Ние за во ист кош заедно.Со ова шмукањето веќе неможам да препознаам кога е гладен кога не.Претходно кога беше гладен само,а сега постојано па неможе нон стоп да е гладен. Околу бањањето уште сака да се бања дури се смее,убаво му е ,ама истовремено бањаме, пееме,ѕенѕаме се правиме само да не плаче,ние сме за смеа ако не гледа некој од страна
Значи и ние сме исти, како во стрес, што е можно побрзо да се облече, што не правиме за да не плаче ич не ја оставаме да заплаче. Е сега ме интересира, му давав млеко по 30мл. Сега зголемив на 40 и да чукнам во дрво нема да повраќа. Меѓутоа она сака уште и незнам да не ја изгладувам, а на цице по малку цица и се изморува со шишенце полесно и е. Исто ме интересира пред да се измочка плаче, дали ја боли незнам. Утре сме на педијатар па ќе видиме што ќе ни кажат. Првиот пат од пуштање од болница и наредните 7 дена ни намали на тежина, зошто ни кажаа само на цице ама сега сме на дохрана се надевам има качено се е добро си јаде си кака.
Порано се чудев кога ќе речеа кој го бања, како го бањате, цело време велев па за едно бебе ли е толку проблем (тоа кога уште немав бебе јас). Сега гледам што била работата, па ние цел театар правиме додека се бања . После тоа сме претепани како којзнае што да сме правеле со сопругот
Оф бе маки. Мојава ужива во бањање, ама после тоа е хорор. Вришти, помодрува, сака уште госпоѓицата. И ние се правиме будали, пееме, се вртиме, маж ми и тропа со едни пискави играчки, абе уши ми пара. Јас ќе полудам овие неколку дена. Беба почна да ми цица по буквално 3 минути и со вриштење се трга. Гледав на саат и точно 3 минути се. Не знам што и е. После доење се одмолзувам и гледам дека уште млеко има, а кога убаво ќе се нацица не можам ни 10 мл да извадам. Прстите ги шмука веќе неколку недели, последниве 10 дена многу густи лиги и течат. Се надевам нема сега заби да и излегуваат неполни 3 месеци е. Ќе ми се врати ли цицачот мој? Се надевам дека е само фаза.
Нормално е да намали од родилната тежина неколку грама првите денови.Околу цицањето малечко е уште се изморува неможе толку многу да исцица, и кај мене на почетокот не цицаше многу па се измолзував и му давав во шишенце, така му е полесно не мора да влечи многу. Околу количината незнам точно со Ад колку треба веројатно пишува спрема неделите колку треба или прашај педијатар најсигурно. А зошто ако имаш млеко му даваш адаптирано?
Скок во развој, ќе се врати цицалчето.Мојата беше иста.Траеше околу една недела и тогаш почнав да и давам пред да огладне, точно на 2 часа.Ако беше малку гладна,со вриштење едвај почнуваше да цица.И точно 3-4 минути ќе изголта со големи голтки и престанува.Еден ден ја оставив цел ден на града,цица па спие па пак цица итн.И потоа се врати.Скокот е таков.Тој во 3ти и овој сега во 6ти ги запамтив.Другите не толку. П.С. Нема врска со заби, почнува орална фаза кога со устата испитуваат што ќе им се најде во рака, а пред се раката.
Оти, што се деси? Кај мене денес не е расположена ич. Плачлива, уплашена само во раце. Има некоја фаза во која се плашат?
И син ми навечер како да се плаши во спиење, но и стомачето го боли. Се намачивме со тој стомак. Решив да не давам пробиотик и ќе паузираме со пробување вкусови. Се изнамачи, вришти и само прди и ги тегне нозете. Се буди постојано плачејќи ноќе. Да видиме дали вака ќе се оправиме. Нема што се не пробавме, од стомачето ден не сме биле раат. Коликите ги пребродивме, сега продолжуваме со обични грчеви. Дали некогаш ќе имам и јас бебе што не го боли стомаче и ќе си спие нормално ноќе? Ако му е подобро, ќе продолжиме подоцна со вкусови,а може и не е до тоа. Многу мајки почнаа со вкусови па не се жалат, а ние се тоа па тоа.
Вчера сабајле почна да кашла. За некои си 5часа и се влоши, опструкција,темперстура, кивање, кашлање. Денес кашла у велико, незнам како да и помогнам. Сношти олесни малку од кортико инјекција, мораше. Денес сме со сируп и инхалации. Секој совет ми е добредојден...
А колкаво е бебчето? И моево беше на сирупче 7 дена, сега знае да кива ама не толку често, и знае да кашла исто не толку често, му ставав физиолошки капки марисол ама мислев дека нема потреба од нив со чепкалка за уши. На почеток икаше неколку пати на ден сега по еднаш.
За некој ден правиме 4месеци. До сега ниту со носе сме немале проблеми. Ова наеднаш како некој ураган... Сега од инхалацијата е разреден мукусот и хрче, убаво би било сега да искашла... Денес сака да јаде, инаку одбиваше млеко. Алтернативна медицина, совети споделете... Патем во аптека гледав вакви и Мукоплант за масирање нс база на еукалиптус. Искуство да имате случајно?
Нека оздравува моник.. Ма почнаа интеркосталните простори да и се вовлекуваат, да употребува и абдоминална мускулатура. И на предавања/вежби трубеа дека неколку часови се во прашање, така излезе. За кратко време се влоши се.