stavi vo koritceto peshkirce proveri tt na voda... I nacin na drzenje Dali e nadoli so glavata nakaj korito ili go drzis za grpce i gleda nagore... Neznam kolku me razbra.... Ama jas na pocetok ja banjav drzejki ja za stomak i so likot nakaj vodata pa placese pa pocnavme obratno I se smiri... Znaci ke probuvas se duri i so tetra da go stavis bebe vo voda sepak se mali I seto ova e novo za niv. Jas so vtorovo placki do nemajkade prvoto mislis riba e
Мамички не знаев каде да пишам зато тука мислам е најсоодветно. Дали користите тетра пелени ? Кај нас велат да се користи но во напредни држави не користат, немало потреба. Ваше мислење ?
Сакам чајот на бекутан да го заменам со некој домашен од билки, на пр.нане,камилица и сл. Што мислите? Имаме 4м.и 10 дена
А зошто чај на толку мало бебе? Бекутан разбирам го давате поради грчеви иако и за тоа нема никаква потреба, ама домашен чај зошто?
Мајки, синчето е 7 недели. Навечер спие од 22 до 1:00, се буди за јадење, заспива во 2:30, се буди во 05.00 и потоа заспива во 07.00 и спие до 10.00. Дење никако не преспива го мачат грчеви и исушта премногу гасови. Само што ќе заспие се стега и се буди. Пробавме топло на меше, масажи, давам биогаја и колиеф на почеток, но немаше подобрување. Сега давам само биогаја бидејќи од колиеф многу ми повраќаше. Му се собираат 8-9 сати спиење што е премалку за бебе. Совет или искуство?
Се додека не ни падна папчето беше со главчето према коритце,пред 3 дена ни падна и баш вечерва ке свиткам пешкирче и ке пробам прво да полежи без многу допирања,бидејќи на болница ми кажаа дека они не ср плашат од вода него од допири за нив не е познато додека се во вода некој да ги допира морам полека да пробувам,жал ми е колку вришти а температура мерам 36 да биде на водата
@Annath со пенкалце и светнав во уста да видам да не има нешто плачи вришти не сака да цица, а низ ноќта цицаше и одма си заспиваше. На букалната слузница обострано има бели точки. Само бели точки се, без црвенило ниту се полни. А на горната и долната уста има бело, ќе сликнам ќе пуштам. Хелп.
Може соор да е. Како бели наслаги треба да има и на јазикот. Пече додека цица, па затоа одбиваат. Нистатин капки, или раствор од сода бикарбона на стерилна газа за пребришување. И ти да мачкаш канестен на брадавиците, одмивај пред доење. Првин ќе видиш дали со овошје или зеленчук, изборот е твој. Први намирници се јаболко, слива, морков, почни со кое сакаш од овие три. Воведи ги нив, после и тиквичка ќе дадеш. Дали свежо или обарено овошје ќе даваш, изборот е исто така твој. Јас секогаш овошје свежо давав, ако е меко пасирано, ако е потврдо крупно го рендав, зеленчукот варен и пасиран/крупно рендан.
@Dina911 @monik55 Јас почнав со јаболче малку сварено и блиндирано, 2 дена така, потоа јаболче и слива му дадов купечка каша од Хип. Потоа пробав купечка брокула ич не ја сакаше, дури се згади па банана му додавав на јаболчето, пробав и јаболко со морков не го сакаше, последно што му дадов беше тиквичка варена малку и бледнирана, онака касна некој пат и потоа др ден додадов и банана и јаболче на тиквичката и ја јадеше... еве некои комбинации за почеток, а заборавив и круша проба но не ја сакаше, а најмногу од се сака ориз и банана готова каша на Лино со се ова му давам и водичка па пие по некоја голтка, чај и сокови уште не му давам, и сакам да кажам за крај дека до сега нема ни реакција ни запек, а му давам Биогаја редовно. И уште нешто, следете си инстинкт, како мислите дека е најдобро така правете, секако дека ние мајките му мислиме најдобро на нашите деца
Мајки синко е 18 неедели. Педијатарот ми рече да почнам со цврста храна од 19 недела. Синко е многу стрвен, не можам да јадам од него. Кога ме види дека јадам, а го држам во раце веднаш почнува да вика, ја отвара устата и ми ја влече раката. Вака интензивно ми прави скоро цела недела, претходно само ме гледаше и зинуваше. Му ја приближив лажицата ги отвори устата, ја тргнав и му ја ставив глодалката во уста, почна да олаче и да мафта, пак ја доближив лажицата се смири? Знак ли е дека му се јаде и треба да почнеме порано една недела или не? Сте имале ли вакво искуство? Баш се познава дека сака да јаде. Маж ми не ми веруваше, викаше дека само така си прави, ама сега се увери.
Така прават скоро сите деца а тоа не е знак дека е спремно да јаде.Впрочем тоа дете не е свесно што е тоа храна оно ссамо е љубопитно.
Најчесто чај му оставам како залажување кога треба на кратко да излезам, пошто не се одмолзувам. Пред излегување имаме убав подој кој знам дека ќе го држи додека ме нема, ама за секој случај ( ако ика или ако јас се задржам ненамерно) да има да го залажат. Не пие повеќе од 50 ml и не секој ден.