До крај на 3 месец се дава со к1 доколу е на доење, а ако е на адаптирано само д3 без к1. И ние така останавме 90% само на ад млеко... Повторно слична приказна. После 2 недели млекото ми се намали, а само навечер давав дохрана. И со првото дете исто и сега во ист период млекото го снема, стварно се чудам. Ај ќе речам сум се нервирала, но зар има мајка која не е под стрес и нервоза посебно на почеток, кога не фаќа пост депресија, стварно сум зачудена, но тоа е што е..
Д3 е индивидуална потреба на секое бебе. За потребна количина само совет од педијатар и ортопед. Никако дози од други мајки и бебиња
Најубаво би било со омега да се почне после годинка, многу помага за развој на мозочето. Откако почнав да давам омега моето дете почна многу повеќе да зборува и да памти. Нашиот матичен педијатар е најдобар, ама не поддржува суплементи, јас ги давам и сметам дека не грешам, фала богу читаме, се информираме и одлучуваме.
Јас давам д3 со омега од трети месец. По препорака на ортопед секако @SaNJaAaaAaa Кај Каличанин носам бебе од раѓање, она ми рече Не за дубак. Ама јас го користам.
Не ме сфаќај погрешно ама многу доктори соработуваат со одредени производите и ги форсираат нивните производи, а за возврат добиваат процент
Совет нешто за да не ми се плаши во сон? Ајде што потскокнува него од скоро почна како да се кара,она како да сакаш да се искашлаш а неможеш такви звуци испушта и со главата мрда. Денес скоро секоја дрмка му е таква,жал ми е па дали имате нешто правено со пелена тетра ли повивано или па фаза си е? Месец и половина сме
Јас за омегата 100 доктори прашав(метафорички кажано) и сите ми викаат дека само дополнително оптоварување на црниот дроб било. А и по мене знам во бременост што пиев ми се покачија во последниот месец ензимите на црниот дроб. Мене немаше ни да ми текне дека е од нив, ама на една пријателка во 7 ми месец нагло и рипнаа и матичната и кажала дека е од нив. После прекин и се средија. А замислете кај мало бебе кое и така не е доразвиено. После годинка можеби е ок. Засега и давам просо со јаболко кое е богато со омега масни киселини.
Леле исто и мојата денес се разбуди со вриштење на цел глас исто ми се има случено и претходно и ја гушкам неможе да се смири, душиче сигурно нешто сонувала а мене желудник ми се преврте мислам. Незнам дали има лек за ова ја ставив на цице и се смири тоа е се што можам. За Омега ни кажаа уште пред да не испуштат од болница дека се многу добри за мозочето дека се користат од 8-от ден до полни 12 недели и се даваат пред доење, истото го кажа и патронажната сестра но матичниот рече НЕ и на тоа останавме, според него и биогаја нема потреба да се прима ама јас ја давам, многу ни помогна со грчевите не ги осетивме. Читам пишувате за дохрана ние сеуште не сме стигнале до таму но денес видов една табела па еве ја
ние користиме д3 со омега + д3 од babytol 4 месеци е бебето веќе еден месец и требало да се користи до 12 месеци така ни рече педијатарката од систина.
До 3 месеци и јас го повивав со пелена за да не ги мрда рачињата од нив се плашеше, после 3 почна сам да ги ваѓа и неможев да го повивам, ама помина таа фаза.