Цел ден сaмo дa се плaчелo. Цел бoжји ден! Oд хиперaктивнoст не сaкa дa цицa. Пoчнувa дa плaче,јa земaм јa нишaм сo цуцлa мaлку ќе се пoдсмири и ќе фaти мaлку дa цицa a веќе сo oчи пoлуoтвoрени. Рaце упoрнo вo устa,дoле двете двoјки зaбелени,испaкнaти. Тек е трети месец,шу прaјме дaље? Незнaм кaкo дa и пoмoгнaм. @Vennera.aa. aј пиши ми лп немoжaм дa ти пишaм. Кaкo сте вие,штo нaпрaвивте сo цицaњетo? @FreeMind не ми е јaснo Oсaнитoт кaкo се дaвa. Вие кaкo сте сo цицaње,пoчнa дa изведувa a?
Го ставаш топчето меѓу непцето и устата доле во празнината. Изведува али не е во најлошо светло сеуште како овде што читам. Само писка и ја плука градата и се на плачка ја врти. Се гази брз ритам а жени како во некој бубањ да сум и се вртам така се чувствувам навечер кога ќе заспие.
Ај да се пријавам и јас со син ми плачко. Мислев ќе помине 4 скок па ќе има подобрување, ама сум се излажала. Сеуште плаче, сака во раце, а ни тогаш не му е погодено, денски малку преспива, го нишкам два саати за да преспие пола саат, навечер се буди по 4-5 пати, таман ќе заспие го ставам во креветче, се буди. Плачки по цееееел ден. Како зомби сум. Кај ненаспана, па и рацете ги чувствувам дека ми се издолжени до колена, од целодневно држење во раце. Единствено што се врати во нормала е цицањето, барем почна убаво да цица. Заби ли го мачат, грчеви ли се сеуште, не знам, ама знам дека е неиздржливо. Се се тешам дека од утре ќе е подобро, ама тоа утре никако не доаѓа.
Како ја да се читам... Поголем плачко немам видено! Не знам дали се грчеви, заби, скок.... 4+ и 2 нед. Кичмата не си ја осеќам. Дури на цела мака и велам на мајка ми да не е метеопат.
Здраво мајки, би сакала да ве прашам за кашички од хипп за 4 месеци. Направивме пред 1 недела 4 месеци и сакам да воведам кашички по препорака на педијатарот. Кои вкусови да ги земам? Дали треба да се стоплат пред да му се даде? И по колку пати на ден? Благодарам
Јас почнав со јаболче.. Два до три дена со тој вкус теравме. Прво по неколку лажички, но следниот ден почна по повеќе да јаде и веќе ноќта пред спиење, после две шишиња млеко дадени едно по друго, таа беше гладна и не заспа додека не и ја дадов кашичката. Бидејќи сеуште не може да ја изеде цела, во смисла да и се смета како еден оброк, давам во текот на денот по три до четири пати. Потоа дохранувам со млеко. После јаболче, продолжив со комбинација јаболко со слива, па морков, па морков со јаболче, па тиква, па тиква со компир итн. Кога ги вадам од фрижидер ги затоплувам на собна температура. Инаку првото отворање не топлам, директно давам.
Ептен врсници се, и синко е 4 ипол. Некако ми изгледа и грло дека го боли, таман се оправивме од спуштањето на плуќа, сега пак. Ќе го водиме после кај матичната. Се надевам дека сум грешка . На толку внимавање пак да се разболи, стварно не ми е јасно.
Да прашам дали на ова се мисли буква С и бебето ја почнува фазата на седење? Спојлер Во раце само вака седи.
Може од плачење грлото така му се прави. Знам по мојов, кога мн плаче, а тоа е секој втор ден после главчето му е зарипнато. @FreeMind и мојот така само се смирува, гледа на страна и знае да заспие. За седење се виткаат уште повеќе.
Се познава кога се витка кога го држиш нанапред. Кога ќе го земеш на напред да го држиш, малку ги поткрева нозете, а со грбот и главата се витка нанадоле, и баш прави буква с. Вака држејќи го наназад не се познава.
Бебка почнува цврсто да го држи сама шишето,предтоа фаќаше ама лабаво Од кога почнуваат сами да си пијат ?
Уште тераме исто навечер само еднаш до два пати цица лезет другото е цуцла плачки града пиштење града ова по 1 минута и цица пак пиштење со туркање од града и стигнуваме до момент корне штипи се турка со раце нозе. Пробав и станата и со нишање и со шетање не успева. Полудев буквално
Мајки сте биле ли на свадба со 6 месечно бебе? Ако да како сте поминале? Не можам да ја оставам оти нејќе да седи со никој,вчера пола саат ја оставив ми се јавија одма да идам дека не може да се смири од плачење...
Моето е 5+, и викендот бев на свадба, тоа ми беше и прв пат да го оставам бебо на некој да го причува повеќе време. Се плашев како ќе биде, бев спремна и само да се сликам и да си дојдам дома Ама умен беше, се вратив дома само еднаш за доење, после баба му го заспала. Јас не би водела толку мало бебе на свадба, мислам дека нема потреба да се малтретира на гласна музика, многу народ, загушна атмосфера. Сепак ти си знаеш најдобро
Ти благодарам на советот, нас ни е проблем оти свадбата е во друг град,а она ни пола саат вчера не седеше со баба и..мислам дека нема ни да стасаме до ресторанот ќе ни се јават да се враќаме.. По се изгледа нема да одиме на свадба оти и јас не сум баш да ја носам во гужва,гласна музика,а немам многу избор..
Јас бев уште кога беше 3 месеци, ја зедов за сликање пошо мн блиски ни беа, и после ја оставив до дедо и. Гајле немаше, си заспала.
Прашував за истото пред 1 месец. Нормално е, на бањање ќе пробаш со еден прст да поминеш помеѓу усните и да и го измиеш, а она што ќе остане ќе и го исчистиш со газичка. Ќе и се собира пак што од интима што од креми и исто така ќе и го чистиш секојдневно.
Денес е оваа епизода на репертоар. Главата тапан ми ја направи од пискање. Доближи и града една секунда и врискот бутка со раце мислиш со сила и дава некој. Само со тропалка на града успеав да ја залажам да се нацица и еве заспа. Среќа ве читав дека ваков период иде иначе ќе одев до болница пак да ја видат што и е што вриска како будала.