Ваму велат до шест месеци не се препорачува храна. Јас сум на 25ти на ревакцина и ќе ја прашам за дохрана. Ќе има речиси четири полни. И мене ме интересира зошто кај сите е различно.
Сите што се врсни со моево веќе лапкаат,затоа мие чудно. Докторката вика бебе што убаво напредува после 5 месеци може да се почнува со вкусови. Он за 10 дена качил 700 грама уште дохрана и мислам бебе ќе ми биде ѓуле
nesto ne mu bilo po merak ke smeni i jas imav period poradi potopla voda a koga beshe mesec Dena nesakashe ic voda pa vristenje pa jas na daska bebe legnato vo banjarka davav da cica mm oblakashe bebe luda kukja. Ama se se nadminuva kako rastat ke se naviknat na se
Јас дека малечка сум,маж ми ми вика како помало братче да сум држела Шала на страна едвај го додржувам.
Ние денес се меревме, имаме 1300 гр.добиено за 6 недели па сепак не добивме препорака за дохрана. Сепак мислам мајката најдобро може да одлучи кога на бебе ќе му треба плус дохрана. Ако има потреба ќе има знаци дека нешто му фали, ако си е ок само со доење јас не би дала од 4 месеци.
Кога бебето почнува да стагнира во тежината? Првите два месеци качи по 1000-1200 грама, сега еве 20 дена од последно мерење само 300 грама (ова мерам јас дома на вага, може не е најточно ама поише од 100грама не би требало да греши). Бебе е скоро 4 месеца, ама контрола имаме закажано на 4ипол, значи имам уште скоро 3 недели до тогаш, па малку се замислив. Се друго е исто како и претходно, ретко кака и често бљуцка, ама така е уште одсекогаш, млеко имам и самата се трга кога ќе се најаде. Единствено почна да спие цела ноќ од пред една недела, претодно стануваше еднаш. Очекував да не биде цело кило, ама ова ни третина не е од претходните месеца.
И јас така мислев, ама како почнавме со дохрана послабо ми качува на килажа, дури и ми стагнираше 1 месец. Сепак кашичките на почеток се помалку калорични од нашето млеко. Мислам и затоа некогаш препорачуваат дохрана порано кај бебиња што напредуваат и повеќе од просечно.
И моево е 40 дена и исто заоѓа од плачење кога се пресоблекуваме. Јас одма ја зрмам во раце да се смири малку, па пак продолжуваме.
И синко почна помалку да става на тежина кога почнав со дохрана, имам наназад пишувано на ексклузивно доење до 6 месеци околу 12 кг беше па почна да стагнира. Секоја мајка најдобро си го знае детето кога и за што е спремно и водете се по тоа зошто секој доктор различно препорачува. @babydust по бебе готвач од 6+ е кромид
Мене ова ми го кажаа повеќе мајки дека откако ќе воведеме дохрана ќе стагнира малку на тежина и онака не јади кизнеј колку, пробуваме вкусови. Моево ближи 10кг затоа почнав да давам, нон стоп на цицка е, мислам дека му се јади повеќе. Сепак секоја мајка си го познава најдобро своето бебе и сама си одлучува кога како и што ќе му прави...и што има толку разлика дали се 4 ипол месеци или 5 месеци за да почниме со вкусови 2 недели ништо не менуваат. Не се каам воопшто што почнав со дохрана, мене мајками од 6 недели бисквита ми давала, па еве жива сум
бевме денес на педијатар 3м +2дена сме 7000гр (3700 родена) ..ни рече нема потреба од дохрана до 6 месеци и истата не се препорачува порано од 6м поради развивање на алергија ..ниту сокче ниту чајче додека не се затопли над 25т...и дека слободно можам да си се измолзам и да го замрзнам млекото па да се употреби одмрзнато но ми е шубе...некој искуство со тоа?
Јас редовно замрзнувам млеко, една цела фиока имам само млеко во замрзнувачот. Фрлив неколку ќесички на почетокот зошто ми се расипуваше млекото, ама кога фатив ред сега немам проблем. Одлично е за кога сакам да излезам, сум пробала да се измолзам после доење, ни 50 мл не можам да соберам, вака си имам спремно колку сака да испие, а јас пак ќе соберам ново од прескокнатото доење. Планирам да го искористам во припрема на каши кога ќе дојде ред.
Колку убаво би било да сака и моево така. Ја оставив на два саати со моите и мое млеко 90мл абе не шише, лажичка пробале и со шприц не и не. Врискот додека се вратив и одма на цицка. Млекото не беше ни замрзнато на домашна температура чувано 20 мин пред да испаднам го наполнив. Ако остане цицка лавр ќе биде интересно. @lackygirl станува ли ноќе сеуште на два саати? Може од дохраната се сменило нешто? Кај мене исто остана и во четврти месец најкасно на два саати станува.
Мајки ве молам за совет. Бебе последни неколку дена знае кога плаче да зајде ама траеше тоа секунда,две. Вчера се случи да зајде околу 5 секунди да речеме, значи прилично долго. Мене крвта вода, реков готово се изгуби не знам што и е со заоѓањево, но многу ме плаши. Како можеме да го надминеме ова,? Или барем некој совет што да правам во таква ситуација?
@FreeMind [/USER] станува ли ноќе сеуште на два саати? Може од дохраната се сменило нешто? Кај мене исто остана и во четврти месец најкасно на два саати станува.[/QUOTE] Првата недела спиеше повеќе, а сега последниве 7-8 дена нон стоп станува на 1 сат за цицање, ама и забите мислам дека го мачат, ептен е нервозен и мн се чеша и лигави.
Хахах и моево е исто повеке сака да цица, ама има фатено и шише. Пробај со томи типи, многу им е мека цуцлата и моево кога плаче само со тоа шише се смирува. Инаку за некој ден прави 5 месеци и си се буди навечер за цицање, сега не знам точно на колку дека спие со мене на спална, ама дека не врзуваше повекке од 2-3 саати и сака да си цица, затоа спие со мене не знам немам осетено како е да спиеш 5 саати на раат )))