Bony и мојов е ист денес баш кома, еве точно 12 саати како спие цело време и на 2-3 саати ќе се разбуди и му давам да цица ама и тогаш е во полусон. А од сабајле беше буден 6 саати без престан па мислев да не е затоа и очекував вечерва буден да е ама ништо. Ќе чекам до утре да видам како ќе се однесува. Да се надеваме дека е поради времево.
Омега е добра за развитокот на мозокот на бебето јас си пијам омега 3,6,7и 9 и ќе го прашам баш педијатарот дали да давам и на бебето омега или не пошто во хипп комбиотик има омега а и ќе го прашам и дали таа омега што ја земам јас оде и во млекото или не
И мене ме нервира различниот став на докторите. Одиш на лекар, следиш совет и на крај пак да незнаеш дали го правеш најдоброто за своето дете.
Мојава заспа вчера во 17:00,стана пред пола час и се журкаме Овие 2 дена смени ред.Може дека дента од сабајле станува и до попладне е будна.Ништо не е,ќе менат.Штом не плаче и нема маки не е страшно
Иста беше и мојата беше будна само од 9 ипол до 12 а потоа кома одвај стануваше за јадење по 3ч и пак кома. Неможев да издржам синоќа ја будев не реагираше па земав и измив лице толку луто ме гледаше што ја будам ама морав не реагираше на ништо. Остана будна саат време јадеше и пак заспа еве сега е веќе будна се надевам дека нема пак да ме потресува денес. Може е нормално ама не сум навикната да спие толку. Фала ви што ми пишавте се надевам денес добри ке ни се малите и дека се е до времето @Ladyyyy567*
@Ladyyyy567* , @***Bony*** , кај мене пак обратно, цела недела навечер ппчна ми сврзува 5-6 часа еве оваа вечер се буди на 2-3 часа. Таман мислиш со фатила ред, нема. Секој ден ни е различен сеуште. Јас од неа неможам да истемпирам ни време за бањање исто, секојпат е во различно. Него што прават вашите бебуши, нашите се генерација, почнаа ли да гугаат?
Чисто гугање немаме сеуште а одвај чекам да започне сеуште сме само на А г и А г г со кратенки почнување а ја гледам понекогаш и со затворена уста си испушта некои звуци, дали пее или збори само таа си знае интересна е понекогаш знае и на глас да се насмее се надевам наскоро ке почне и гугањето
Стави му перница од страните покрута од оние на софа да не може да се преврти преку неа. Ќе ја ставиш во висина “под рамо” од двете страни. Преку ден нека се врти
Исти сме и ние, прво почнува да се смее кога и зборувам па потоа продолжува со аггггг, аууу па само ггггг, многу ми е смешна .
Душички малетки се ке ја стиснам некој ден толку многу силно ама незнам кога смешковци мали најслатки
Генерацијо тука сме и ние, се смееме и од гугање само Ааааа ,аггггг,кога му зборам ме гледа во уста и испушта некои звуци демек се разбравме кога го карам ме гледа луто, ај речи дека не разбира Љубов се За спиењето мојот невиден спанко,обожава да спие, од 24ч тој 5/6 ч е маx буден, кога е поспан за јадење плаче со затворени очи, цица и продолжува пак,кога ќе ми текне кога почна да си спие навечер по 5,6 часа јас станував се штрекав од сон го будев за јадење мислев како на почетокот треба да го будам, се додека доктор не ми кажа да не го будам (ти навечер стануваш да јадеш ми вели) туку кога се протегаат вашите се виткаат толку многу ,мојов кога се протега ако го држам во раце значи се прави S форма ,главата нагоре ,грбот нанапред, мислам вратчето ќе си го прекрши ако не го држам добро Оваа вечер 6 часа ја отспавме без да се разбудам,ох ми фалеше ова
Хихи моментот на тегнење и го обожавам незнам како да ја држам баш како S и со муцето стегнато напрчено и главчето го мрда лево десно а и мешето го испапчува јас се газам од смеење. Ужива кога се тегни верувам дека им е убаво што е најинтересно почнав и јас да го применувам Поздрав до принцот и мама
Леле исто, со напрчени муциња и главата лево десно,веројатно му е убаво ,јас на почетокот мислев тоа се грчеви се додека не ги запознав вистинските. Смешки се,секој ден се нешто ново Поздрав и до вас
Гугаме,се смееме..посебно на сабајле наспана,најадена е најинтересна и расположена за 'муабет'Веднаш почнува да мрда цела,прета со раце и нозе,и почнува да гуга.А почнам да и зборам,почнува да смее со јазичето надвор хаха,веќе и на глас,а и го мрда муцето како да го повторува по мене Подига веѓички,очички многу е смешна. Сабајлечки важно посебно ме топи Овие 2-3 дена почна често да си го цица рачето т.е прстињата.Мм се смее заби ќе вади.Дали и е само занимација или има нешто не знам
Мојов уште не се врти, трупче и мрза е голема како ќе го остајш така ќе го најдиш. Само што за седење е така поцврст, уште неможи без перници да седи ама е стабилен. Пробав и во дубак малку да го ставам, не сакаше и го извадив. @FreeMind женска да ти се пофалам 2 дена спија по 3 сати ноќе станува цица и презаспива. Чарето го најдовме, тато не спие со нас правиме експеримент со мм, дали има врска или само така се погоди незнам, вечер ќе спие со нас мм па ќе видиме како ќе спија малиот Вчера го оставивме со баба му 4 сати, малку плачел, ама не бил ич весел, само барал со очињата некој ко си дојдовме премногу се израдува, се смееше душа моја, сега веќе знае..уште некој ден и се префрламе во др тема од 6-12 месеци. Не ми се верува дека 6 ќе прави како лета времево то чудо е. Денес сме на роденден кај еден батко па ќе го носиме. Еве го в раце ми спија еден сат ми е грев да станам, ако го легнам одма ќе се разбуди, па ги вежбам рацете Убав ви ден на сите
Нормално е, моево од 2 месеци со рацете в уста е, се лигави мислевме до 3 месеци дека забче ќе има, но еве 6 сме нема уште забче
Еве сум и јас, новопечена, 4 дена мајка на маже мало . Ќе се дружиме, се надевам само за убаво. Имајте убав ден!
@monik55 сега гледаш како ми е мене веќе еден месец со ова вртењето Не можам минута да го оставам сам, веднаш се врти. Синоќа пак спиеше свртен на страна. Неколку пати му успеа на моето и од стомак на грб, ама поретко се врти така. Генерацијо, ни пораснаа бебињата, за недела-две ќе се префрлиме во другата тема Овде гледам има нови тазе мајки, уживајте во дружбата Од кој период се ставаат во дубак/џампер? Уште немаме купено за бебо, си мислам рано е.