Ви завидувам што имате бебиња кои што спијат. Мојата бебушка преку ден има кратки дремки од 15-30 мин, многу ретко да сврзи 2 часа. Цело време си е будна. Таман ќе почнам нешто да работам низ дома и оп се разбудила.
@FreeMind Јок не успева така се влече со газот и џмури во перница. @lackygirl Уживај уште малце иначе нема шанси оставање сам минутка. @happygirl Колку брзо растат тоа едно чудо. Ама како брзо се врти како федерче Ноќеска викам ајде со мене ќе спие за да не се врти но тој јок се свртел во спиење и џмури со главата и вика,среќа што го сетив. Ептен имам страв да не се угуши. Мојов почна и да плаче ако му земеш нешто од рака
Јас сум со две екипи, едната стара и многу сакана екипа која се префрла наскоро или е во 6+ и екипата исто сакана која ме пратеше до крај на бременост они се 2+. Вие одете научете нешто во новата тема Брзо растат многу!
Јас нема да ја ставам во дубак сакав во џампер ама прочитав дека не се добри ни едното ни другото така да ништо, незнам замена за нив која е ама је мора да се најде нешто
Ние сакаме шишето сами да си го држиме и успеваме. Штом ставам шише одма двете раце ги става на него. Цуцлата ја вади за рачката и не ја враќа гумата во уста туку пластиката. Две три вечери има пореметено спиење и не сака да цица. Инаку она победи, се измолзувам... Влезени во 4рт скок. Вие што го поминавте четвртиот скок што мака и промени видовте? Дугачак бил...
Кај мене следната недела вели дека и е последна од овие промени. Али првите две недели беше “ништо не сакам” и плачки. Потоа се беше по старо. Промените се речиси огромни. Секој ден има нешто ново. Ова со цуцлата е исто од овие промени фатот со двете раце, почнува да седи потпрена, сама се крева, погласна е, бебето е веќе пораснато скроз друго бебе. Се врти до страна, испушта недифинирани гласови, знае дека тој е омилениот цртан, ја препознава музиката, препознава “кај е ози” се врти со очите накај него го бара, на стомак е поактивна и сака да биде на стомак. Се и е интересно. Кенгурот го сака. Хранилката. Софка. Еве ова видео изгледај го и види што од ова прави твоето. И не секогаш едно бебе прави се. Едни развиваат моторика други развиваат умствени капацитети. Едни повеќе зборат, други повеќе се движат. Впрочем затоа и сме сите различни https://pathways.org/watch/4-month-old-baby-typical-and-atypical-development/
Го изгледав видеото. Добри сме значи. Сега кога е плачка ја ставам на страна и на страна се смирува и заспива. Се тегне сама сака да седне а имаме уште време... Претходно на стомак плачеше сега сака, можда не долго време ама 2 до 3минути секако. Нозе дига горе цело време, го трга ќебето. А и има борба за местење памперс. Многу ми е интереснс когс поминува некој покрај неа како го,, мерка,, од прва точка до крајна дестинација. Многу сака небо. И свекорот штом го виде веднаш се смее. Има промени, се гледаат. Едвај чека да седе ама сеуште и е рано. Освен во релаксатор под тој агол некако друго ја,, седнуваш,, ли? Уште цицате? Патем, малата софка да и ја земам или големата? Видов малатс има рачки, големата не.
На 135 степени седи во количка и во хранилка, во раце и на речиси 90 така и е поубаво. За раце ако ја тегнеш седнува сама. Ако ја оставиш во полулегната позиција се крева и плаче, не сака. Малата софка ја имам, супер е. Цица секако. Без цицка нема живот )
кај мене уште трае уште 20 дена денски не сака да цица сонот му се поремени скроз не сака да спие нсвечер секој саат станува да цица се молзам и јас не седи во релаксатор денеска и во количка не седеше , само на раце сака , почна гласови чудни да ваѓа се смее на глас исто сама сака да фаќа шише сега засега овие се промените ама многу тежок скок за мајките:/
До пред некој ден уживав во мајчинството, но последниве три дена бебево ми ја зема цела енергија. Проблемот е што бебето кое е во трета недела, постојано сака да ми биде на града и цица на секој пола саат некогаш и на помалку. Пробав дохрана со АД зашто мислев дека е гладно, ама изгледа не е до тоа. Цицајќи ми заспива на града а штом го оставам се буди. И така цел ден во раце и само цицаме, не можам ништо од него, немам време ни да јадам. Едноставно сака да го држам и да цица па дури и кога веќе е градата празна. Цуцла лажливка не сака. На интернет прочитав дека исти симптоми имало при скок во развој и дека имало некој скок во 3 недела, но дека траел 2 дена. Епа кај нас еве трет ден како се мачиме што значи не е тоа. Ви се случило ли на вас и што да му правам?
Значи истото ми го правеше 2 цели месеци, дење, ноќе само цицаше, немој да мислиш дека е гладно, не давај АД тоа само ја сака твојата близина, напорно е да но верувај поминува брзо, нејќеше ни цуцла ни чај ништо, само цицр, викни некој на помош мајка, свекрва, сестра јас да не беа мајками и свекрвами ќе попуштев жими се...ама еве сега 6 месеци е и сега не цица на секое, јас имам млеко и ми е криво малку се молзам и го турам. Ќе го бараш после тоа време, оти само еднаш е.....
Па бевме кај матичен и кажаа нешто демек од зреењето му било не знаеа ни они. Сега сакам на приватен да одиме.
Па јас колку што сватив дека скокот 1 е во 5 недела, може да фати дел од 4 ама според време предвидено за раѓање а не самото раѓање. И кога трае, не е само 2 дена туку може цела една недела. Моментално мојата бебка е во овој прв скок и ги забележувам промените опишани за овој скок.
Секогаш крвта ми се заледува кога ќе ја најдам во ваква положба. Или со раце и нозе заглавени во решетки. Оградици тргнав оти еднаш ја најдов со главата заринкана под нив. Како е најбезбедно не знам ни сама.
Ве читам за спиењето и вртењето. Ние сме 6 полни месеци и некој ден. Спие само на грбче, од вртење го врти само главчето. Никогаш се нема свртено настрана, уште помалку на стомаче. Спие најчесто по цела ноќ, си врзува по 8 часа, но спие доста немирно. Го поткрева газот, мрда со ноџињата, удира со петите и ја врти главата. А највеќе ме нервира што вртејќи се ги витка ушињата, а навечер не ставам стегаче од разбирливи причини.