Да да те разбрав, и јас така го држам, ама ке пробам сега зеленчук да му дадам, може малку ке му биде полесно. Дека јас јаболко та јаболко демек како полесно, па плус и морков и ете проблем )))) @Spidy си го фатила редот од мало, не знам мене ми е страв и да пробам, зашто кога е гладен дига се’ у вис од плачки и не може ни да фати да цица, па го залажувам малку со шише за да може да фати. Уште кога се роди беше таков и во болницс така му правеа, и сега еве штом заплаче не ни гледам јас на саат одма давам да цица. Уште еднаш ке кажам, браво за тебе
И синко кога се буди навечер не плаче одма,туку ја врти главата лево десно и прета со раце и со нозе, ако не го земам почне да кенка и на крај спиштува па не можам да го смирам. Па затоа кога му почне мрдањето го земам, да избегнам плачки. Веќе трет ден како се буди нон стоп. Некогаш цица, некогаш само што го земам ,се доближи до града и заспива Го ставам во креветче,за пола сат се буди, а таман почна убаво да си спие. Е што е сега ова? Скокот го минавме, уште малку чекаме друг.
Е што толку восхитување. Ред на бебе кога да цица, кога да спие, кога да си игра? Јас разбирам да се стави ред на спиење, тоа си иде природно со самиот биоритам на човекот и кај природата имаме ден и ноќ. Ама на бебе ред на цицање...и сзо вели бебе дa цица кога сака, колку сака и каде сака. А ред на играње, со извиниение ама овa ми е ептен cruel Прочитајте го линкот на Nina 2014 Луѓе мајки сме, бебиња имаме до нас. Живи суштества со потреби, емоции....не тренираме војска
Потполно се согласувам, ноќните подои се многу важни барем за бебиња до 6 месеци, зошто да нишкаш и оставаш да плаче кога може да го земеш во прегратка и да го надоиш башка во ноќните часови во млекото се лачи мелатонин што му помага на бебе да спие подобро. Не траат вечно тие ноќни подои мојата од 5-6 месеци стануваше само еднаш или два пати за цицање и воопшто не ми беше тешко да ја дојам, за жал некаде на 10 и нешто месеци сама се одби и пак знае да стане навечер па ја гушкам, нишкам и и пеам, да цицаше сигурно дека ќе ја доев и ноќе.. Сум за ред на бебе во смисол на јадење, бањање и легнување ама не е и за доење кога бара утеха.
Е ама мојов на 1 сат станува за "цицање" фактички 3 пати тргнува и заспива, јас сум мртва ненаспана и уморна преку ден, да станува барем на 3 сати ајде де ама вака на 1 сат, на пол сат, 6 ќе прави, не се издржува, ама еве тераме сега се неговите потреби пред моите јас го разбирам и него се мачи кутриот со забчињата
Ако не се лажам твоето имаше 10 кг, мојава сега на 11 месеци е толку, ако ме прашуваш мене би давала веќе 2 оброци на бебе цврста храна, верувам дека е гладно па станува.
Не бе душо пробав еднаш му дадов кон 7ч уште 1 оброк и ништо исто беше, плус капено вечерта ма јок не спие, иначе да 10кг е сега. Таков е плачко се помирив јас али пак неспењето лошо ми делува, цела пропаднав од пред да останам бремена сум -2кг
Нормално е да стануваат навчер, мислам дека големо бебе машала има потреба од повеќе калории. Мојата кога беше 6 месеци стануваше и сакаше да си игра по 3 саати навечер и ништо живо не ја успиваше ама беше период од 10 тина дена и помина. Верувам дека ти е тешко ама сепак цицањето не би му го кратела.
И да сакам неможам, синоќа си реков ај да пробам стана 1 мин покенка и пред да се распишти му дадов цице хехе
Заради истиов проблем спие до мене на спална, му давам да ви цица и ако иам срека без да го земам во раце си продолжува да спие уште саат, саат и пол до следно цицање
Нема ред ако е бебето такво па ти ако сакаш превртисе нема ништо да смени. Не од книга од Енциклопедија водете се џабе е. Мојот на почеток стануваше точно на 2 часа после заспивање во 8 па ќе стане во 12 за цицање па во 4 после и станување му беше во 8. Прво го одби цицањето во 12 сега неколку дена и во 4. Станува во 6 ќе цицне и ќе се забавува малце ќе се смее сам јас го игнорирам и си заспива одма и околу 9 и 30 веќе се буди со насмевка. Вака морам да го научам сакам да мењам работно место и да работам и трета смена,па таман дур си дојдам сабајлето он ќе си стане. И моето бара повеќе да јаде има 8.500 кг ама само еднаш му давам. Денес проба крушка и супер ја прифати. @Dina911 Како е малото? По кој основ ви дадоа антибиотик,имавте нешто покачено во к слика? И мојот е настинат со куп секрет во нос,само го чистам друго ништо к слика е добра. Три дена немам дадено Ад си цица имам млекце. Туку јас сум катастрофа кашлам буфтам носот полн. Кој Антибиотик смеам да го пијам?
Значи да се тешам дека ќе и помине и на мојава таа фаза со будење сред ноќ и играње. Инаку и јас сум против толку драстичен режим кај бебе. Па тоа е само бебе побогу , што знае тоа од ред. Има време, цел живот ќе почитува правила. Впрочем и СЗО вели да цица кога сака и колку сака. А да оставам бебе да пишти и јас ладнокрвно да седам само за да го истренирам ми е незамисливо. Па тоа не е куче. Сакам да се научи на љубов, на вниммание, да знае дека кога има потреба од мене и кога ќе заплаче јас ќе бидам до неа. И знае. Никогш не плаче без причина. Некогаш плаче бидејќи и фалам, но бидејќи ноќе креветчето и е до мојот кревет и ме гледа си игра сама. Кенкава е само кога и се цица, и се спие или треба да и се смени пелена. Ете јас на тоа се обидувам да ја научм. Можеби грешам. Сепак почитувам сечија одлука за воспитување на свое дете и никој не судам. Секој си има право да го воспитува своето дете како што тој мисли дека е најдобро. Само јас не би се водела тлоку строго по некои пишани правила на некој си кој знае кој, кој не го ни знае моето бебе. Сметам дека дете по книга не се гледа, тоа се чувствува. Знаењето за бебиња и мајчинството се раѓа во истиот миг со бебето. Така мајката знае кое плачење за што е, која насмевка за кого е, а бебињата имаат специјална насмевка за своите мајки. Јас бев само категорична во одлуката да ја научам да спие во креветче заради нејзина безбедност и комоција. Друго се ќе си дојде со време.
Нез јас такви маки немам со будење навечер вчера заспа во 2 сабајле и спиеше до 9 бебчето ми а сме шест месеци откако ме советува една стара жена да го најадам убаво вечерта бебето пред спиење моето не се буди веќе
Уште има ноќи кога се буди свежа во 12 и сака да си игра ама ретко, за креветче те поддржувам јас успешно се држев до спиење во креветче до 9 месеци и попуштивме оти кога спие со нас ако се разбуди, ќе се гушнеме и презаспива. Јас ја заспивам и ја ставам во креветче ама во тњкот на ноќта ја префрлам кај нас.
Малиот прво минатиот четврток се разбуди со температура, качи 38.2, направивме крвна слика беше ок. Настинат беше ама не многу страшно, поткашлуваше само, ама ден за ден не му беше подобро туку почна и носот да му тече и повеке да поткашлува и го однесов на матична (морам да признаам едвај го однесов од страв, многу има заразени со морбили). Го преслуша, не беше спуштено, ама сега леукоцити му беа на горна граница и ни даде Алмацин, со објаснување дека кај бебиња многу наеднаш можело да дојде до влошување на состојбата. Вчера ми беше поарен, денес некако така така, ке го носам пак на преслушување. со вадењето секрет од носе мака мачиме, а алмацинот си го пие мака нема
Мамички вие што успеавте да ги одвикните од нокно доење како ви се градите? Ако поминат 5 или 6ч како не јадела толку многу ми тежат градите цврсти се камен мислиш ке пукнат затоа јас ја будам да јаде. Имате ли некое решение за ова?