Не можеш да го одучиш толку мало бебе. Тек назад ти е зимата со се пикување во усте. Раце, нозе.... играчки и се што ќе дофати. И со тек на време тоа така го запознава светот, а и запчињата кога ќе го чешаат ќе си ги ублажува тегобите на тој начин.
Кoгa е хиперaктивнa и вoзбуденa кaкo се терaте зa јaдење? Нaшиoт рaспoред дo сегa зa спиење: легнувaње вo 20. Цицaње вo 00:15. Следнo 02:30, пa 04:30( измеѓу кенкa и глaвaтa брзoпoтезнo де левo де деснo и сaкa дa јa држиш зa рaкa и глaвa сo глaвa дoпир.Стaнaв зa дo вц пoчнa дa плaче пoшo ме немa),стaнувa вo 5:30(пред 6) и тoлку oд спaњетo. Пoтoчнo,сaaт двa игрaме и пoсле пaк ќе легне уште чaс двa ќе спие. Oнa нaспaнa јaс нaмќoр. А дoдекa дa зaспиеме плaчки,плaчки...
Мајки 5 и пол месеци е малиов, денес има температура 38, што давате? Бевме на доктор, и крвна слика е ок, ама сакам и ваши искуства. Фала
Мајки дали ги оставате да спијат во релаксатор преку ден на некое време? Многу помирно ми спие на релаксатор(0+ релаксатор) Го ставам и на рамно, но гледам поубаво спие на релаксатор барем 2 саати на ден го користиме. 9 дена сме
Со ставање нешто на града да и отргнам поглед оти се врти на сите страни се тегне плаче. Денес многу тежок ден не и се погодува ништо. Станов седи и ме гледа наопаку. Немам ниту време ниту енергија. Така да двајцата папсани чекаме да заспие да одмориме. Врискот цел ден.
Јас не го оставам затоа што мислам дека не му е удобно. А и он кенка кога е таму... Обично го ставам само за кратка занимација. А по колку време ти спие преку ден? Ние сме 17 дена
Ортопед ми нагласи релаксатор и транспортер да не се користат за спиење дома. Бебе, особено толку мало, треба да спие на рамно и тврдо.
Мислам дека 2 саата не е проблем. Да не е цел ден и секое спиење, ама понекогаш јас не сметам дека е страшно. Мене малата ми заспиваше често во релаксатор, ама бидејќи книгата за sleep training по која се водам строго инсистира на спиење во свое креветче, најчесто ја преместував таму. Дури и сега на 4+ месеци сигурно поминува 2 часа во релаксаторот вкупно во текот на денот, порано сигурно било и повеќе. Секако на рамно е најдобро, ама реално и во раце да го држиш е во свиена положба исто како во релаксаторот.
И кај мене малата кратка дремка од пола час во текот на денот има на релаксаторот. И општо сака да седи во него и кога е будна. Сметам дека до 2 часа дневно е ок. Мене друго ме интересира, од кога почнуваат да им се виткаат ушињата при вртење?
Мајки ги тријат ли вашите бебиња нозете доле кај стапалата една од друга? Бебе постојано ги трие една од друга, ептен силно и ги вцрвенува стапалата. Зошто го прави тоа?
Ова со ушите и мене ме интересора,како опседната само му ги гледам кога е легнат дали го свиткал,а некогаш како изгужвано му е , многу му се меки дури и 'рскавицата ја витка.
Мојот тоа го прави уште откако се роди, прашував доктори зошто прави така, не добив одговор, така си прави ми рекоа. Ама ептен ги трие, многу му се вцрвуваат. Обично ги трие кога е легнат и кога е гол, кога е облечен ги трие, ама помалку. И после тоа ептен му се испотени нозете.
Озбилно со ушите се замарате? Што ако се виткаат? И моиве двајцата го правеа тоа како бебиња, до кај 5-6 месеци, после не. Не знам зошто, веројатно стануваат свесни дека имаат нозе, околу 6 месец најчесто и во уста ги ставаат.
Да, сериозно се секирам затоа што несакам да има такви уши. Сметам дека исто како и обликот на главата, сите доктори што викаат да спие на сите страни да се оформи, така и ушите ако постојано се превиткани ќе станат клемпави. Може е генетика, но според мене има улога и ова. Ние сме два месеца и уште не и се превиткуваат, затоа прашувам. @LoveHope јас имам на медела и презадоволна сум