Ова со нишкањево за заспивање само треба да биде човек упорен. Знам дека е тешко како мајка да слушаш како бебето плаче, ама за кратко време учиш кое плачење за што е. Кога плачењето и е повеќе луто, значи си е најадена, пресоблечена и само се нервира зошто и се спие, ја оставам да плаче. Кога е време за спиење, може да ја подржам во раце и да пеам, ако не задремува за 1 минута ја спуштам. Најчесто плаче некоја минута и заспива. Буквално плаче за спиење. Еднаш имаше луда вечер со плачење со саати, и кога се откажав дека не можам да ја смирам, ја оставив во креветче. Вриштеше 5 минути, со крокодилски солзи, и си заспа сама. Од тогаш сум решила дека ќе заспива сама. Може во моментот кога плаче ми е тешко, ама кога знам дека сама заспива за некоја минута а јас ќе ја нишкам може пола саат (и на крај не можам ни да ја спуштам, па ми преспива во раце), па ќе издржам колку треба. Сега е мала, а кога ќе одам на работа или ќе тежи 15 кила кој ќе ја думка?
Бебо синоќа цела ноќ ја преспа свртен на страна. Го враќав на грб, и упорно во сонот се вртеше на страна, и така го оставив да спие. Се разбуди само еднаш за цицање. Од која возраст спијат на страна бебињата? Треба ли да му дозволувам вака да спие или не?
Па со тек на време сами почнуваат да барат да се успиваат на кревет. Со гушкање или сами. Јас не гледам поента да го оставам да вреска. Многу краток период е држањето во раце иако сега ти изгледа напорно. Еве го моето скоро 15м сака да заспива легнат, а до скоро сакаше думкање. И си го думкав. Додека трепнам и на школо ќе почне.
Здраво мајки Возбудена сум што прв пат пишам овде Сакав да ве прашам кога прв пат им ги сечевте ноктињата на бебињата?
Хепи остави го да спие како сака. Јас од 2м на стомаче го оставав. Ден ден спие вака. Кога видов дека се мачи на грбче, прета , крева нозе, сфатив дека не му одговара. Не се сите исти.
Мојава спие на стомак цела ноќ. Со нас си спие и ако не заспива на цице, тогаш сака и двајцата да легнеме до неа и така си заспива. Ако маж ми не е до неа одма го вика да легне, или јас исто, и така гушната со двајцата си заспива
Моево има само 4 месеца па веќе го доживувам моментот како пребрзо расте. Ама јас лично повеќе се плашам од тоа на 2,5 па и 10 години да не сака да спие подалеку од мајката, бидејќи знам многу такви примери. Кога е будна и активна јас максимално и се посветувам, за да не ми е криво понатаму за изгубено време. Но, времето поминато во думкање или до детето додека спие го сметам за изгубено. Знам дека не е така за секого, и одлично за мајките кои сакаат тоа да го прават. Сакам да кажам дека гледам бенефит од тоа да ја оставам да поплаче, и секоја мајка која е спремна тоа да го прави иако е тешко ја поддржувам.
Цвеќенце се породи ти ајде нека е здраво и живо бебенцето, големо да расти, одамна не сум ја отворила темата изгледа јас му ги сечев од 2 или 3 недели, ќе си видиш сама, кога ќе му пораснат тогаш
Мојов се роди со едни долги нокти,па на секое бањање кога немаше нараквичиња се праврше пуздер на лице,нон стоп беше со нараквичиња и првата недела кога помина патронажна ми рече одма сечи ноктите да може да си распознава преку рачиња да те почуствува и тебе и така си земав додека спие полека полека на 1 недела му ги исеков. Но многу брзо му растат
Добредојде На мојава сами и се дереа, па јас само и ги поткинував. И ден денес некогаш така и се задеруваат, па само ги докинувам. Инаку татко и е задолжем за сечење. Сечи секогаш кога има потреба ото лом ќе се направи.
Времето поминато во думкање е гушкање. И не е изгубено. Сепак ти си мајка и знаеш како со своето дете. А прибрзаноста не зависи од тоа. Јас думкав, па не е лепенка со мене. Ужива и со бабите.
@lackygirl даа утре една недела правиме фала да сте живи и здрави @Happyinlove @Milaаа991 и ова се роди со долги ноктиња и одма почна да се греби на лице, па без нараквички нема шанси а ми е жал веќе се сака да фати ке ги чекам и јас патронажните па ке сечам.. Фала ви женски
Сечи ги штом се долги ноктите, не чекај да дојде патронажна. Полесно е дур се вака бебиња, после борба ќе водите.
Добредојде цветче, Мојата се роди со многу големи нокти и како си дојдовме дома одма и ги исечив. И сега многу брзо растат, на 4-5 дена сечам ноктиња.
Која апликација ја користете на мобилен за развој на бебе? Незнам дали постои скок во 7-8 недела но малава денес ич не спие. Преку ден 2-3 кратки дремки од 20 мин. Едвај заспа во 12 ноќта, стана во 2 и 15 и еве уште не сме заспани. Во меѓувреме два пати цица. Незнам како може да не и е потребен сон воопшто
Кај нас ноќта е силно светнал ден,како аларм на 2 часа,ако не и порано со врескање станува цица,си кажува нешто прави гримаси,бљуцка...а преку ден е кома,го држам буден колку можам светло држам,галама,тв пуштен но него не го допира си спие дури на 3 и пол саати бара да јаде. Ајде жолтица поспан ама па ноќе не делува жолтицата?. Како научивте ден/ноќ? Уште некој ден 4 недели сме Или можеби мисли во австралија е роден?
Е кај нас ни преку ден не спие. Особено овие две недели, пред тоа знаеше да преспие еднаш по 2 часа и еднаш саат и пол. Не ја научив никако, сама почна колку толку да преспива навечер. Првиот месец и ноќта си беше будна по 2 часа на секое станување. Стварно е исцрпувачки кога сакаш нешто да го научиш, да фани некој ред а никако не оди. Едино што сменив е да не менувам пелена на ноќно станување, само кога ќе осетам дека е покакана. Еве синоќа беше и морав да и сменам и затоа тек после 2 часа и 2 цицања ми заспа пак.
Мало е 4 недели, после 2, 3 месеци ќе си фати ред, а и секое бебе е различно, моево 5+ е уште си станува на 2 сати ноќе за цицање