Те молам кажи ги кој се тие педијатри жити се,еве јас прв пат слушам. Од 5 месец најчесто се почнува со вкусови по неколку лажички и тоа не навечер. После гојазни биле децата,дијабетичари стануаат епа стануваат со вакви измислетини. А за што е оваа препорака баж за пред спиење?
Да и јас и ставав на малата зејтин и многу помага стварно го отпушта носот Е нели знаеш оти има каши и над 4 месеци нашта матична го кажа тоа и плус тој што одам на приватно мојата сестра знаеш од колку месеци почна со каши од три пол месеци и се смееше на мене кога кажав јас оти ќе чекам од шест месеци
Види ти си мајка на твоето дете и ти одлучуваш што е најдобро. Но давање кашичка за пред спиење на 5 месеци и зејтин во нос нее во ред. За пред спиење постои млеко а за носот деуги препарати. А на 5 месеци колку оброци има бебето?
Прашај си си имаш Др да видеш што ќе ти кажат кои се пак тие нез што препорачуваат да не се почнува со каши од 4 месеци на нас ни кажаа дури да почнеме од 4 и пол месеци ама не не почнавме од пет почнавме Колку и се јаде толку зејтинот стварно помага кај мене броење нема
Нормално дека сум прашала,зар сама ли ќе одлучувам без совет од педијатар? Педијатарот вика бебе кое слабо напредува почнува со дохрана од 4 месеци а бебе што си напредува убаво си почнува од 6 месеци. И бебе на 5 месеци пробува вкусови а не да му дадеш цел ден да јаде.
Да се прикрадам и јас малку па да пишам Здраво на сите Секој ден различен се нешто ново различно плачење различно спиење и јадење се е различно и еве по навика си станав да ја наранам а таа си спие си ужива ке почекам малку ако не ке и се приклучам во спиењето 2 месеци направивме а за некои работи уште незнам какви треба да се пр. Грчеви веројатно ги има ама не сум приметила или може биогајата од старт што ја прима и помага @Emma2 пробај со нив или со масажа на мешето со кружни движења или свиткај им ги ноџињата накај стокаче или термофорче ставај им да се стоплат незнам нешто мора да помогне од ова А за чај и вода баш пред некој ден една моја роднина се чудеше како ништо не и давам освен млеко, педијатарот не ми спомнал тој е само за млеко а и во болница пред да не испуштат кажаа околу 90% од млекото е вода и затоа нема потреба бар за сега баш ке го прашам матичнопт на следната контрола. А за чај јас го пиев на почеток тој на бекутан за лактација и многу ми помогна и на мене и на малата може од него не ги приметив грчевите а еве баш и денес по месец дена пауза се напив повторно и малата ми е многу опуштена од маточината веројатно хихи Уште не станува ке си прилегнам и јас да наполнам батерии Поздрав мамички ке пробам да ве дружам почесто
Навечер на секој саат се буди. На прсти бројам кога врзала три саати сон од раѓање. Преку ден по половина час преспива во 08 и 17, и по околу 40 минути во 11 и 15. Посилно нека го удри побрзо фаќа.
A be sto da pravam so mojava odbiva da cica i noke sega ja vrtam na site strani malu cicase sega i nisto a mora da cica ne sakam da se molzam ke se navikne loso na sise
@FreeMind Значи како една мајка да ги раѓала нашиве, буквално исто, жива ненаспана сум цела ноќ станува и сношти па и со плачење, ме скрена
Јас пак одвај те чекам да пишеш дека нешто се сменило нели поголем Ти си ми како водилка се ни е копија. Значи како другите бебиња стануваат само еднаш за јадење или ниеднаш на 4 месеци еве не ми е јасно. Од пет е разбудена спремна за игра. Абе цуцла ако и ставаш ја плука со една таква силина во вис ноќно време што се смеам на глас. И секој совет стави и цуцла ми е онака “еве ја цуцлата повели стави и ја”. Преку ден како глодалка ја користи ако ја добие. Или најново и ја ставаш во количка ја зема со раката и ја фрла на улица. Или дома на кучето му ја фрла.
Бебето ми има срамни влакненца на гениталиите, има некоја мајка со вакво искуство? Добивме препорака да одиме на детски ендокринолог во следните месец два... Но до тогаш немам мир... Сешто се изначитав....
Оти како мовца внука ми имаше и знам дека и градите и беа потечени, но се среди. Тоа од хормоните на мајката рекоа. Баш и на мојава градите и беа како малку зголемени и не се испаничив поради овој пример. Сепак штом се темни посети ендокринолог. Не се плаши. Се што навреме се реагира се средува.
И мојава имаше такви мали, темни влакненца, ама се изретчија. И на грпчето има, повеќе се познаваат таму. Градите можат да бидат потечени одма после раѓање, од хормоните на мајката. Може и да крвари вагинално, како мојата. Нормално е.