Муабетов е малце језив, па ќе го ставам во спојлер. Спојлер: за машките работи :D Па мене и лекар ми потврди дека е добро да го наместиш кренато, уролог, зошто навистина боли кога им се крева да мочкаат, јас не знам немам таква мака ама маж ми вика како мал му облакале тесни гаки и го болело, значи има нешто. Јас прво негодував, како да не нема врска, ама си прашав уролог, вика не е дека боли којзнае колку, ама не им е пријатно. Се случило да списка исто така и да измочка, мислев дури и инфекција има, зимав мокрача, се во ред, значи го здоболува. Да бидам искрена синко има машала долго ку*енце и верувам дека го боли, особено што сега нему и скроз му е тргната кожичката, кога мочка во када дур го бањаме му се исправа скроз.
Свекрва скул ти е страшна работа. Ако сакаш само глупости да слушаш повели. Тука и мајките се вклучени и они знаат да брборат. Тргни од тоа порано од колку деца колку им заминувале. Зошто мислиш дека било така? Од оваа медицина “старинска”. Пример последен што слушнав е стави му мед нема да плаче. А медот има токсин кој може да го убие создавајќи парализа на сите мускули. Афион им вареле за да не им плачат. Афион. Чај од прв ден. Вода. Широк повој. Не комплицирајте ги животите на малите, старите не знаат се ниту голем процент е точно тоа што го користеле.
Баш така, многу си во право, ама кој да разбере. На моја блиска братче и умрело кога била мала оти мајка и упорно го носела на баење од дробни а тоа имало менингит, мајка и ден денес на сите им кажува, не слушајте стари, јас дете изгубив од што слушав.
Potpolno se soglasuvam so ova samo za cajot I moeto bebce pie od 7 dena po raganjeto caj na bekutan I nisto ne mu e
Да и мене ми велеше за да фати цуце, намачкај му го со мед, среќа што имав некакво предзнаење и од форумов и од разнии статии иначе новороденче ќе пробаше мед. Се паметуваат, а ништо не знаат.
Е нагоре е точно, по паметот на мм и јас се водам. И мене ми идеше на памет дека пошо е нагоре и пелената по лабава има простор да си се водени до рамо. Ке пробам да не го местам, се надевам суви ке сме Пелената влажна, бодито утоп ми немаше логика. А за на грбче спиењето незнам дали да го практикувам оти знае и во спиење да поврати.
Чај бекутан постои 15 год тестиран и сертифициран за бебиња. Претходно било чај од шоидае и вода од бунар со бактерии.
И е благ до немајкаде! Си го пробала? Отров благ е, јас давав пошто стварно му смируваше грчеви и место по упатство го правев со упола доза и пак беше благ. Кога немаше веќе грчеви го фрлив у канта.
И полн со шеќер. Јас знам гојазно дете од чајов. Значи, предебело, само на доење и чај. Ама му давале колку сака, а препорачана дневна доза е 100мл. Односно 2 × 50мл. Јас не би давала повеќе од препорачаново.
Јас не знам кој педијатар во Македонија рекол да пијат чај или вода на доење. Не постои такво нешто. Мајчиното млеко има се. Порке чај? Не сфаќам. Да не не се напие во животот или?
Знаеш дека едвај чекаат да наполнат 2м да им шибнат од тој за лесна ноќ? Има маточина во него. Луда работа!
Зависи од педијатар до педијатар, сите различно кажуваат за се овде, и за широк повој, и за вода/чај, и за кашички. Човек ако слушне повеќе мислења ќе се збуни скроз Најголем мит за водата ми е дека ако не му се дава на бебе ич вода до 5/6 месеци, после нема шанси да пие. Демек до тоа е, аха, секако.
А да престаневте малку со толку осуди и критики? Ако не сакате да давате чај не давајте. Ама не се нашите педијатри неписмени и мајките. Секој дава и прави се што е добро за детево. Јас не сум прочитала мајка тука да го храни детево со чај или вода место млеко.
Не не карај дафке. Далеку од неписмени има и писмени. Препораките за чај идат од дома. Од педијатар немам чуено да е советуван на доење и чај. Или вода. Вода и чај идат со дохрана. Ако има такви што советуваат на доење ме интересира само зошто сигурно им кажале на мајките зошто чај да пие.
И јас не сум слушнала чај да препорача лекар. Од дома е таа препорака, и од аптека. Од лекар педијатар не. Оти чајот, ако се пие во големи количини, може да доведе до лажна ситост и бебето да не сака да цица/пие млеко. А сите го сакаат бекутанот оти е полн со шеќери, башка топол, као смирува грчеви. Ама и чај од ким, без шеќер, две три лажички, ќе смири стомаче.
Баба му на мм ме советуваше чај од коноп да давам за да ми спие бебе, а тоа е од иста фамилија со марихуана. Најнова глупост од свекор ми е да ја носам на бајач оти слабо спие, уплав имала. А она не спие за да си игра, се смее и е весела. Потоа во последно некако чудно кога се смее го криви јазичето, веројатно сака да каже нешто, он ми вика случајно да не и даваш на криво со лажичката кога ја раниш. Еден период цело време се кривадеше и мм го накриви дека тој ја учел. Имаше само 2 м, секако може да научи нешто на таа возраст. Кога имааше грчеви ја смируваше само топло на меше и да ја држам со главче на долу. Што било тоа ќе и слезела крвта во главата. Оти се валкала кога јадела и нз што уште не од глупави совети и мрчења се изнаслушав.
Медицината е гранка која постојано се развива. Велат доктор цел живот учи зошто секој ден има новина и нова препорака. Широк повој сигурно нема лошо да му направи на бебето, но оти да го мачиш? Тоа било порано, решено е прашањето нема повој ако нема индикација. Впрочем има интернет слободно секој може да ги прочита препораките дали има сврха без потреба да го туткаш ако на бебето му се во ред колковите. Малата кај мене на прва контрола доби широк повој. Еден месец знам како поминавме. Кога бевме на контрола кај специјалист кога утврди дека се во ред издишавме и уште таму исфрлив се. Како топка беше и надоле и паѓаше главата бидејќи на рамно треба да спие. Плус црвенееше од склет. За водата исто е од дома. Нема педијатар кој на доење вели дај му вода. Немало да пие, шта речи За дохрана зависи од бебето. Секое бебе е посебно нели. Е сега препораките од сзо ги ставија на темава мислам нема нека јаде јаболко прво нели. Имаш новина алергените први да се пробаат. И треба да се практикува, таму некој истражувал со години реакции ваљда се попаметни од сите нас за дохрана и од педијатрите. Бајач мафија уште владее. На се се бае Свекор ти е закон. Слатко е оти е маж, ретко слушам маж да мудрува Само го гледаш или му коментираш нешто? Јас би му ги запишувала на тефтерче со наслов домашна медицина, да има дете за што да се смее на 18ка
Кај нас свекор ми е свекрва. Среќа не сме заедно, па некогаш му пречутувам ама некогаш не можам. Уште какви ме глупости има ехее. Треба во радосницата да и ги запишам. Убава идеја.
A sto ke reces za noz, konec, luk pod pernicata na bebeto? Majka mu na mm mi gi donese tie I jas I gi vrativ odma. Nenormalna. Noz be