Дали треба да се мачка цело тело со павловичева? И тоа што почнале да му се љупат рачињата дали е нормално?
А лекар што ти кажал, го прегледал детето? Мајкиве тука не можат да ти кажат што мака има, ако ја има. Затоа има доктори.
Земав од бекутан капките за грчеви и чајчето ама не смеам да му давам, незнам како.На нив пишува после доење со течност, епа со каква течност директно во млекото? Педијатарот ми рече еспумисан ама јас земав бекутан. Ништо незнам а нема кој да ми покаже, ни патронажна ни ништо.
Измолзи малку млекце и капни. Зошто Бекутан непроверени работи, некни излегоа на пазарот, не ли ви е страв. Доктор ти рекол Еспумисан ти Бекутан, зошто?
Два вечери спие со мене и пак се врти и јас жива ненаспана. Сега го заспав во количка и тоа врзан оти пак ќе се сврти додека не си легнам јас. Се мислам и јас за монтажно но ќе зимаме за кај моите или може ова да оди таму а монтажното тука. Како бекој терориста е само што ќе го легнеш се врти
Што да ти речам, мојот транспортер е до 9кг, бебе таман пасуваше во њуборн влошката. Исто и киритцето, ОК бејби, старо е 10г, со внука ми го земавме, таман му беше на моето. Кога почнавме да го ставаме имаше едвај 2.250. Не ти реков дека не си зела скапо и ич не е битно дали е скапо, битно да функционира, а оние транспортерите на пластичарска за ништо не ги бива, со дупка некоја чудна, не пасуваат стварно, на тоа мислев.
Никако! За цело тело има други хидратантни креми кои се полесни и не ги затвараат порите, а павловичевата е мрсна и само за пеленскиот дел. Инаку за лупењето на рачињата, колкаво е бебето?
Јас давав еспумисан од 2 недели до 3 месеци, му ги давав по 25капки со чајче после или пред доење, грчевите само ги ублажува не поминуваат скроз. Не се плаши. Др за грчеви земи тетра пелена и стопли ја па стави му ја на меше помага и топло за грчеви.
Мислиш дека има грчеви? Многу е веројатно да се они. Ставај му термофорче или купи трици и стави ги во чорапче или мало перниче како што шиеле едно време. Кога плаче уклучи фен, аспиратор, некои бебиња ги смируваат тие звуци. Промени ги и капките. Обично да дадат ефект бар 7 дена треба да се користат. Знам дека си наспана, неодморена, загрижена, ама кога ти си смирена и бебуш ќе го чувствува тоа. А оти не му даваш да се врти? Па тоа е нормален процес. Не е кукла, дете е , има инстинкт, нема да се угуши. Мојот од 2 м спие на меше. Замисли тебе да те врзат да не се вртиш. Добронамерен совет стај го во креветче и остави го да се мести како сака. Ќе спие помирно. Ти ќе надгледуваш нормално.
Мамички во последно време малата речиси на крај на секој подој е многу нервозна (немерна) се мава од града ја влече ја пушта, незнам што и е ја тргнам сака уште ја вракам праве глупости. Правеле ли вашите вака? Што е ова си игра ли или грчеви се или што?
Како дојде ова детето си врзувам на сила. Додека заспие морав така се врти се тегне и вика на цел глас.
И моево до ден денес дур не ја укопа главата не заспива. Или обавезно дел од покривката допрена на глава. И јас се плашев ама ја оставав да се намести и си спие помирно.
Ептен се плашам да не се угуши. Два дена се бориме само што ќе го легнам одма се врти едвај пелена му мењам. Затоа го ставив во количка да си заспие убаво па го префрлив во креветче.
Да, секако дека го прегледал, тука може да се каже искуство, доволно е Ги зедов денес биогаја ќе пробам со нив по препорака од доктор
@Adeline за грчеви ли ти ги дале биогаја? Тие се пробиотик ивпишува дека понагаат и за грчеви ама кај нас и нема баш ефект.