И јас ја мачкам со ова. Во Македонија ми ја препорачаа и оваа маст подоле али до сега ја немам пробано. Другарка ми се фалеше од неа.
Во секунда го смирува... Бар сега за сега, ако продолжи вака да дејствува ќе мора да се обезбедам со залихи
И јас сум задоволна од Дентиноксот, можам да кажам и повеќе од Осанит гранулите. Со кецовите Осанитот единствено заврши работа. После на ,,помачните,, Дентинокс не спаси.
Јас пробав осанит али не видов никакво подобрување па го уклучив дентиноксот. Сеуште нема заб сигурно непцата ја нервираа. Ја мачкам само кога е многу нервозна и си ја јаде раката. Ја купив Софка жирафата има изгледи дека ќе ја гриза. Сеуште е мала и не може да ја држи во рака сама али со моја помош и се допаѓа. Битно денес прв пат на глас се насмеа на Пикабо на нашки ѕеееее. Какво убаво чувство
Мојот до ден денес не е воодушевен од глодалки. Ни Софка ни Томче го занимаше. Абе тек ќе се топиш ти и нема да сакаш лесно да ја пратиш у градинка.
Леле и моево овие неколку денови колку е нервозно не се опишува, рацете во уста цело време, лигави многу и софи малку од малку е спас. Гриза нервозно да може ке ја изеде Јас пак купив гел Фризидерм за непцата, не знам колку помага, ке купам ако не од тој што кажувате да пробам со него. А колку често мачкате?
И моето исто, многу нервозно ги јаде двете раце наеднаш. А гледам нема испакнатини ниту бели точки за заби во устето... Имам јас Осанит, по колку даваше @duffi ? Ама и гелот да го земам штом го фалите...
Преку ден немал мојот мака, пред спиење ставам . Ама можеш неколку пати на ден. 4-8 8 давав кога ептен се гледа дека ќе пукне. Вака 4-5 само ако мислам оти е нервозен од заби. Само пред спиење. Дај прво 2-3 да немате некоја реакција алергиска.
Мајки до колку пати смее да се става Фризидерм гелчето? Сум ја фрлила кутијата. Btw некој што давал Сидерал, дали од него може да нема редовно столица (преку 1 ден) да е малку зелена? Завчера се случи така, денес нормална боја, само пред тоа имаше пак малче како опстипација зеленикаво.
И јас почнав да давам Сидерал, ради хемоглобин на долна граница. Ако приметам промена ке ти пишам. По колку капки даваш? Нас ни рекоа по 12
Мене ништо не ми кажаа, видов пишува по 10 јас давав 5. Имаше подобрување, ама ни продолжи др. и ми рече од 10 до 12 капки. Исто за хемоглобинот + хематокрит. Јас сама забележав дека има таков проблем , под очињата имаше како бледо сина линија, мене така ми се правеше во бременоста. Може е случајност со столицата, може дека пред некој ден ми вресна за млеко, а кај нас мора веднаш да се даде храна, иначе да може ќе ме истепа, па водата беше млака накај ладна.
Истото го минувам деновите. Добив на 7ми месецот, па и 3скок. Хаос. Не сака преку ден никако да цица. Навечер штом закенкува и се буди одма ставам града цица. Лудница.
Добив место од 1 година и 1 еден месец, тогаш и ќе почне. Дека ќе ја дадам од 6 месеци некому туѓ да ми ја чува - никад Дека ми треба помош ми треба.
Јас за в лудница ќе бидам уште малку, не спија ич синко, абе можело на секој сат да плачи ноќе и само цицка да го смирува ептен ми е мачно, цела сум подочници, 2 сати немам врзано таман фати цуцла, цел се вцрви околу муцето, до кај што стига пластиката црвен е се лупи, ноќеска не му ја дадов ниту еднаш, малку да оздрави, грев ми е таков да го гледам. Нервозен до бескрај со непцата, јас па го мачкам мн ретко со еден српски Гел за десни пиши со штрк е на сликата ама не му помага ич.
Ма ни во сон, ни во полусон ќе ја ставам заспана ќе завлече се буди и вреска. Ја заспивам со цуцла и нишкање гладна ја ставам на града менувам цуцла со града ќе завлече неколку пати и се буди со плач. Земав пумпа и градиве ги направив партал и пак на крај рачно молзам и така и давам мое и дополнувам со ад. Менструацијата па никако да дојде и филмови за бременост ме пукаат, мислам не е регулиран циклусот ова треба втор да ми биде после породувањето се пазиме неможе да е бременост ама ете..