Нема никаква улога дали се виткаат ушите или не, само генетиката одредува какви ќе бидат. А главата се оформува оти коските се меки, а ушите не се исти како черепот. Не живејте во такви заблуди и не се замарајте со глупости. Ако треба да има клемпави уши, ќе ги има, па што сакаш прави.
На моево му се залепи 'рскавицата,му се сролова тоа нема врска со клемпавост и баш му го одлепував од премногу меко што ми е. Но сигурно да го оставам често така 'рскавичето горе ќе му биде подзатворено.
Мајка ми што не правела за да не ми станат клемпави ушите но се било џабе ,генетика е тоа. Фала богу синче има ушиња на тато мали а носе на мама мало
Прашањето ми беше кога зајакнува школкава бидејќи ја налегнува,вака без да го свитка си е нормално увцето. Го нервирам на секое легнување пикам рака под главче да му го наместам
Мести му го и него го нервира свиткано. Ама ви се пуштија Не е ова труднички, овде веднаш каишот! Ама само да прашам, шлап по рака!
Никогаш не ја будам, таман работа. Бебе гладно ќе го слушне цела зграда. 5 или 6 оброци има во 24 часа.
Мајки моево бебе е 3 месеци ем е на мајчино ем на ад но почнува да не ми пие доволно ад и денес зелено кака што да направам
Сега имам време да ти одговорам подетално. Ова е после 8 саати од кога се роди, ванземјанско уво Ова и е сега моментално И беше исто и како на твоето. Така да фази си има и увото. И јас помислив дека може такво да и остане али нема бе на кого. И се израмни. Исто со црна коса се роди. Ние плави по дома. Сега е плава скроз сеуште има од раѓање коса која не и е падната и келава онаму каде и е падната. Гледам бело плава и расте. Таква и треба. Менува до три месеци многу. И уште менува физички. Секој ден има различна фаца зависи како ја гледаш.
Точно е дека клемпавите уши се генетски наследни, но во првите 6 месеци додека рскавицата е сè уште мека и флексибилна може да се корегира до некој степен со носење на стегачи или лепенки. Исто така и уво кое нема генетски претпозиции за клемпавост ако се доведува нон стоп во неправилна форма, свиткување и сл додека рскавицата е сè уште мека може да стане клемпаво.
Аии ова тука било да не прашаш нешто . Како да којзнае што прашав. Па и да си живеам во заблуда, мое си е. @Lolipop23 исто мислам како тебе. Тоа и ми беше муабетот, дали на сите им се превиткуваат ушињата и од кога?
Невозможно е да се деформира ушна школка од превиткување, ама ај вие си знаете. Јас само ви пишав да не се замарате со глупости, има поважни работи. Како си сакате, живејте во заблуда.