Настрана нека спие и до грбчето стај и перниче за да не се врти на грб. И ние вака спиеме оти ми бљуцка во спиење.
Многу често и кај мене прави така, премногу брзо и тече млеко изгледа па затоа се засркнува а знаеше и додека леже или спие да се засркне од плунка. Затоа сум постојано на штрек за да ја завртам ако треба. Спие на ортопетско перниче незнам дали да и ставам нешто плус
Моето е 4ипол месеца, одамна спие по цела ноќ. Ама еве некое време почна пак да станува ноќе. Прво зошто почнав со каши и некогаш јаде некогаш не, мислев да не е гладна, па ја доев 2-3 дена. Колку повеќе дојам толку порано стануваше, а цица 1 минута колку да се рече и заспива, значи не е нешто посебно гладна. До сега не осетив скок во развој, ама ќе да е тоа бидејќи и многу нови работи прави периодов. Ако знам дека е најадена и пресоблечена, не и е ладно или топло, ја оставам да плаче. Во периодот додека сеуште редовно цицаше ноќе и се одвикнувавме од ноќни подои, максимум кенкање/плачење беше 45 минути, ама презаспива и тера до 9 сабајле. Синока во 4 станувања, на секое плачеше по 2 минути. Јас сметам дека така се постигнуваат најдобри резултати. Ако не сакаш скроз да го оставиш да се исплаче, еве пробај со интервали. Плаче 5 минути, смири го и пак назад во креветче. Така 3-4 пати. Ако плаче пак, доење. Во најлоша варијанта, ќе го поместиш цицањето за 20 мин. Најдобра варијанта, презаспие и ќе се помести неколку часа. Со тек на време ќе дојде до 10-12 часа непрекинат сон.
Два месеци и уште се "задавува" На секое негово прозевање дури скокам од кревет Советуваат на рамно но гледам дека повеќе се дави. Спие со подигнато душече под агол и е малку подобро. И мене ме интересира до кога трае ова
Не сум сигурна,но мислам дека до 2/2,5 месеци. Еднаш во спиење се задави од плунка,среќа што бевме во собата да го подигнеме. Затоа и не се оставаат сами. А спиеше и сеуште спие на подигнат душек.
Ти мора да имаш јаки нерви, некои дебели неистенчени Само што ќе почне да плаче ладна пот ми избива на чело не можам да го слушам плачот ни две секунди. Веднаш се вознемирувам не знам како да го опушам тоа чувство од петици ме крева. Така мирно ладнокрвно да ја слушам би завршила на психијатрија следниот ден. Трае еве 36 години До ден денес се давам од плунка, редовно. Кај мене 4 месеци спие на рамно од прв ден и се дави сеуште од плунка во спиење или од млеко при цицање. Бидејќи сметам дека можеби е наследно ќе спијам со отворени очи додека не научи сама да се враќа.
Мајка ми од секогаш викала дека врека сол можам од инат да изедам. Изгледа тоа е. Моето мислење е дека не можам да бидам добра мајка ако не сум прво лично јас одморена. Кога стануваше ноќе не сум расположена да ја забавувам наредниот ден. Тоа ми е мотивот. Секако не спиеме, барем се обидувам нешто да направам за да следниот ден спиеме повеќе. За да кога сме будни имам сила да шетаме, по цел ден да и зборам, да ја забавувам. И сум лично многу поисполнета тогаш. И мислам дека подобро да и го посветувам денот отколку ноќта.
Може ли крушата да предизвика запек кај бебе? Му давав вчера и денеска,само да проба 3-4 негови лажички и денеска цел ден какаше нормално,а пред малку имаше ептен тврдо какано и зелено. И ноќеска цело време се будеше плачејќи.
Ми се допаѓа како размислуваш и те поддржувам да продолжиш. Едноставно си воспоставуваш систем кој ти одговара. Јас не можам. И да сакам. Не можам плачење да слушам. Не можам ни лаење. Во состојба сум да цркнам од умор само да нема врескот. Сакам тишина и мир. Така се рехабилитирам.
На муабетот за станување и плачење,два дена сум избезумена он вришти не плаче да те извади од памет,и навистина не се сејќавам колку пати станал,колку пати цицал. Будна сум го кревам,но сабајле кога ќе седнам да размидлам од прилика на колку цица јас појма немам. А и тел е до мене гледам саат колку е,и не памтам. Сигурно заспивам и додека го дојам. Само да не се направи беља некоја... Него мене ми се многу меки градиве,а се подзамислив денес дали имам млеко пошо да му давав и на 5 мин и на 5 ќе цицаше. Има еднаш неделно ваков ден да виси на града и да плачи дека е гладен. Но стегам вака излегува млеко се мислам зошто папушки ми станале...
Обично сите советуваат да се јаде круша против запек ама може да предизвика. На моето бебе круша и банана му прават запек, а слива и тиква му помагаат за полесно да се испразни, па правам комбинации.
Истото и мене ми се случува. Кога ќе се буди почесто и јас ниту памтам сат,ниту како сум го ставила во креветче,ниту како и кога јас сум легнала. Се будам и гледам дека бебе е во креветче,а не памтам кога сум го ставика,последно памтам дека сум го држела во раце. Да заспијам со него во раце досега не се случило,се надевам нема ни да се случи. Се будеше двапати за цицање во времето кога не беше во скок или кога не го боли ништо. А кога го боли стомаче или не фати скок се буди преку 5-6 пати.Точно нз бидејќи заборавам, ама знам дека само што ќе легнам,за брзо време станувам.
Се согласувам потполно. Иако понекогаш сакам да ги послушам овие што викаат,, ех немој одма да му се тресеш, остави го нека поплаче, бебе е, нека шири плуќа"...јас сум алергична на плачот на бебе, душава ми се затресува и глава ме стега. И како што кажуваш , во состојба сум се да направам само да не плаче и да е мир и тишина.
Здраво сакам да прашам кога на вашите бебчиња им излегоа забчиња моето е 6 месеци и уште немаме ниедно забче кога го прашав мојот матичен стоматолог денеска ми кажа само оти кај секое е бебе е различно
Убаво ти кажал матичниот. Кај секое бебе различно. Имам пет внучиња, на сите во различен период им излегуваа. На едно првото забче на 4 месеци ,на друго 8. Нема правила.
Free дa ги пуштиме нaшите врескaлa кaј спaјди нa тренинг a,штa кaжеш? Сеуште чести нoќни пoдoи. Ниту oдмoренa ниту ништo. Сoнoт е нaјвaжен. А штo вели фри a пoчне дa плaче oдмa пoт oблевa,нервoзa. Нaвечер кoгa се буди кенкa и oдмa врте глaвa левo деснo и зa дa не плaче oдмa и дaвaм дa цицa.
Јас немам проблем со чести ноќни будења. Само еднаш се буди во 2, ама после заспива во 5. До 7 максимум е будна, па уште еднаш кај 8 има дремка од 15 мим и толку е. Јас нз како ова дете нема потреба од сон. Не да ја цицам, нишам шетам, џабе е се. Нејзе и се игра тогаш и крај.
во 4 скок све ни се поремети уште трае секој саат се буди за цицање денски не сака да цица грчевите ни се вратија цела ноќ прета со нозете мислам ке крши кичма преуморна сум :/