а одкако ке падне папочната сеуште треба да се внимава да не му оди водичка таму ? и ептен му се лупи кожата на пировчево мое... го мачкам и се ама пак ... нормално е тоа ? и од кога се дава по малку водичка на бебињата ?
Мајки, синко мој е месец и некој ден, а столицата од кога е роден е жолта, потечна, педијатарот рече дека е нормално, но ете втор ден како почесто кака. Да бидам поконкретна, само што ќе почна да цица, по некоја минута почнува и да кака и тоа потечно од порано. И пред тоа какаше по 4-5 пати на ден понекогаш, ама напредуваше супер, но еве вие два дена малце повеќе. Се случи и на почетокот кога се роди вака, а и сега. Приметив дека е најверојатно до мене, а јас ете внимавам што јадам, синоќа и утрово јадев само бисквити, но морам да споменам дека сум под голем стрес и нервози. Исто така му го променив и шампонот за бањање од Бубхен преминав на Бекутан и забележав ситни брунки на нозете, исти како оние кои се појавуваат на лето, од топлото. И да не заборавам користам афлодерм поради црвенило кое го има на тестисите по препорака на педијатарот. Редактирам, затоа што заборавив да споменам дека прими и вакцина за Хепатит Б, ама пред неколку дена, иако детево се промени после вакцината. Нејќам да мислам дека е од тоа, ама сешто ми паѓа на ум, тазе мајка сум.
JuLleE во врска со какањето не гледам нешто сериозно што си кака повеќе пати во денот, па убаво си цица и си работат цревцата и си кака . Не би поврзувала со вакцина Инаку треба да си посмирена , бебето осеќа се ,кога мама е нервозна . Нервозна мајка, нервозно бебе ^^Него зошто им давате водичка на толку мали бебиња , така ве советува педијатар или butterfly.mk i mona22 Јас почнав со вода тек кога почнав и со цврста храна. Претходно си цицаше и ништо друго .
^ и јас сум слушнала дека доволно е бебето само да си цица ,и дека нема потреба од вода...и така планирам и да практикувам..вода дури после 3 4 месеци...
Кај бебиња кои се на АД се советува пиење на вода уште од неполни 40 дена,така и ние сме и на вода и плус бекутан чајчето
Мајки, МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!! Имам бебе кое има 4 месеци. До пред два месеци и имав дадено ред просто да ми позавиди човек. Навечер си заспиваше кај 12 бараше јадење во 6 сабајле следно бараше во 9 сабајле и во 12 поручек веќе беше будна.. точно во 12 и 30 се какаше.. ја ранев, ја преслекував, ја играв и во 13:00 веќе беше заспана.. со што се будеше во 15:00 и истата процедура ја ранев, ја преслкував, ја играв и така се до 12 на полноќ. Ја заспивав на следниот начин... ќе ја гушнев во мене и ставав лажачка ќе и ставев пеленче до лицето и во рокот од 2мин. беше заспана. Пред два месеци преќу ноќ ми изгуби ред. Не знам зошто. Се си мислам дека го изгуби заради тоа што ни доаѓаа многу луѓе па еден влези друг влези еден види ја друг види ја и мислам дека и се испомеша се. Веќе два месеци се трудам со сите тактики кои ги имам прочитано за враќање на редот, за заспивање и секојден е се полошо и полошо. Пробав со нишање... заспива ќе ја легнам в креветче после 15 минути се буди и си седи будна сигурно едно 5-6 сати. Пробав со пеење.. кои и да почнам да пеам таа се смее. Почнав со музика .. не бе мајко мила полошо е... ја оставав в креветче да плачи.. плачи едно две минути и после фаќа си игра со ќебето.. почна многу да разбира и се околу нејзе и е интересно и смешно. Има изгубено ред на јадење, какање ама најмногу спиење... Значи буквално не спиее воопшто! Немам сила веќе и не знам што да направам. Физички и психички сум уморна... се откажав веќе од се.. не можам повеќе. Помош немам од никој сама сум со неа по цел ден. Заради изгубениот ред секојден се случува истото ќе седи будна 3 саати ќе и дојде време за јадење и во тој момент и се приспива па почнува да плаче не сака да јаде и додека се убедуваме и молиме да јаде веќе не и се спие.. не крева на килажа, не се кака редовно.. кога ќе се искака а тоа е еднаш на три дена се кака зелено.. од редовно пиење по 150мл на секој 3 саати паднавме на 50мл на секој 3 саати. Бев и на педијатар едноставно ти вика таква и е фазата не можиш ништо да смениш... Ве молам, кажете ми што да правам! Не си го сакам животот кога ќе се разбуди.. не е убаво вака да зборувам знам.. ама немам сила веќе.. немам време за мене..
^^^^ пред се детето менува секој ден се како што повеќе ке расте повеке ке разбира се ке му биде интересно и потешко ке заспива. ете совет до тебе и спрема мене до другите мамички дека ние треба да се прилагодиме кон бебињата а не тие кон нас. конкретно кај тебе не ми се допага што толку касно го бањаш. во ред си фатила еден ред и сега детето менува ништо страшно. гледам дека сте на адаптирано гледај да и го даваш пред време, и кога ке се разбуди нишкај ја. дете не спие кога е гладно или мочкано. ете мене што ми се случува и ете го мојот ред (неред) стварно не сум се држела до ниеден посебно ред имав аслободно доење кај и кога ке посака тогаш. гледам тек сега да се придржувам кон времето за јадење но и ако некој саат скокнам не е страшно де. ноке го бањаме во 21ч облакање и цицање 22веке спие, што со оние денови кога ете се буди и плаче за 15 мин. нишкам нишкам........ и така 20 мин. и како мајка сигурно станувам нервозна. детето знај се осека.... и настапува МАЖУЛЕТО го зема во рака го смирува затоа што тој ете не е нервозен си одмарал тие 20мин. и го смирува малото и ми вика повелете мајка детето е мирно си фака цице и кома. така гледам дека детето чуствува се. ја чуствува твојата напнатост нервоза истоштеност. во поглед на станувањето па моето се буди кога на 2 саати, кога на 3 на па саат ипол. ништо страшно понекогаш децата како растат така си ја сакаат близината на мајката, понекогаш ми се будел само да го гушнам и заспива. пред се со смирена мајка имаме смирени деца. и не се замарај да му фатиш ред де и така сме дома 9 месеци детето ке си фати ред не се секирај. за оние што прашуваа за водичка, мене педијатарот ми рече до 6 месеци не добро ние сме само на цице, а после 6 ете ни рече дека во јадењето има вода па да не му форсираме. мегутоа затоа што не му давав ништо ете сега скоро на 7 месеци не ми фатил цуцла ние го имаме тој проблем.
Детето на јатрва ми има 1 ипол месец па престана да цица и секна млекото на јатрва ми. Па и рекоа да му дава млеко од крава или коза ама јас мислам дека е мн мало.СОВЕТ?
Кој и рекол од крава млеко да му дава? Педијатар? Само АД млеко смее на бебе од 1 месец да му се дава како замена за мајчиното.
Мамички дај кажете каде се продаваат цуцли лажалки на МАМ никаде неможам да најдам?Само таква прифака бебушот 10 други видови ни стојат за џабе Ја имаме купено од бебе супермаркет но таму веке ги нема! Ајдееее помош малку мамичкииии
Не кажав точно кога ја капам. Откако е родена секојден ја капиме точно во 21:30 во 22:00 моментално таа заспива и спие до 7 сабајле со што во 01:00 по полноќ и давам млеко и тера до сабајле. Најголемиот проблем е преку ден. Значи ќе се разбуди во 7 сабајле и заспива дури во 22:00 после капење. Фала ти во секој случај. Господе Боже! Дали знаеш дека има мајки кои на своето дете до една година не му даваат кравјо млеко!??! Ако педијатарот ви го рекол тоа одма да го смените и почнете со адаптирано млеко.
Абе мајки сте го пробале вашето млеко? Не знам кој советува да не се пие вода, ама дефинитивно вода мора, викате лето-зима, нема врска тоа, во лето е топло и се потиме, во зима грееме и пак детето дехидрира. Не знам зошто се гледа на децата така, па и тие се живи организми исти ко нас, си сакаат вода, си сакаат храна, си имаат исти потреби, само во други форми нормално. Мајчиното млеко е различно со оглед на тоа како се храни мајката, ама е слатко многу, пробајте да се напиете од него па издржете без вода да ве видам, а замислете они сиротки цело време да се без вода. Јас лично имам таков став, и дефинитивно ќе давам водичка кога ќе имам дете, сега не вода од чешма, ама купечка и провриена секако
^Ангел не се сложувам со тебе, мајчиното млеко е составено од 80 % вода, и идеално е изблансирано да ги задоволи потребите на бебето. Замисли желудникот на едно новороденче е како оревче и ако се дава и вода и чај нема бебето да ги искористи сите придобивки од мајчиното млеко. Јас сум против давање вода и чаеви на доено бебе додека е само на доење и не јаде цврста храна. Ќерка ми уште малку ќе полни 1 година и сеуште не пие ни вода, ни сокови, ни чаеви. Вода пие една голтка и ја плука. Пробувам почесто да и давам ама не сака да пие вода, значи мајчиното млеко сеуште ја задоволува и покрај сета цврста храна што ја внесува. И мене мене почна да ме загрижува дека сеуште не пие вода, ама добив совет од педијатар и стручно лице за доење дека додека бебето цица нема потреба од загриженост.
Mayyya јас го знам составот на мајчиното млеко, ама дека вода му е потребна на секој жив организам тоа е така, да се разбереме, па и на мало бебе. Добро, мое мислење, не мора никој да се сложи. Јас лично сметам дека година дена дете без вода е многу, но твој е изборот нели нормално. Според мене само водата може да замени вода и ништо друго, а мајчиното млеко е храна. Да, желудничето нивно е мало, минијатурно ама па не ни пие нешто многу вода, едно две голтчиња и толку, доволно е.
Се сложувам со Ејнџел дека вода мора да му се дава на детето. Јас го имав истиот проблем со мојот претходен педијатар. Вода и чај никако!!! Ќерка ми имаше грчеви кои и поминуваа само од чајот од бекутан а педијатарот ми вика никако чај и вода за грчеви само топли ја... јас сум за вода и чај и ден денес на мојава и давам околу 20мл дневно. Ќе стекни навика вода да пие. Не треба секогаш да се слушаат педијатрите туку да се гледаат потребите и барањата на детето. Маја, во право си дека желудничето им е мало.. затоа ќе најдиш време помеѓу јадење да му дадеш вода, правиме муабет за 5, 10, 15, 20мл вода не за еден литар додека ќе дојди време за јадење ќе го измоча.. Моето бебе можам слободно да кажам дека ика едно 10 пати во еден саат... ако не беа водата и чајот јас не знам како ќе ја прекиниме од икање... пие по неколку голтки и прекинува со икање. И уште нешто не ми е јасно зошто на дете од една година не му имаш дадено ни вода, ни сок, ни чај?
На мало бебе кое што е само на доење - вода НЕ му е потребна! Сè ама буквално сè си добива од млекото. Ако е комбинирано на ад и доење, тогаш може по малку вода. А ако е само на ад млеко, тогаш вода мора секако, поради составот на ад млекото. А чај исто нема потреба, бидејќи реално, не помага против грчевите, туку стомачето се смирува само моментално од топлото. Башка што чаевите се преполни со шеќери кои не се препорачливи за таа возраст. За грчевите најмногу помага затоплување на стомачето со тетра пелена или перниче со трици.
Се купува некаде тоа перниче со трици или си го направи сама? А со тетра пелена, ја ставам да се затопли па после ја ставам над бодито да го топли мешето или дирекнот на меше?