Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Мајки сега бевме со синко на педијатар. Го измери и сосе боди има 6,940 кг. Пред 12 дена кога лежеше во болница го мереа и имаше 6,860, што значи дека воопшто не качил на килажа. Пред 8 дена излеговме од болница каде лежеше 4 дена поради спуштено на плуќа. Го приметувам веќе 2 недели дека не цица убаво ( само на доење е), кенкав е до бескрај, се буди навечер на помалку од 2 сати, ама ај препишував дека се должи на 4 скок, бидејќи кај сите читам децата биле такви во тој период. Си кака нормално 2-3 пати во ден, постојано си мочка, навечер 2 пати менувам ептен полни пелени. Матичната рече во ред е бидејќи во период од месец качил 600-650гр, но зарем за 10 дена ништо да не качи? Секако ми рече да му воведам цврста храна, но не поради некачувањето кг туку дека сум требала да почнам од полни 4 месеци. Видив дека не разбира ништо бидејќи ми рече да му направам прво каша од морков и јаболко заедно и секој нареден ден да давам нов продукт. Во Систина докторката ни кажа да почнеме со храна од 4 ипол месеци.
    Не знам што да правам, страв ми е да не ми е гладно детето па затоа да е кенкав? Но од друга страна гледам дека имам млеко,но тој помалку цица преку ден, навечер убаво цица. Што да првам, да му нудам ад или да почнам со цврста храна. Не би сакала да давам ад при мое млеко, но ако морам ќе давам. Што би ме советувале?
    Да напоменам му излегува и првиот заб, горна единица, само што не пробил, а има точно 18 недели.
     
    Последна измена: 13 мај 2019
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Зошто да даваш АД кога имаш твое млеко? Можеби му се собрало се на бебето, и запче, и скок, и тоа што сте биле во болница па затоа помалку цица. Не избрзувај да му даваш АД, би требало да е период што ќе помине :)
    600гр се супер за овие недели, нормално е да качува толку месечно.
    Навистина се чудам со препораките за дохрана од 4 месец ако бебето е на доење и убаво си напредува. Верувам дека нема потреба од каши толку рано.
     
    На Lolipop23, LoveHope и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Генерално за 1 месец е во ред 600 гр,но тие 600 гр се качени за 18 дена, а 12 дена нема качено ништо, 80 гр кои отпаѓаат на бодито. Страв ми е да не е гладен, ама сам несака да цица, ја трга главата а млеко сеуште тече од градата. Стварно не знам што дс правам, скокот би требало да трае до петок. Се надевам дека се ќе заврши тогаш.
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, секогаш се плашиме да не се гладни :)
    Ама ако е гладен, ќе плаче. Без разлика дека ти се чини оти послабо цица, тој си зема колку му е потребно периодов. Штом редовно си полни пелени, немаш причина за грижа :)
    Ете, почекај до викендот, скокот ќе заврши, можеби и забот ќе излезе па ќе видиш дали ќе има промена во цицањето.
     
    На Dina911 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    25.189
    Пол:
    Женски
    Ќе помине мајка трпение, во тој скок мене ми направи проблем со градата, ме болеше многу и цело време беше тврда, имав ТТ 38.5, 2 дена, се ова од што не цицаше убаво, молзи се после подој за да немаш проблем.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Затнато му е на синко носето,вака колку што гледам е чисто нема ни секрет ни мрсулче и е кемкав нема тт забележав само повејќе плунка во уста има му седи. Си цица нормално,капнав само ефнад физиолошки раствор. Има само 20 дена,да ставам физиолошки и по колку? Некако не ми се иде на педијатар се мислам од тамо кога бевме на мерење му е ова,без разлика што бевме кај здрави деца имаше еден куп за контрола што сигурно не биле доизлечени .
    Жал ми е кога го гледам;( како маче шмрчи
     
  7. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    ние имаме 4 скок не спие плачи станува секој саат да цица па после не сака да цица цуцлата ја трга ја става мислам ќе ја јаде градиве добив мастит пред една недела сега пак ме болат од молзење како се распрсвавте со овој најдолг скок:(
     
  8. Nalla

    Nalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2018
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мајки како се подготвувавте за седнување?
    Сам се исправува кога е во релаксатор и кога му давам раце се подига. На ортопед бевме на 40 дена и ни’ закажа следен преглед дури во септември на 7ипол месеци, па не знам дали има некои вежби кои ги применувате и полека подготвуваат за седнување?
     
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    И јас на почеток многу се плашев од тој затнат нос додека не сфатив дека кај сите е така. Јас и капки за нос уклучив тогаш од страв да не не диши. А оно да ти била нормална ствар.
    Значи стравот настрана тргни го, нормално е.

    Солени капки јас сеуште и ставам по потреба по една во секоја ноздра. Тие се и за прочистување и за отнување. Значи по потреба кога шмрчи како маче стави и.

    Преку ден можеш во едно тенџере на шпорет камилица да си врие на тивко да се инхалира и онака да де навикне на камилица бидејќи гледам сите препарати за заби се од тоа.

    Мајка ми ја масираше на врвот од носот кон веѓите со павличева за да лизга и тоа помагаше.

    Само од себе ќе се среди до 40 дена.
    Најстрашно е кемкањето на почеток со ова шмрчкање со отворени очи спиев. После и се навикнуваш на дишењето и кемкањето и ја слушаш во сон.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    И малава голем проблем со непцата. Неколку дена многу лошо спие навечер, прета со раце и со нозе онака нервозно ја врти главата лево десно јас не можам толку брзо тоа да го направам. Има ли кај некој исто валво однесување преку ноќ?
    Не се буди туку мава со рацете по јорганчето и прета со нозете како да ја штипе некој. Продолжува да спие за 20 минути пак. Тоа трае некои си пет минути и пак заспива. Не и е жешко гола на боди само спие склет дете е.
    Кемкава по цел ден иначе. Ниту сака да се врти ниту да лази. Ниту играчки сака. Само цртани и да лежи или во раце. Бицепс и трицепс сум направила да идам на некој натпревар со бодибилдериве :)

    И од два саати цицање намали на еден. Дефинитивно до одбивање нема да зголеми. Ја дојам со затворени очи, главата ми е потпрена на рамо и така спијам.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски


    Е што ти значи искусна мајка:D
    Фала мајкааа не си свесна колку ме смири:hug:.
    Раат да не е човек:?:. Т.е морам да се соземам да си фатам ред да не изигравам миле паника(facepalm).
     
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Да те поправам, тазе мајка далеку од искусна. Како мува без глава сум се ми е ново, среќа не се плашам многу некако храбра сум да си ибам векот :D Се се раководам од инстинкт. Затоа и стативи колку сакаш досега.

    Само пресно ми е и паметам, прашај ме за пет месеци нема да знам.
    После три месеци пренеси и на следна како нас да не му става капки за нос на десет дена бебе.

    Се караш ли по дома? Тоа е најјако први 40 дена како права лудача во бела кошула низ соби :)
     
    На lackygirl, TeddyGrey и Happyinlove им се допаѓа ова.
  13. Sandrin4

    Sandrin4 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.198
    Пол:
    Женски
    На 5 месеци ја седнував по малце во количка и во релаксатор, ама не ја форсирав. Во ред и беа колковите, ама ортопедот ми препорача дека треба сама да дојде во седечка позиција од лежечка, и тогаш е веќе спремна. На 6+ месеци почна сама да седнува. Стави го на под бебето да ојача мускулатура.
     
    На Nalla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Да да мајка,си лудуваат и кај мене 40дневните хормони,ми сметаат многу работи од маж до стан. Се нервирам што не давам никој да ми помогне ококу бебе,а кога неможам да се исправам и од рез и од спинална е тогаш летаат и мајки и шајки по маж,мајка,свекрва.
    А не дека нешто немам доверба,ни сама незнам зошто не сакам помош|(.
    Море не од порајѓај јас сум нервно попуштена од 8ми месец,кога мислев дека мм има швалерка:x(facepalm) епизоди.
    Имам некое пореметување,па го набљудувам до детаљ секој покрет на бебе,зошто трепка вака,зошто прди 5 пати... не чинам:shake::D

    А да и првата недела дома отеков од плачење дали правам се правилно,дали е чисто,дали рацете градиве и се околу е чисто,дали ќе можам да го заштитам или ќе му наштетам. Но ја пројдов таа фаза:wasntme:
     
    На FreeMind и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    Ми звучи на некој скок.
    Еве од мене тазе искуство со забиве(пред 2 дена се појавија долните 2 запчиња:dance:)
    Една недела пред тоа беше само на моменти раздразлива ама не нешто претерано.Не ставав никакви гелчиња.Си јадеше нормално.(Баш тогаш почнав со вкусови и до денес ниеден вкус не сака, ни благо ни солено.)Две ноќи пред да пробијат се будеше 3 пати место 2 пати ноќе.Баш приметив како и горното и долното непце и се набабрени насекаде, не само кај предниве заби,ама мислев рано е.
    Е од кога се појавија првите боцкички( многу слатки) стана понервозна дење и почнав да користам дентинокс наутро и навечер.Кенка, жирафата ја тегне како да ќе ја скине, се што ќе и дојде до рака фрла колку може подалеку, и така.Еве веќе трет ден и убаво се гледаат во устето.
    П.С. 5 месеци и 3 недели сме.
     
    На karak, happygirl, Dina911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nalla

    Nalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2018
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    @FreeMind За цицањево само ме чудиш, иначе во се друго се пронајдовме.
    Рацете изедени до лакти.
    Глодалките го прават страшно нервозен како да сака да ги соџвака и јас бетер се нервирам пошто тие за смирување демек се:sweat:
    Навечер се треска со раце нозе глава, со се од душек , па на саат време се тапкаме по газе за да презаспие (препишав на скокот).
    Вие барем цртани гледате. Пробав денес да му пуштам-како да нема ТВ во собата, не ни погледна. Плаче и се смее во исто време, глумачка школа холивудска.
    Само од цицање на саат време, стигнавме до 3,3ипол саати (навечер 3 пати цица)
    Сега е најново дека освен цуцла, веќе ни шише не сака, измолзено млеко можам да заборавам, вчера на свадба бев 1 саат само и трчанката дома со штикли во рака.
    Преку ден можам да го остаам на било кој, ужива и не ме бара. Дојде ли 9ипол за спиење, се активира аларм за цицка и мазење и заспива одма. Ме зирка да провери дали сум тука од време на време и со тоа официјално можам да заборавам на секаква активност од 22.00 освен форумов и по некоја социјална мрежа8-|:whew:
     
    На happygirl и FreeMind им се допаѓа ова.
  17. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    И кај мене е исто спиењето, едно што касно заспива, накај 12 го фака, првиот сон го спие мирно докај 2.30, е веке кога ке се разбуди мрда прета и со раце и со нозе, главата што викаш толку брзо ја мрда што не можам да го дофатам, де на една де на деуга страна, а спие не се буди, ама не можам јас да спијам дека со мене е на спална. Јас спасот го најдов во повивање преку раце со една тетра пелена, само така продолжува мирно да спие. Еве го сега “врзан” уште спие :) татко му се лути ама нема друго чаре :)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    2.5 месеца сме, бебка веќе втора ноќ не се буди за цицање. Вчера кога станав во 6 срце ми застана кога видов дека не станала за цицање, срипав од кревет, гледам во креветче дали дише. Дише бебка, ја земам во раце, земам топломер и ја ставам на града. Цица без проблем, температура нема, се е ок, после цицаше во 9. Морав да излезам им оставив измолзено млеко 80мл и го дале кај 11. Си дојдов кај 1.30 и одма на града цицаше без проблем. Кај 4.30 и давам да цица, плаче бебе вришти нејќе да јаде. Па ајде нишкај да фати града во воздух да поцица па да седнам. Тоа од плачење ќе се засркне па ајде пак јово на ново. Од јадење на 2.30 часа дојдовме на 3.30 часа и тоа со плачки. Синојќа цицаше во 9 па пак 10.30 и спиеше се до 4 часот кога јас ја разбудив да цица. Па во 7 часот пак јас ја разбудив да цица. Преку ноќ и сабајлето не плаче кога цица а преку ден подоите вришти мислиш ја колеш.
    Се лигави многу, раце во уста, цуцла во уста, шише не сака многу, гледав да не има афта нема ништо. На непцето има бела линија ама кога проаѓам со прст не реагира значи не ја боли ништо. Как увцето ја чепкам и под увцето ништо не реагира само се смешка. Од 9 сабајле го почнав постов и до сега два пати цицаше, еднаш со плачки 5 минути еднаш 10 секунди. Јас стварно не знам што и е.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.317
    Допаѓања:
    42.549
    Пол:
    Женски
    Ако ти напредува убаво, не ја буди ноќеска. Да не е во скок во развој?
     
  20. aceee99

    aceee99 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.150
    Пол:
    Женски
    Mojava e taka od 6 nedeli koga napravi kako sto treba ja nemam nacicano sve so vristenje piskanje mislis ja kole nekoj,nz dali saka da se odbie ili sto nz,a noke si cica bez problem i me cica cesto kako sto cicase 5 6 pati vo denot od sabajle du 10 navecer i so sila i toa