@LoveHope @FreeMind еве ме савајлево. Бебе легна во 9, стана во 2, плачеше пола саат, стана во 7, плачеше 5 минути, ја слушав како си ги пошмука прстите и заспа одма. Во 9 јас ја разбудив за цицање. Ноќен подој нема. Денес сум станала два пати, утре еднаш, задутре ниеднаш. Кога бебе ќе научи дека нема да цица нема ни да станува. Ја разбирам болката од бебе што плаче, и тоа не е нешто што може да се смени. Ама кога знам дека ограничено време ќе се помачам за да подобро спиеме и двете во иднина, мислам дека се исплати. И најважно од се, да имаш некаков ред. Било каков. За да кога (како мојава сега) излезеш од рутината, лесно можеш да се вратиш назад. За да една настинка не расипува сон за цел месец.
Јаболкото прави ли запек кај вашите бебиња? Вчера прв пат му дадов, и едвај се искака. Исто и сабајлево, цел поцрвене додека да се олесни. Никогаш досега не се мачел вака. А јас мислев јаболкото ќе го протерува.
Особено варено или печено јаболко прави запек. Исто и свежо ама отстоено, потемнето. А свежо, ако се даде одма по лупењето не запекува, ама и не протерува. Печено јаболко се дава при дијареја.
Леле и моето едвај кака, јас мислев сега дека е болен ајде јаболо како полесно, па ајде јаболко и морков, ама едвај се искака. Денес малку компир со тиквичка и морковче ке му дадам, валда ке му биде полесно
^^Варено беше јаболкото вчера, да. И денес планирав да му дадам пак јаболка, втор ден. Или да дадам нешто друго, веќе воведено (зеленчукова каша)?
Јас мислам дека сега на почеток што и да дадеш ќе има мака бебка додека се навикне.После 6 месеци млеко, било која каша е гооолема промена за цревцата.Мојата не какаше 6 дена по првото пробување каши,а давав и круша и слива.И на крај се искака после тиквата.Не велам дека некои каши не запекуваат како компир морков и банана,ама мислам дека е рано за да утврдиш дека од јаболкото е.Дај му време да се навикне.
Втора недела како му воведувам вкусови, и досега од ништо немаше вака мака. Затоа си мислам дека е заради јаболкото. Кога јадеше брокула и тиквичка на пример, дури 4 пати на ден се олеснуваше.
Од како почнав со кашички не се кака секој ден моето бебе и не се притресувам толку дали од ова се кака дали од она, матичната ми рече штом мешето му е меко нема гајле, сега се кака еднаш на 2 дена ама убаво количински еднаш се искака дури 4тиот ден, пред тоа кога бевме на доење само, се какаше секој ден. И др да споделам, еве 2 дена му ставам во зеленчукот во варењето малку маслиново масло и еве 2 дена е кака со ред. Па и возрасен човек се се кака секој ден За оставањето да плачи пробав синоќа и не успеав неможев..а многу сакам да воведам некој ред во ноќните подои, морам, уште 3 месеци на работа ќе почнам, вака без спиење не се работи
Нас ни излезе прво запчеее бисерчеее Го гледав уште пред 10тина дена белко и пипнав грепкаше,ама сега си потера убаво Сега ќе се јавам да нарачам запчиња-колачиња Ве Частам и тука
Леле алал да ти е за редот, ама и кај моево мислам тешко тоа ке оди, зашто е само на цицање, башка преку ден цица кога како, многу е љубопитен и се му е интересно па праи фати пушти, дури не знам ни колку цица така. Навечер ако спои три саати јас сум наспана, не ни мора повеке да спијам
Не дека толку анализирам, аама кај моето некако екстремна промена, ептен ми се виде некако тврда столицата и кака само кога е легнат за пресоблекување и со ножињата нагоре, па затоа барам совет од поискусни што да променам за да му олеснам. Позз
Немам воведено слива, моментално е настинат и е на антибиотик, ми рече докторката додека е болен не се воведувале нови вкусови
Не е избрзување со заклучоци, факт е дека јаболкото прави запек. При дијареја, дел од режимот на исхрана е печено јаболко. Со готвењето испушта пектин кој се желира и стега, затоа столицата е потврда. Секој организам различно реагира на цврста храна, тоа е факт, ама некои работи се општо познати. Многумина се во заблуда на пример, дека бананата стега, а всушност бананата ја регулира столицата. Потврда банана запекува, презреана банана протерува. Моиве кога имале запек, јас сум давала банана и одма се олеснувале.
И моево е само цицање, шише само ако не сум дома. Ама и за тоа стаив ред одамна. Прво на 2ипол саата, па на 3, сега цица на 4 саата. Ништо нема на изволте. Цица пола саат, ако мисли од тоа време 25 минути да глеа наоколу, значи на наредно цицање ќе биде погладна и ќе цица повеќе. Првиот месец само цицаше кога сакаше, значи на саат-два, од 5та недела по мој распоред. Сум пишувала и претходно дека се водам по книгата "Moms on call", според нејзе на се мора да се има ред, и јадење и спиење и играње. И за мене функционира одлично.
Мојот кога кака сега ги тегни нозете, ги исправа и одма го сеќавам и го држам за двете ножиња како седнат како издржување иди за да му е полесно, незнам дали добро објаснив. @Spidy стварно ти се восхитувам браво, ќе пробам пак вечер да не му давам да цица ама тешко кај нас дека ќе делува