Не не и не...верувале неверувале... Значи вака заспива од 9 до 10 вечерта, спие до 12 немирни, После станува значи буквално на секој сат или пола сат цица и презаспива, вака е 2 месеци, и дење не спие многу има неколку дремки по 1 сат или по пола сат и така секој ден
Веќе не верувам во скокови,или пак моето го поврза четвртиот со петиот. Од денеска официјално влегуваме во петти скок,ама според однесувањето на синко никогаш и не излеговме од четвртиот Ред никаков не можеме да фатиме,иако вчера наполни 5 месеци. Таман мислам сме фатиле ред, синко решил да менува. Заспиваше во 21- 21:30, сега почна и 23:00 да не фаќа, а рутината е таа: бањање во 19:00 и почнуваме со успивање во 20:00. Ама почна да се буни,па плаче,па не сака легнат,станува и се така додека да заспие. Повеќе од 2 часа врзување ноќе не сме имале, многу лесен сон има и се буди на најмало шушкање, ноќе се буди по 3-4 пати, се случува да заспие,за 20 мин се буди само да го земам во раце,и продолжува да спие,го ставам во креветче,се буди и се така во круг Јас мртва уморна,а тој си спие во раце. @FreeMind @lackygirl не сте сами. Потполно иста ситуација. Дури и преку ден едвај заспива,а спие по 30 мин. Го гледам дека му се спие,ама не сака да заспие. Откако влегов во 7 месец во бременоста до сега немам спиено како човек.
Нас ни пишува дека сме во 4рт скок, ама уште сме мирни... Сеуште не сме стигнати до грмотевиците. Сношти заспа кај 10 вечерта. Стана кај 3:15 јадеше. Па стана кај 7 и нешто. И преку ден си праве дремки по 15мин, 1час,вчера 2 часа една партија спиење имаше. Кога спие со мене почесто се буди. А со свеки не, и цврсто спие со неа.. Преплашена со вашите мислења со 4рт скок, само очекувам торнадо.
Исто и јас од 7ми месец бремена до сега немам врзано поќе од 4 часа спиење. Мајками вели многу е радознало детево се сака да види затоа не спие ај дење нека не спие ама барем ноќе да спија
Tesko tebe I moeto na pocetokot bese taka posle ne a za kasno I jas si sedev I prethodno do kasno oti cela bremenost si bev na boleduvanje davas li mu kasicki veke od tie noknite ako ne davaj mu znam oti I tvoeto e kako moeto otprilika 6 meseci
Вие до седми сте спиеле? Ма вие сте бомба! Од петта недела како почна лошењето до крај трета смена ја држев. Ништо не ми се погодуваше. Може бебево затоа не спие сега фатила ритам Денес не можам да и погодам ништо плаче за се. Ќе ја носам и на терме да ја бањам у базент. И ако потоа не заспие не знам како да си помогнам. Вчера сама на страната од кревтот спиеше да не и тесно, со прозор на кипање и чаршав само облечена на боди на кратки. И се потеше. До неа јас со јорган Не за џабе се роди на роденденот на мајка ми она зимно време со отворен прозор спие, склет жена.
И мене цела бременост ми беше со мачнини и ноќе не можев да спијам се будев околу 3-4,па седев будна до 6-7 , па си спиев до 10,кога бев втора на работа,кога бев прва бев ненаспиена. Ама како и да е до седми месец имав денови кога спиев,иако голем спијач никогаш не сум била. Ама после седми кога почнаа киселини кои траеја цел ден,ама најинтензивни беа ноќе и кога ме болеше и грбот и колкот,кога не можев да се свртам во кревет, и не можев да спијам и дење и ноќе. Еееее,оттогаш почна моето неспиење кое трае и ден денешен. Попладнево си отспа дечкото,ама мама да лежи до него и да е стуткан до мене. Тој наспан,а јас кај ненаспиена,кај ништо работа не завршив,па ми требаше 20 мин да си ја откочам раката на која привремено и беа изумрени сите нерви. Морав да лежам потпрена на лактот за на мали да му е удобно. И секако завршив со вкочанета рака,а бебко веднаш сака од кревет во раце
Сте давале до сега витамин Ц на еден месец бебенце? Требаше сидерал само, ама во аптека ме убедија требало и витамин Ц..ја прашав докторката вика Ако,може. Епа плаче цел ден детево, излеа желудничето и се прецвика со витаминот Ц... ќе си пукнам
Од железото е поверојатно дека има мака, не од витамин Ц. Мора витамин Ц за да полесно да се ресорбира железото, а млекото ја попречува ресорпцијата. Гледај да е поголемо растојанието меѓу капките и млекото, важи и за железото и за витамин Ц.
Е знам дека така утнав, немаше големо растојание после оброкот... едвај 10 мин. дали поминаа... пијам јас Ц скоро секој ден.. и апчиња за железо и сируп исто .незнаев дека и така може преку мене не ми кажа никој
Ако доиш може и преку тебе да добива се што треба. Знам дека е проблем давањето капки, оти мало е, уште спие по цел ден што се вели. А толку ли е низок хемоглобинот што мора да се даде препарат толку рано?
Уф, ич не знам како би ги давала. Пред млеко пола саат ако даваш, ќе се убие од плачење, дека гладно. Пробај пола саат после млеко, иако спие. Капка по капка во устето, полека. Нема ни да сети.