@LoveHope Дентинокс на мене ми рекоа еднаш на ден,а Осанитот мислам 8 куглици максимум на ден...Ма да јас никогаш толку не сум дала.
Здраво женски Да ги прашам мајките на машки бебиња/деца, кога се отвара ку*ето? Матичната ми рече следниот пат кога ќе го носам, т.е. на 6 месеци да му го отвори.
Некои ги отвараат одма т.е што поскоро после раѓање. Нас пед.ни вика рано е ама јас почнав по малку да пробувам и не можам цела да ја отворам. Ме плаши да не е касно, 4 мес.и 20 дена сме. Не знам дали може да срасне и да има проблем понатаму. Нека споделат повеќе мислења да видиме што е најправилно
Ние слушнавме мн различни мислења, некои викаа после 40 дена, некои веднаш, некои да не се чепка, на лекар ќе му го сределе, или после година.. Ама сум слушнала за случаеви каде тоа средување, подоцна кога се пораснати, им било многу болно, не сакав да оставиме на случајност и на своја одговорност од одма почнавме да го отвараме, секое бањање, во водичка. Сега на оваа возраст не ги боли и не чувствуваат ништо. Така ни кажа и Муратовска дека е во ред. На последниот преглед рекоа има напредок и дека кај и да е ќе си се отвори, а дека иначе се отвора до година дена. Замената на матичната на првиот преглед ни рече ‘не се замарајте, ако не можете ќе го сунетисуваме’ ?!?!? Од тогаш бегам низ врата на смена кога ќе ја видам и ич не ги ни помислувам парите за преглед во Систина.
Нам ни рекоа после 3 месеци. Му го отворивме веднаш штом наполни 3 месеци, не дека не може порано, ама бидејќи мм строго се придржува до совети од доктори, одлучивме да направиме како што ни кажаа. Му го отвори маж ми во вода, додека го бањавме. Подолго време лежеше во водата и треба да му биде потстврднато за да може да се отвори. Малку одеше потешко на почеток, но му го отвори. Воопшто не покажа синко реакција дека му е болно или неудобно. Само не треба да се плашите при отварањето, следете го бебето како реагира, ако треба подзастанете па продолжете. Сега му го отвараме, плакниме на секое бањање.
Опсесија и стана раката во уста да ги шмока прстите и да си игра со јазикот. Цела нечистотија од текстил меѓу прсти иде во уста. Кога е крајот на ова испитување на прсти? Од нови работи кои ги прави: Цуцлата ја вади сама и ја става во уста најчесто наопаку али нема везе Играчките кои и висат над глава ги фаќа и ги клати Си ја вади градата од уста при доење Се врти сама до страна Си го препознава името и знае да се заврти кон кучлето кога ќе ја прашам каде е, му го знае и него името Вика мам мам мам и никако мама да каже ја вежбам секој ден и очекувам да се пушти деновиве Од жалби и поплаки: Не сака веќе во релаксаторот Најчесто сака во раце и да ја анимираш во раце Го влоши цицањето како да се врати пред месец дена кога ќе ја стави во уста плаче и вришти. Зошто така не знам, али и најдов решение. Земам играчка ја ставам на градата на која цица и одма дефокус и почнува да цица. Или чорап во боја било што имам при рака. Ова успева засега одлично. И заспивањето го влоши многу. Сега преку ден спие подобро отколку навечер. Досега кај 19 заспиваше сега кај 21ч и станува во 5 наутро порано до 6 спиеше. Со милион будења измеѓу да цица на саат време. Од 2 на полноќ до 5 е речиси на пола саат будна. Според книгава има уште три недели до крај на овој период. А последната недела се поклопува најтешкиот период со ревакцини. Тоа ќе биде лудница, ќе има забава Кога почнува да приседнува? Не сака да лежи на грб се тегне нагоре али не може ни да седне и само се тегнеме деновиве.
Мојот почна со потседнување неколку дена пред да наполни 4 месеци. Почна сам да си го држи главчето, без да му се клати, и почна да се витка како буква с. Оттогаш , постојано, без разлика дали го држам право во раце или потпрен во скут, сам си потседнува. Не седи, ама во полуседната состојба. Колку и да го исправам сам си се тегне.
Сте имале ли период со бебе кога не јаде доволно? Денеска мојата е таква, цел ден, и го сменив Аптамил пре со Аптамил 1 пред една недела, ако не и одговараше млекото, ќе си покажаше уште од почетокот.
Zenski zdravo... kako davate adaptirano mleko na vecer? Jas ja budam na 2 saata za da i dadam... a ona znae ako ja ostavamda si spie a sme 2 nedeli... kako e podobro sovet ve molam
Мајки, по грешка сме ставиле 2пати Провен со маж ми во млекцето. Има некаква опасност, дека пишува по еднаш? Ќе си пукнам! @happygirl нас ни рекоа 3-4пати на бањање, од 2мес почнавме. Гледа. 60% завршена работа , маж ми тоа го прави мене ми се страв.
Мајки на женски бебиња дали околу делот кај што е клиторисот (нз како се вика точно) во вагината на вашето бебе има бели наслаги? Не се гледаат на прв поглед ама кога ќе подотвориш има доста, а сигурна сум дека не е од павловичева оти изгледа поразлично. Една недела сме стари и нз дали треба да и го чистам тоа, да не зафркнам работа.
Тоа е од хормоните на мајката, си се чисти бебето, на капење нежно ќе ги подотвориш усните и со газичка полека нежно ќе ги исчистиш. Мојата мислам имаше околу 2-3 недели, си се среди само од себе.
Мислам дека се дава ад на 3 саати, сепак нека ти одговори некој кој дава на бебе адаптирано, јас немам искуство, ти кажувам од она што имам слушнато.
На 2 часа. После кога ќе постигне тежина ќе си бара сама навечер. Мене ми рекоа да го будам на 2часа, ете и 2ипол +- не мења заради напредок.