И јас сум со иста мака, цело време преслекувам бенкици, го измалтретирав максимално. Да не збориме сто лежи мокар... Јас денес ќе тестирам дали е од тоа сто го кревам курето нагоре (нормално по сугестија на свеки) или е до пелените. Пробав Бекутан, Виолета и Pampers. Што користите вие?
Сигурно е од тоа. И јас на почеток, исто поради свекрва ми, му го ставав нагоре, да му бил прав. Бебе беше мокро по секое мочкање. Среќа еден ден беше така,веднаш ми текна од што е. Потоа нормални си стоеше надоле, и никогаш не му пропушти, освен кога е ептен полна. Дури и педијатар прашував вика какво местење куре нагоре?!
Мене мм ме убедуваше, запна нагоре и крај. Наводно болело и затоа така, да не го болело. И реално е, стегнато во пелена, им се креваат и мора да ги боли. Сега кога не му го местам и ќе му се крене се пипка за пелената прави гримаси, значи го боли.
Мајки дајте совет не се издржува, жал ми е за бебе цела ноќ воопшто не спие, плаче, кемка, имаме грчеви. Но и кога ќе се искака, а тоа е сабајле одкога ќе се измачи цела ноќ, пак не спие, кемка, приплакува. Пред грчевите беше ептен спанко. Капки не помагаат, чајче денес ќе земам, не сакав да давам ама ќе морам да пробам. Ни масажи, ни на меше свртено, никакви од тие "трикови" не помагаат. Дури и вчера не се доевме, цело време измолзено зошто пишти на града, фати пушти, се витка милото...
Стопли една тетра пелена и стави му ја на меше, масажа со ножињата ако немаш пробано. Период е, ќе помине само трпение треба
Мислам видов Nurses Harvey`s пак донесен, најди го и давај, нема подобро од тоа. Наполно чорапче со било какви зрна, гравче, ориз, најубаво семки од цреши вишни, загревај и ставај на мешето. Држете се во раце и тепкајте по газето, има некој нерв на опавчето и со стимулација се ослободуваат грчевите.
И јас му го местам нагоре курето, но тоа само надолу си паѓа Вие што сте со машки бебиња пробајте памперсот повеќе да е напред кренат, до папоче на пример, назад кај газето да е пониско, незнам дали убаво објаснив, оти пелениве само горе се полнат надолу се суви кај моево бебе, исто земете поголем број на памперс. Моево е големо бебе од раѓање, на прсти можам да избројам колку пати има прокиснато, сега користам Speppy 4 за дење а Sleppy 4+ за ноќе, навечер памперсот од 8ч до 6-7ч сабајлето издржува да не прокисни а полна е пелената, тешка
Ти ја стегаш пелената? Јас никогаш. Сакам комотно да се осеќа. Никогаш не сум местела куре нагоре, двајца машки имам. Да, се пипкаат кога им се крева, ама и во гаќи ги боли кога се крева. Нема потреба да се става нагоре, оти не се стега пелената, кога ќе стане секако си паѓа надолу оти има доволно простор.
Јас мислев сосема нагоре да не ја ставаш, да биде залепена сосема до кожата. Инаку и јас до сликите ги ставам лепенките. Ама делот напред не е високо, до ниво на папок максимум.
Не протекуваат пелените од курето. Јас никогаш не го местам. Му ја ставам пелената комотно и толку. Или не ви одговараат или за поголем број е детето.
Или многу пие течности Моето пие мнооооогу вода и насабајле пропуштено, кога ќе испие помалце вода преку ден не пропушта, ама ок ова не е за од 0 до 6 месеци, поголеми сме.
Данкешн мутер. Земав сега термофор,греотки се вцрвува во секундата па кога ќе и писне на цуцлата да ја шмука изгледа си олеснува си шмукање,па после на мене се фрла. На 1 саат буквално залепен е и тоа нојќе само. Ете не сум знаела дека така манифестираат грчеви.
Кога не го местиш му стои нормално надолу, а кога ќе го исправиш право нагоре, накај папок, мочка нагоре и ако е малку полабава пелената, пропушта. А никогаш не е дотолку стегната пелената и колку и да ја стегаш секогаш ќе има луфт, и од таму пропушта. Вака кога си е надоле, како и што треба да е, си мочка надоле и веднаш си впива пелената. @lackygirl Ако не се намести рамномерно пелената, инапред и позади исто, ми се случувало да ми ги пропушти каките при нагло искакување и цело грбче да му е лом.
Како сакате наместете го, кога ќе почне да се врти или здравје да прооди му се спушта надолу, е затоа јас не му го кревам нагоре, верувајте нема потреба памперсот е лабав во тој дел и ништо ама воопшто не ги боли кога му се крева.
И јас не го местам, само еден ден по сугестија на свекрвата и тоа за да му бил прав кога ќе порасне, а не дека ќе го боли при кревање. Видов дека ми е измокрен по секое мочкање, и никако не го местам. Демек ако не, нема да му е прав Ама ај викаш постари, сигурно знаат, ама како и за се друго сум се излажала. Затоа од тие старински совети веќе не прифаќам и не применувам. Ако слушав сега на сто бајачки требаше да го водам бебко, да му бајат од страв, од клинови од влакна и нз уште што. И најглавното требаше дома да си седам за крштевката .