред полни 6 може да дадеш слива, јаболко, тиквичка, морков. Доста е за почеток.
Ние сме 5 месеци за некој ден, бананата добро ја поднесе, нема мака никаква, ни со какање ни со грчеви, ќе продолжам да ја давам, за авокадо и компир ќе почекам а и синко ближи 10кг, до 9300г беше на ексклузивно доење, до 4 и пол месеци, дохрана почнавме пред 2 недели
Епа исто значи не е само до мојава да не ја критикувам само, со синко почнав после 6 со дохрана и полесно одеше што и е нормално кај нив ден прави разлика не па месец два. Инаку тиквицата излупена и на поголеми тркалца, обарена а за да не е многу течна кашата ја процедувам зошто и самата е прилично водеста и бледнирам, денес ставив и две мали кришки кромид, со сласт јадеше.
Мајки вакаво оспипче со што третирате? И од што се појавува? Брзо се губи но се појавуваат на други места. Имаме на лице,гради и раце. Како овие две сега се тазе излезени и кога плаче се воспалуваат мислам повејќе се познаваат
И јас прашав баш пред некој ден тука и речиси кај секое бебе ги има. Кај нас почна од челото па се повлекоа но се појавија на образите и еве уште си ги имаме де се чистат де се појавуват се надевам ке ги снема наскоро
Isto i moeto od koga e rodeno so kpenjeto imame maka, potocno so presoblakanjeto generalno nekogas edvaj pampers mu menuvam tolku mnogu placi, go proveruvam da ne mu e ladno, da ne mu e toplo , da ne e vospaleno vo gazeto nema nisto od toa toj place cela mala da slusa neznam kako da go odviknam od toa
Ќе му помине кога тоа ќе сака, кога ќе почне да игра во вода. Јас со првото дете имав таков проблем и од бањање голо го ставав на града да се смири, па памперс па пак на града и така теравме цел саат додека да се облечеме. Не е до топло или ладно,едноставно им треба време. Сега со второто немаме мака, сака да се бања
девојкии имам неколку прашања колку да знаете само на доење сме ама сакам да почнам и со поцврста храна... 1.каков сок смеам на 4+ да дадам за почеток домашен или купечки и од каков состав? 2.дали смеам со домашно готвена храна да започнам и која ? 3.и далии би имала мака бебуш ако почнам да пијам лимон и магдонос превриен за слабеење?
Конслутирај се со педијатар дали да започнеш со дохрана. Ако бебето убаво напредува рано е. Едно е да сакаш друго е дали треба.
Рано е ептен,ќе му се рашири желудничето. Ти си знаеш но јас би го одовлекувала факсот за да цица бебето.
Не знам зошто педијатрите имаат различни мислења во врска со воведување на цврста храна. Некои викаат да се почне од 6, некои од 5, а има и оние кои советуваат да се почне од полни 4 месеци. Нашата матична иако бебчо качува по 1000-1200 грама, сепак кога бевме на контрола на 3 месеци ни рече дека откако ќе наполни 4 месеци треба да започнеме со цврста храна. Не ја запрашував ништо, и реков само ќе се видиме до тогаш. Гледам дека синко е заинтересиран за јадење, кога јадам ме гледа право во очи и во јадењето, чмата и ги става рацете во уста. Наполнивме 4 месеци, ама сеуште не планирам да и воведам цврста храна, освен ако не ни каже докторката дека треба поради кс, но нели порано започнувале со дохрана од 4 месеци. Зошто се смени ставот на педијатрите?
Денес за ова ја прашував докторката. Вика препорачуваме на 4 месеци ако не напредува убаво,ако напредува после 5 месеци може да се проба. Еве врсниците на моево веќе сите папаат.
Јас почнав на 4 и пол месеци, дотогаш беше на ексклузивно доење (пишав баш погоре) супер напредуваше натпросечно, значи со 9300г почнавме со дохрана. 1. Сокови не му давам и не планирам во скоро време да давам. 2. Пред се домашни кашички му давам, јаболче, слива, банана, круша баш денес прв пат проба, морков, еднаш му дадов купена кашичка од хип од брокула која воопшто не ја сакаше и си правиш комбинации, мешаш пр. Јаболче со морков, јаболче со слива...утре планирам тиквица варена да му дадам, па потоа и комбинирана со кромид по препорака од @Vennera.aa 1 ден ни се разлика бебињата и баш заедно почнавме со дохрана 3. Незнам за 3тото прашање не сум на диета
И јас не би давала сок од проста причина што може да се научи на сокови па да не јаде оброк, а при правењето на сок многу од овошјето и зеленчукот се фрла па подобра опција ти е обарено и блендирано да папа бебе. Први намирници се јаболко, круша, морков, пашканат, тиквица, банана.. Можеш да си ја симнеш апликацијата бебе готвач и од тука ќе можеш да видиш која намирница одговара на возраста и ќе добиеш идеи за комбинации. Околу магдоносот не се пие при доење бидејќи ги разложуба токсините во телото кои се излачуваат подоцна во млекото исто имам прочитано дека ја намалува лактацијата. @lackygirl ќе кажеш како ќе му се допадне ''манџалакот'' на бебе @hello-kitty.90 и јас почнав со дохрана на 4ипол по препорака на матичниот кој само што наполни 4 месеци на редовна контрола ми рече е сега ќе почнеме со вкусови, бебе и онака главно пробува ретко да и се погоди вкус па да изеде повеќе од 5 6 лажички. Така овој период повеќе и доаѓа запознавање со храната а за оброк сама ќе покаже кога е спремна.
Мене ова ме буни,бебе твое покрупно е од бебе мое. Педијатарот вика добро си напредува нема потреба од дохрана. А вие обратно,незнам веќе кој исправно кажува.