Не знам каде грешам. И паѓаат очите заспива за две минути ги отвара и врти со главата лево десно прета со раце и нозе и пак одново процес на гушкање, нишкање, пеење, звуци, итн. Гледам секоја вечер да биде различно успивањето и ја чекам скроз да биде уморна. Ама ни тоа не помага. Порано спиеше во галама дега во апсолутна тишина. Да крцне врата рипа веднаш.
Ние сме 5 месеци и 3 недели.Јас почнав пред 2 недели ама само по потреба.Досега може 5-6 пати ја имам намачкано. Мислам дека можеш и од 4, еве и други мајки веќе го користат.
Мене потешко ми беше кога различно се успивавме навечер, кенкаше, се будеше.. сега секоја вечер помеѓу 9 и 10, зависи како е расположен, облакаме пижами, пелена нова и во спална со пригушено светло на града, за 5 мин е кома. Мојата мака е дека не можам да мрднам од него чим заспие.. Муабетот ми е, можеби полесно ќе и е ако си имате некаков ритуал, секогаш пред спиење, па да знае дека дошло време? Преку ден да не спие многу? А и мислам дека кога ќе ни помине на сите тука 4тиов скок ќе се препородиме.
Како јас да сум го пишувала ова, 5 месеци и некој ден сме, исто го лажам со томи типи шишето за да фати цицка, едвај цицаше овие неколку денови, дури и тежина не беше качил како што треба. И јас мислев да не немам млеко зашто едвај со плачки факаше да цица, ама полека се врака на старо изгледа
Девојки малиот за 10 дена ќе полни 2 месеци.Денес 4ти ден како не е какан(втор пат се случува ова).Знам дека се случува тоа но сепак ме загрижува,и кога прди навистина многу лошо мириса.Оваа недела и грчевите му се поинтензивни.Што да правам како да му помогнам.Инаку давам Биогаја и Еспумисан,а исто така и му го масирам стомачето.(Да кажам и дека сме на доење) Ве молам за совет и искуство
И јас тоа се прашувам, каде грешам. Како да му помогнам побрзо да заспива. Иако последнава недела е подобар, не плаче толку ми се чини. Кенка, ама не вришти ко претходно. Тоа со ритуалите го тераме, го облакам во пижами, доаѓам в спална на темно и тивко, го ставам на града, нишкам... И некогаш се ова е џабе, пак плаче и почнува кругот одново Го изморувам пред спиење, се смее на глас, прета со раце и нозе, активен е, и не му давам да спие после 19ч. Еве сега заспа за 15мин, а пред 3-4 дена му требаше саатипол дури.
Многу е мек силиконот на цуцлата на томи типи шишињата и баш е некако сличен на градата, на авент на филипс шишињата покрут е силиконот, моево има фатено шише и пие од различни, ама кога плаче и не можам да го залажам за цицка томи типи ми е спас
истото ни се дешава и нас навечер цица дамо во сон денски не сака да цица измолзувам пие од шише ама не сакам да се навикне чекам да спие па да го дојам по малце ми е страв да не ми се намсли млекото само се молзам овој бил најтежок скок дефинитивно дали ќе се вратат на старо да цицаат нормално
Имам пишувано и порано на темава, мене малата ми е ваква од после 40 дена, па до сега, еве денес прави 4 месеца. Максимум беше 7-8 дена помеѓу какања, педијатарот рече не е страшно до 15 дена кај бебиња што се само на доење се додека кога ќе искака нормално течно златно жолто. Капки давав едно време за грчеви, и кога давав и кога не давав исто беше. Вежби правев од старт и сега редовно чисто бидејќи ги сака и и е забавно. И така теравме скоро 3 месеца. Сега последно не беше какана 12 дена, и бидејќи секако планирав на 4 месеца да почнам со цврста храна (само чекав да помине контролата), и дадов сок од круша, следниот ден и каша. Се искака 4 пати. Вие сте премали за да му дадеш нешто вакво на своја рака, ама сакав да ти пишам за утеха, дека е нормално и има еден куп деца со истата мака (по сите форуми што ги следам). Наједноставно е да пробаш да јадеш потечно, пченица, слива, се што ти ги стимулира тебе цревата, би требало да му делува и на бебето. Ако гледаш дека се напнува за какање, можеш со топломерче или чепкалка за уши натопена во павловичева сосема малку да го стимулираш во газето, како чепче. Ги тера да напне поише и би требало да искака, ако случајно има запек (што е исклучително ретко на доење). Јас еднаш успев така, вториот пат кога пробав искочи многу малце, и едноставно баталив. Според тоа што читав, мајчиното млеко се искористува сосема и затоа нема што да се исфрли. Треба многу денови да се насобере доволно за една полна пелена. Ако се мачи, го стега стомачето или ако се искака било што друго освен течно златно жолто, консултација со педијатар. Инаку не е ништо страшно. Јас малата не ја однесов специјално на педијатар за ова, само спомнав на докторката кога бевме на контрола.
Фала ти многу мајка на одвоеното време и исцрпниот одговор Утрово се искака малиот нормална златно жолта столица.Мене почна да ме загрижува непријатниот мирис при испуштање на гасови,си велам кој знае што му се дешава во стомачето,но еве добро е.Како што кажав и претходно знам дека е нормално и се случува така по неколку дена да не кака,но сепак сакав мислење
@Spidy @***Najsrekna*** na maliot moj mu se regulirase stolicata koga pocnavme so vkusovi probuvanje. Od 4ti do 5ti mesec koa bese od sto imase zapek u rok od mesec dena samo 3 pati bese kaka . Zatoa pocnav so nepolni 5 da mu voveduvam vkusovi i sea dnevno kaka minimum ednas.
На различно мислев една вечер раскажувам приказна, една вечер звуци, потоа со играчка, со филхармонија концерт, итн. Иначе се во исто време во 19ч е бањање и правец во спална време за спиење. Последната дремка и е во 17ч. Ако повторам исто секоја вечер да речеме приказна уште толку не заспива. Денес точно 15та недела. Во книгата стои дека во овие недели треба да се стимулираат бебињата за да не ни бидат напорни. Значи се зема бебе и едно пенкало и ги учиме звуците низ станот како звучи шише, како хартија, стакло, итн. Потоа и давам различни материјали и фигури да допира. Секој ден нова игра воведувам. Денес прошетка со ново ниво на количката полуисправена досега беше легната. Одење по продавници со различна светлина и гласови од луѓе. И се што може да ја стимулира и заинтересира во овој период. Досега успева. Јас сум уморна али барем не плаче.
Знаев дека ќе биде така, еве денес полни 4 месеца и пред два дена дадов круша. Првиот ден какаше 4 пати, вториот еднаш. Малце порано од планирано почнавме, ама барем помага.
Дефинитивно сите го минеме тоа кога мислеме дека немаме млеко. И мене не ми се секогаш тврди градите па се нервирам, но кога ќе почне да цица си голта убаво па со велам ваљда е ок. Инаку не знаев дека ќе бидам ваков миле паника кога ќе имам дете . Еднаш тука пишував дека се нема какано 2 дена дали е нормлно. Е сега 3 дена по ред как по 6 пати на ден, жолто златно е, некогаш меко, некогаш потечно, сега тоа си велам дали ова е нормално? Мислам ништо не и останува што јаде, дека се исфрла. Аии само да се нервира човек. И во врска со успивањето, како ги успивате во раце или? Ние цицаме и задремуваме, ја оставам и кенка, па мора во раце со нишкање. А ич несакав така да се учиме, но не било ние како сакаме
Нормално е нека кака мојот до 4 месеци кажеше по 7-10 пати во денот па 9кг беше на 4 месеци. Ова со градите меки и кај мене се такви од 2 месеци сега сме 5, значи лактацијата е воспоставена, тврди ми се само некогаш на сабајле ако не цица поќе од 3,4 сати се јаки а до 4 и пол месеци бевме на ексклузивно доење. Е ова со учењето в раце сите изгледа сме исти, сите така велиме дури не ги родиме, после тие се главни, тие ни свират ние играме.
@paleska3 кај мене сеуште кака преку пет шест пати на ден и има околу 8.5 кг. Да ја заспивам со нишкање не можам искрено. Тоа да може на почеток али после е многу тешка навика. Мајка ми се обиде така да ја успива јас веднаш ја превоспитав поинаку. Сега заспива на кревет со гушкање.
Ќе мора да бидам упорна да видам дали ќе ми успее. Но почнува да вришти кога леже а и се спие веќе и незнам што да правам. Особено сака наопаку да ја држам со раката на меше, сеуште не мачат грчеви, па си се тешам дека заради тоа така бара. Добро е, барем за какањето да не се нервирам