Баш го правев муабетот со стоматолог како рано е дете да вади заби на 4 месеци и тој ми рече процесот на активно вадење заби започнува баш околу 3 4 месец и се случува во непцата и и може да трае со недели или месеци, кога забот ќе пробие надвор му олеснува на бебе зошто мачниот и нервозниот дел бил пред излезе тоа некако постручно ми го објаснуваше ова попросто кажано. Малата и синоќа ниту спиеше ниту цицаше по 20тина минути од млекото стана и до 1 после полноќ седеше будна, потоа ја фати нервоза за спиење и сака да спие а никако не заспива пиштење до ржење, цела вечер и откако заспа а плукнеше цуцла се штрекнуваше, ставав на града два пати ќе повлечеше заспиваше и така на половина час до час, денес сум зомби..
Колку направи малата? Мислам дека тука негде ни се. Мојава две недели пред да наполни пет почна многу да се буди ноќе,дење не врзуваше ни пола сат сон. Мислев дека ќе полудам. И кога наполни пет и неколку дена почнав со дохрана. Педијатар ни дозволи. И еве една недела јаде не дека многу се најадува ама се потсмири каде каде. Си го врати редот колку толку.
А како се чисти глодалката Софи? Читав на нет дека не се мие, а имаше и грозни слики од неа полна мувла внатре. Баш тоа беа реакции на родители. А од фабриката изјавиле дека не треба да се мие, да не се топи.
Утре прави 5 месеци, а и давам дохрана и јас околу две недели малку јаде, повеќе турка со јазичето. Ама незнам овие два дена е лудило
Јас со врела вода па пребришувам со чиста тетра. Не знаев дека не се топи во упатството пишуваше со вода и сапун, само да не се зоврива..
Малата Софи нема дупче за свирка (од таму влегува водата на големата и затоа мувлосува) и таа може да се мие. Големата ја миев така што и го затворав со прст дупчето и убаво и ги миев главата и нозете, а телото баш кај што е дупчето со влажна рака го поминував.
Не знаев дека има разлика Мислам дека во Зегин ја има, тогаш да му ја купам на бебо и јас Ако може некоја од вас да закачи слика да ја видам, на нет гледам разни варијанти.
Ете Дафи ти ја прикачила малата, големата веројатно ја знаеш. Ние прво му ја зедовме малата и синко ја обожаваше, не ја испушташе од раце и ја сокина од џвакање. Потоа му ја зедовме големата ама неа не ја сакаше толку, скроз нова е, ја чувам за бебе.
И јас мислев Софи е само тренд и фрлање пари ама ко и секоја мајка ја зедов да пробаме. И испадна дека од сите глодалки само неа ја сака. Мислев случајно се погодило така ама еве како што читам изгледа има нешто што Софи вреди за парите Инаку сите големи светски ѕвезди ја имаат за бебињата и од таму популаноста на Софи
Јас како голем хејтер на трендови ќе те послушам и јас ќе ја купам оти навистина овие глодалки кои ги има дома се за украс. А непциња ја чешаат нерва е. Чим сте сите задоволни ваљда ќе запали и кај моево
Само во зегин ја има. Некои 700-800 денари мислам беше. Јас ги купив и топчињата и коцките Софи. И тие ги многу сака. Мали се, може да ги држи и имаат испакнат дел кој лесно завршува во уста и тие беа околу 800 ден
Здраво мајки. Денес малата полни 6 месеци. Пред некој ден почнавме со пробување на вкусови. Цело време е на доење. Е сега ме интересира кога да се почне со додавање на вода? Секако дека ќе се консултирам и со педијатар, но ме интересираат и вашите искуства. Ова ми е второ дете. Првото веќе има 3 години, искрено јас не се сеќавам кога почнав да му давам вода. Не цицаше, беше на адаптирано млеко, не сакаше ни да јаде многу кога почнав со дохрана. Само знам дека од многу мало научи да пие вода од чаша. Кога треба да има веќе еден оброк со кашичка? Сега пробува по малку, но секако дека главно и е цицањето. Поздрав
Мајки синко веќе неколку дена кога го држам во раце не стои исправен туку се витка како во буква С. Приметив дека главчето почнал да го држи сам, дали поради тоа се оделува така од моето тело или нешто друго е во прашање? Кога го држам главата и грбот ги оделува од мене, а нозете ги свиткува.
Исто сме и ние. Кога го држам пред мене во раце, се витка цел на напред како да сака во нозете да си гледа. Мислам дека е затоа што се пробува веќе за седнување. Ние сме 4+