Не те карам. Само џабе се нервираш. Ќе се врати на старо. Допрва ве чека и sleep regression. Ама и тоа ќе помине.
Се смеaм тaкa,не зaмерувaј aмa ствaрнo пишувaјќи си рекoв Анкa дa не ми пише Абе чoвек,итрo бе,рaзбирa. А тек пoчнувaме дa се гледaме и учиме. Сегa 4ти скoк нa пoвидoк. Требa и регресиите дa ги нaучaм и исчитaм.
Не знам кај да прашам... Синоќа ми дојде прв пат после бременоста. А баш сакав да не ми доаѓа во скоро време, ама тоа е Бебо е 5+. Дали приметувате разлика во доењето тие денови ? Или во однесувањето на бебето? Да знам дали да очекувам некои промени кај него ..
Со првото да, имав мака, оти ми дојде точно месец после породување. Ама тогаш уште не беше воспоставен лактација, помалку млеко имав, бебето секако плачеше поради грчеви... а со второто немав никаква мака, оти ми дојде десет месеци после породување. Не мора да значи дека ќе има некакви промени кај бебето, ниту пак во лактацијата. Кај некои жени е забележано намалување, ама не е драстично.
@Annath ај види ги резз дали да носам бебе н вакцина. Пишав и во др теми посоодветни не добив одговор
Не се лоши, мада може да укажуваат на вироза. Мислам дека до одредена возраст е нормално да се покачени лимфоцитите кај децата, ама ме буни што се гранулоцитите ниски, ваква комбинација укажува на вирус. Има детето некакви симптоми? Иначе ок е крвната слика, нека ја прегледаат убаво пред боцкање.
Ми поткашлув и поткивнува. Бевме вчера кај матичната и рече чиста е и нема црвено грлце. Но потоа направивме крвна слика и и мене ми изгледаат како за полесна вироза или настинка. Мада и на 3 м и беа слични и таа во советувалиштето рече дека за бебе биле нормални. Затоа реков да прашам поискусен. Во секој случај ќе го пуштам мм кај матичната. Да не мешам за џабе дете со деца ако не и даваат вакцина.
Ана ова sleep regression кога е? Оти моево веќе 2 недели не спие ноќе на секој сат станува, немам веќе сили Иначе почна 10тина дена пред направи 5 месеци, сега 5 м и 5 дена
Почнува некаде после 4, 4 и пол месеци, обично заедно со скок иде комбинирано. Различно трае кај сите, само живци требаат. Првото ептен ме измачи, второто не го осетив да помина низ ова. Ама реално, со второ е полесно, барем мене ми беше, посмирена бев и ептен опуштена, па можеби и бебето беше такво. Породилното си го сфатив како еден продолжен одмор, буквално. Затоа можеби бев толку опуштена.
Некаде околу 4 скок. Мојава ја држеше скоро до 6 м. Дури сега се враќа во нормала. Инаку си игравме во 3 наутро.
@Annath таман сме значи. Смирена сум колку што можам, прво ми е. А дали после ова повеќе ќе спие?? Ваши искуства? Ноќеска од 4 до 6 ми кажуваше нешто зборуваше значи тоа е и кај нас, а скокот кај да е др недела ќе почни, сите скокови ги осетивме ние, страв ме фаќа искрено
Како што било претходно, пред да го фати скокот, барем така беше кај поголемово. Ама генерално, додека цица, ќе се буди ноќе, некогаш на саат време ќе станува, некогаш ќе сврзува повеќе часа. До детето е, нема правила.
Моево си стануваше и пред тоа на 2-3 сати за цицање, значи нема спиење во скоро време нека се здрави живи само
Ве молам, да ми предложите нешто добро од нашиве аптеки за непцињата што го мачат? Нарачав осанит и дентинокс од Германија ама додека да стигне за две недели мислам дека ќе оболиме двајцата
Бруфен можеш слободно. Кафетин не се препорачува мислам. Едит: Да не те збуниме со Ана сега гледам дека е чист ибупрофен. Мислев има уште некоја компонента. Значи исто е . Напиј се слободно.