Ами што ќе ви е ако е тенко, кое чаре од него? Јас на тие перничиња не им ја разбирам потребата никако.
Тогаш и обична тетра пелена ќе ви заврши работа. Јас ортопед слушам. Да спие на рамно додека сака. Перница кога ќе посака, и не многу висока. Големиот ми е осум години, почесто спие на рамно отколку на перница. Малово исто, на две и пол години почесто спие на рамно отколку на перница.
Како сакате така, ама кога се мали многу лесно се деформира телото, мора да се внимава. До 2г дете спиеше на рамно, без перница скроз, на 2г почна се почесто да бара да спие на нашата и му ја дадов мојата анатомска.
Добро мамички фала на советот ке го применам искрено на почеток повеќе ни требаше сега си се врти на двете страни убаво си спие
Мојата 2,5 месеци сеуште спие на рамно,т е.на тетра.Ја оставам на грб најчесто,сама си ја врти и мести главата.Засега немаме проблем.Преку ден само по малце знам да ја ставам на мало перниче чисто за промена,инаку за спиење на рамно. Почнав и на стомаче да ја ставам по малку и стандардно вежбички со раце,нозе.Главчето уште малце фали да го држи скроз стабилно. Сега во четврток сме на вакцина(првите 2 ги прими во болница),ама се мислам да ја одложам за наредната недела,пошто во сабота правиме крштенка, да нема некоја реакција.Плус малку подкивнува.Вие како поминавте со првите вакцини?
Da duso vo pravo si ama tuka edni doktori sto imame sto da ti kazuvam go nosev maloto na ortoped i sami mi kaza redi povoj i dojdi za eden mesec na kontrola nisto drugo dur da go prasam toj si izleze abe steasna rabota najdobro da si go odnesam negde na strana barem da se konsultiram za se kako i sto treba
Иако ви изгледа тенко перничето, вратот му е уште потенок отколку што мислите и може да дојде до искривување. А знаеме дека таму лежат неколку битни пршлени и ете беља. Затоа ортопедите викаат Без перница никаква на рамно и тврд душек.
Леле бе неможам да читам па зошто ги продаваат тогаш и тоа од 0+ демек се и дека се за оформување на главче ми се заледува крвта кога читам
Тргајќи каква е формата на перничето јас гледам одличен маркетинг трик “перница за оформување на глава” кај бебе. Прво перница не може да оформи глава, а второ бебји бизнис ти е продавање слама бидејќи ние како родители сме лесни за подведување во име добро на детето. Затоа ќе не лажат до кога сакаат. Најголем профит ланската година беше во овој бизнис. И не е само перницата. Јас пример ќе ти дадам со ергономски кенгур 0+. Ортопедите велат кенгур е од 4+. Јас гледам позната фирма нудат 0+. Ја ставам од втор полн месец да се навикне бебе плаче штом ја ставам. Значи расцепот на нозете не е возможен за 2+. Сега на 4+ малата точно седнува како што треба и нозете и паѓаат онака таман. Не плаче. Не плаче ни во релаксатор кој е исто 0+. А е таман од 3+ реално. Исто беше и за транспортерот 0+. Бебето пливаше во него новородено, а ти треба со каиши да го врзиш - значи чист маркетинг. Побезбедно е како во авион на раце на тебе и да го држиш на глава. Корито за бањање 0+ и да лежи бебе во него. Оди легни го после болница Значи мила моја треба ортопедите да ги слушаме зошто они знаат што е бејби индустрија. Џампер, проодувалки велат не.
Се е така лесно веруваме на добра реклама многу полесно им било на нашите немало вакави ствари па еве не нормални сме, тоа е ке знаеме за второ за првото сме секогаш потресени и правиме грешки
За дел од работите се слагам, ама за транспортер не, бебето е безбедно само во транспортер. Јас имав недоносено и мало бебе па успевав да го наместам, имаш транспортери со влошка за новороденче, ќе купиш таков а не најефтиниот. Исто и кадичката, од прво бањање без папоче се бањаме во него, никаков проблем. Релаксаторот наш е од 2м, оние рамните се 0+ пошто стварно се рамни и се помош. А апсолутно, со бебиња најмногу се прави бизнис, какви гаџети не има.
Од најефтините сигурно немам купено. Уствари требаше да купам ќе заштедев. Во принцип купувам според најдобри препораки цената никогаш не ми е критериум за да купам нешто. Две да ставиш влошки за новородено не можеш да ме убедиш дека пасува новородено бебе. И тоа моето 4 кг родено пливаше внатре во транспортер до 13 кг. Од болница кога идевме се прашував како е можно седиштето да е за новородено. За кадата исто. До пред еден месец ја држев во рака бидејќи седлото 0+ во кадичката не беше реална и бебето не беше во состојба да се постави на тоа. И таа не е ефтина верувај
Па не стална ама лакомо е поголема количина пие, малку цица по 5 минути и заспива, обично после цицање му давам млеко и цело го пие по 30 мл. Го држам по исправено подолго време и само што ќе го ставам во креветче ќе поврати. И сега не го пуштам од раце после цицање.
И мојата спие на рамно од почеток, сама си се врти лево десно со главчето. @Ladyyyy567* ние ја примивме првата вакцина на 2 месеца и немаше никаква реакција освен малку местото кај што беше боцната и беше тврдо. Не беше ни кенкава, буквално како да не сме примиле.
Морам да ве прашам дали е нормално да кака зелено измешано со жолтеникаво? До сега после мекониумот само златно жолто какал. Денес зелено???? Немам јадено спанаќ или нешто зелено. И дали знаете всушност после колку време од мојата храна би се излачило во млекото или столицата. Вчера јадев за доручек баничка со урда и спанаќ ама до денес попладне???
Не луѓе, не е такво детето, нема што да се помирувам, едноставно детето си има мака. И јас да имам мака ќе бидам "таква". Проблемот е што сакам да му помогнам а само барам начини, искуства, совети како и секоја мајка! Знам дека менуваат и сите бебиња се различни, ама неможете при грчеви што очигледно мака мачи дете да речете "такво е детето"! Ако немате појма како да помогнете или баш ве брига не коментирајте воопшто.