Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Се прави тоа перниче, јас немав такво, ама тетра пелената ми заврши работа. Затоплена со пегла, ја ставав над бодито, и после нормално облечено детето, да ми лежи на подлактицата со мешето надолу. Се надевам дека сфаќаш за каква положба ти зборувам. Мојов одма се смируваше така, и си заспиваше без проблем.
     
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Да,да разбирам. Фала ти.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Моето е моментално само на адаптирано. Вода му давам околу 20мл во текот на цел ден..
    Чаевите се полни во шеќер во ред тоа.. но моето бебе не се смируваше од ништо друго туку само од чајот од бекутан од сладок анасон. Пробавме со се што постои за грчеви со еспумисан, со коли бе, со чај од ким, чај од коморача, со затоплување на мешето, со термофор... ги купивме буквално сите чаеви од хипп и единствено што ни помогна беше чајот од сладок анасон од бекутан. Моментално не и давам чај само вода.. сакав да кажам дека кај сите деца за грчеви помагаат различни работи.
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Ништо да не те чуди cecilia , на моја братучетка исто Педијатарот и препорачал од Хипп да премине на кравјо млеко , кога малата беше 3 месеци :nod:
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    :) Јас откако почна да јаде цврста храна и нудам вода ама не сака, ја плука, во ретки случаи пие по 2-3 голтки. Претходно беше на ексклузивно доење. Чаеви не давав од истата причина како и Annath, бебешките чаеви полни се со шеќери и не гледам некоја корист од нив. Сега кога пијам јас пример чај од камилица и давам да проба и повеќе од една-две лажички не сака. Сокови исто не сака, ама и не ја форсирав многу, подобра варијанта ми е цело овошје.

    Како што кажав се консултирав и со стручни лица, ако цица бебето не е загрижувачки што одбива да пие вода, друга приказна е ако е на АД.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Ekaterina, ни мојов не сакаше чај и сокови додека не почна во градинка. Воопшто не ги пиеше. А за вода немавме проблем. Дури кога ќе одевме на гости некаде, го нудеа со сок, не сакаше. Па се чудеа како може дете да не сака сок. Така фино, не сака, ама затоа овошје тамани ко да не видел. Сега пие и цедени сокови, и чај дома каков што ќе му направам, засладен со мед, не со шеќер. А како бебе, му давав превриена вода со неколку зрна ким, тоа му беше нешто како чај, оти мојов беше на цицање плус дохрана.
    Сакам да ти кажам, има време за сè. Ако е мало, бебето/детето си знае што сака и што му треба ;) ако ви помага чајот од анасон на Бекутан, пијте, што да речам. Јас не давав и не би давала да имам сега мало бебе.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    на мм прва братучетка, сега е 7 години, е порасната со битолско, и тоа уште од 15 дена, мајка и немала млеко, друго млеко никакво не сакала, од ад, ги повраќала и виделе не виделе купиле битолско и тоа го прифатила, па сега е супер девојче... значи секое дете е различно
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.386
    Допаѓања:
    262.034
    Пол:
    Женски
    ^Исклучоци има секогаш, јас познавам девојка која пораснала со сокови бидејќи мајка и била во болница а таа не сакала да пие никакво млеко ни ад ни кравјо ни оризова вода буквално ништо. Ама тоа не е причина сите децата да ги растеме со сокови.
    За водата и доењето се согласувам со Annath вода на доено дете нема потреба да му се дава. Јас го слушав мојот педијатар и се обидував да и дадам вода со лажиче, понекогаш и од чајот на бекутан со шприц ама не сакаше баш ништо. Поголема доворба треба да имаме во бебињата иако се мали мислам дека понекогаш подобро од нас знаат што им е потребно и крајно време е да го искачиме мајчиното млеко на пиедестал каков што заслужува.
     
    На JuLleE, Annath, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Се советував со педијатар какво ад млеко да му давам на малиов(8м) кога ќе тргнам на работа за две недели
    Ми рече: сите ад млека се хемикалии и прашаци ( јас верувам во тоа) ми предложи да ми давам битолско кравјо млеко 2,8 ,% некое време да го разредувам со вода 50-50 а потоа чисто
     
  10. B.I.M.C

    B.I.M.C Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Мислите дека битолското млеко е чисто млеко???, жално е тоа колку е мал процентот на право млеко и во нив, се е сега прашак и хемикалија, така да нема веќе како порано здрава храна да не се лажеме, и од крава измолзено па ќе се запраша човек, какво е млекото, со каква храна е хранета и ред други работи. Немој да ме сватите погрешно, не сум и јас за адаптирано млеко односо хемикалии и прашак, но ете ја немаме сите таа срека да си ги доиме малечките, јас моето го доев до 5 месеци, со дохрана, што се не направив за да имам повеќе млеко се што слушнав испив, се трудев дење ноќе го држев на града, но се одби сам, еве и јас сум еден пример на не доено дете родена сум 1981 и сум без ниту една голтка мајчино млеко, на прашак сум и јас, па пораснав, и сум фала богу здрава, права, и како викаат дека тие деца не се интелегенти, напротив завршив и факс и на мои 30 год станав адвокат и се по ред.
    Поентава на постов ми беше дека веќе нема здрава храна освен она што сам ќе си го произведеш и ќе знаес што си ставил и како си го одгледал, малку офф топик се надевам нема да замерите. Симона на фб има група СОБА ЗА ДОЕЊЕ прашај таму како да го чуваш мајчиното млеко, ако веќе го имаш.Пооззз мамички
     
  11. B.I.M.C

    B.I.M.C Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Симона, иначе законски имаш право на пауза од еден саат, засметана и регуларната пауза од 30 мин, значи 1 саат и 30 мин, кои доколку си блиску до работата можеш да ги користиш во текот на работното време, и да одис да го надоиш малото или пак можеш да си одиш еден саат порано од работа, се е договор со фирмата каде што работиш. Прашај си на работа. Поззз
     
  12. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    да си прашам јас нешто запировчево мое. Стари сме околу недела и пол, и цицаме, ама не ни стига тоа млекце и + сме на дохрана, со ХИПП 1 , е сега, бебчето ми се роди 2800, значи помалечко , ко ке дојде време за јадење ке поцица малку, и + ке испие од хипот може едно 70мл, и после саат време пак бара за јадење, синоќа останавме од 3 до 5 се тегаевме.Не сакм да му давам количински многу бидејќи е малечко и ми е сттрав, ама ко ке науми тоа не спие брате па утепај се ти од молење.

    Сакам да знам дали и вие давате толку храна дека на паковката од хипот си има доза за бебиња а моево ја прекорачува :^)
     
  13. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337

    И јас го имав истиот проблем. Моето додека почна да цица додека ми дојде млекото ми прекина и не знаев колку да му давам од адаптираното. Среќа го имам најдобриот педијатар на светот па вака ќе ти кажам... моето бебче беше старо 2-3 недели и пиеше по 90мл адаптирано на секои два саати.. Јас не сакав да и давам премногу и се водев по напишаното на кутијата ама по консултација со педијатарот му давав исто како да е на цицање кога и да посака... батали тоа што го пишува. Давај му кога сака и колку сака. Јас се водев по кутијата и бебето ми какаше зелено, постојано ми беше гладно и нервозно. Иако е вештачко давај му кога и да посака ако не стига твоето млеко. Има некои кои немаат млеко ако се водиме по кутија децата постојано ќе се гладни... моментало има 4 месеци според напишаното на кутијата таа треба да пие 150мл на секои 5 саати а таа пие 150 на секои 2 и пол до 3 саати... детето не смее да ти биде гладно никогаш!
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    120
    Мамички, на синко денес му протече крв од папочето :sweat:
    Има ли место за паника ? Нормално ли е ? Треба ли да одиме на доктор ?
    Ептен ме загрижува :sweat:
     
  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    на моето му падна папочната пред 4 дена, од тогаш кога ко капаме на бањарчето забележувам капки крв (2-3) , и некогаш на пелените, ко бевме на редовна контрола ни рекоја дека папочето е во ред.
     
  16. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    120
    Значи не е ништо страшно.
    Душа ми извади :whew:

    Инаку и на моево му падна папочната врвца пред една недела, ама до сега не видов крв :?: Само денеска му протече, за да ме исплаши ]:)
     
  17. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    и јас бев така на почетокот, после 20-тиот ден почнавме само со хип бидејќи снемав млеко, и си пиеше по колку сакаше, не го ограничував воопшто, на 2 месеци веќе пиеше по 120 мл. затоа и ти станува толку често за јадење, бидејќи млекото не му стигнува, моето после тоа кога почнав само со хип стануваше секој саат, саат ипол, некогаш и по два, штом осетиш дека повторно станува брзо, зголеми му ја дозата, тоа само ќе си испие толку колку што сака :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Јас не би советувала да му се дава ад млеко на бебе секогаш кога ќе посака. Количината само ќе си ја одреди, ама се знае дека е препорачливо на 3 часа да се дава, како што си пишува на самата амбалажа од млекото. Два и пол до три часа растојание меѓу оброци од ад млеко е одлично. На пола саат, саат не, оти сепак ад млекото е кравјо млеко, потешко е за варење во бебешкото стомаче. Butterfly.mk ако малото после саат време од ад млекото плаче, не значи дека плаче од глад, може му треба твојата близина. Уште е мало, во периодот од првиот месец-два се навикнувате едно на друго и нема ред во јадење и спиење. Пак ќе нагласам, не мора да значи дека е гладно, може му треба мајката, има грчеви или нешто трето е причината, а не секогаш глад, како што сите се научени да кажуваат кога мало бебе плаче. Плачот му е начин на комуникација, не знае поинаку да се изрази, и не е секогаш решение да му се бутне шишето со млеко во уста.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ако пиело бебе АД млеко нема шанси да е гладно после пола саат. Неможе толку брзо да го свари тоа затоа и е препорачано на 2.5-3 часа да му се дава.
    Во право е Annath, не плачат бебињата само затоа што се гладни. Па бебе е нели, тоа му е работа.

    Јас имам прашање за икање кај бебињата.
    Имам прочитано дека на бебињата затоа што икањето е константо и не можат да плачат тогаш не им пречи да икаат. Ама јас појдувајки од мене гледам кога икам ме иритира многу.
    Што правите кога ика? Му давате вода или нешто друго, или го оставате да си помине само од себе?
    Размислував за ова затоа што ја гледам другарка ми неколку пати како и дава на малата (2 месечно бебе) сок од лимон.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    при секое доење или ранење со АД мледо ,малиов ми повратува по малку од вчера наваму, ко ке поврати пак бара за јадење и така во круг ... има нешто штета доколку му давам или ... да почекам малку да се смири, пред 2-3 дена јадеше по мнгу, а сега по малку и тоа го повратува ..