Може се спрема да ги исфрлите пелените од употреба Нам ни се има случено неколку пати да е посува, има мочкано ама малку. Инаку секогаш мочка многу во спиење и ја менуваме и преку ноќ. Мислам дека имаше членки кои имаат пишувано дека бебињата не им мочкаат преку ноќ, но преку ден се си е ок. Ако е и кај вас таков случај мислам дека не е проблем.
Нормално е, сега ќе се поти и помалку ќе мочка. Гледај само да не биде повеќе сува, ама ако една вечер е само не е страшно. Синче кога ќе станеше ќе ја наполнеше до врв, а цела ноќ сува.
Имам читано на медицински сајтови дека до 6ти месец традиционалните методи за исправање на ушите (стегачи, лепенки и сл) имаат ефект, можеби не целосно да се исправат но да се корегира до некој степен. После тоа само хируршки. Не гледам ништо страшно во тоа да на дете со предиспозиции за клемпави уши му ставаат стегачи во првите месеци. И да има некој минимален ефект сепак е фајде.
Мајки што мислите за широк повој? Јас искрено не сакам да му ставам, многу пренатрупано ке е, а и мислам нема потреба. А патронажни и доктори инсистираат до 3 месеци
Ние не мислиме ништо. Никој не става широк повој без потреба. И онака му е топло и мачно на бебето со пелена му фали уште еден слој повивање. Медицината вели широк повој само ако има индикации. Тоа ортопед ќе ти каже на прв преглед на бебето. Не постои нешто “за секој случај”. Значи или има потреба со мерење на аголот на колкот или нема потреба. А патронажните кога станаа педијатри во Македонија е доста интересно прашање. Веројатно во тандем со свекрва скул иде перфектно ортопедскиот развој на бебињата.
Не сaкa никaкo дa лежи. Сaмo сaкa нaдвoр дa јa држиш вo рaкa дa шетaш низ двoр. Нервoзнa,сaмo плaчки. А зa цицaње? Причa o себи. Врескaње нa грaдa.
Имаш доволно млеко? Моето многу плачеше заради тоа..Кога ќе погледнев изгледаше како да имам доволно,ама изгледа "неквалитетно" па не го заситуваше.
Така е кај нас, за секој случај да се вари бебево цело лето во памперс плус 3 пелени И патронажни и доктори ти велат мораш да ставаш широк повој до 3 месеци, а ако има потреба и до 6мес. А јас едвај памперсов го местам ми "бега" уште сега бебево, а за плус пелени ке треба војни да се водат
Најчесто докторите велат да не се става како што видов на темава. Не си го вари детето за џабе. Кога и онака нема сврха. Стави ја гранулата помеѓу усната и непцето во процепот доле. Со фактор не знам дали има од 0+. Јас на хип и ставам на лице обична крема за надвор. И на веледа ги фалат.
Два саати рикаше,што не направив гол го соблеков,надвор го изнесов и се џабе,му дадов осанит еве го гуга,џубре мало од памет ме извади
Не знам каде ти препорачале за секој случај да му ставаш широк повој. Од Гак кога не испуштија ни рекоа само памперс, и матичен пед.исто па на два месеци на ортопед е тогаш ако кажат треба ќе се става. Значи ако има потреба. Задолжително ставав на првото дете од раѓање,ама ова пред 12 год. Сега не е таков ставот за широк повој.
На малата најчесто и е сува пелената насабајле после спиење 12 саати. Најчесто ја чекам 30мин -1 час по будење да и ја сменам пелената, и за тоа време ја полни. Најверојатно некои бебиња природно се воздржуваат додека спијат едит: има 4 месеца
Да, со мустела 50ка. Од 3-4 месеци го мачкам, од коа почнавме да шетаме. Претходо беше зимо и затворени дома немавме потреба
Колку време ви е бебе на града на еден подој? Моево многу долго цица понекогаш прекинувам дури и додавам претходно измолзено, зошто ептен "окапуваме" на града и неможам да го пофатам поголемиов син. Бебе има 12 дена