Pocna i nosot da i cedi i go iscistiv placee nznz ni pie nisto pree se udri so ijracka na nemcata malku mi zajdee edvaj e vrativ nz ja izbanjav i sega zaspa a.glavata i e topla i dadov paracetanoll
Еееее не си требала да ги фрлиш. Во 4 скок постои можност да ја фати. Мојот никако не сакаше, од било која цуцла му се гадеше само што му ја ставам, бев сигурна дека никогаш нема да сака цуцла. Влезе во 4 скок и пробувам цуце, го сака. Е сега,не да е нешто многу инпресиониран и не заспива со него,ама одвреме навреме се залажува со него. Обично кога кенка без причина му го давам и 2-3 мин го цуца. Мислам дека и @SaNJaAaaAaa имаше пишано дека бебето во скокот и прифатило цуцла.
Не се познава. Ке приметиш не се секирај има време . И маж ми тоа ме прашуваше дали мочкало детево наше Колку пати ке ти се погоди на мењавање памперс, само шо си го средила, намачкала помада да ти се помочка, а не наместен памперсот.. ехее
Ти ли му менуваш пелена или од надвор вака не се приметува? Првите денови додека го цицаат колострумот мочкаат по помалку, затоа добри се пелените со индикатор, истиот се бои и од малку урина. Веќе дома кога ќе ве пуштат мораш да пратиш мокри пелени, тие ќе ти бидат знак дека добро цица бебушот.
Јас менувам срц.Никој не те гледа.Па има индикатор на пеленчето пошто бејби лов користам ама не сум приметила. Ох,тешко мене ќе биде. Сега ќе ве утепам со прашања ќе извините ама тоа е.А за нос ако и се затне што ќе правам? И пишете ми по нешто да знам,на пример педијатар кај да носам и такви хитни работи.За скопје зборам,околина на Ново лисиче
Ако имаш баш Памперс пелени ако линијата е плава значи мочана е. (Ок сега читам и твоите имаат индикатор.)Или спореди ја во тежина со нова пелена. Ама првите денови не мочаат и не какаат многу. Дежурен педијатар имаш во Јане Сандански.
Чудно, јас и со двете не сум менувала памперси во болница, затоа и те прашав. Ко што ти кажа Маја ако индикаторот се обои сино значи мочкала. За носето ќе си купиш физиолошки раствор и аспиратор за бебиња, Носе Фрида, Носко или такви слични и кога ќе има мрсули ќе капнуваш во ноздрите од физиолошкиот па ќе влечеш со аспираторот. Што има нејасно прашувај, не се устручавај!
Фала женски,и ја да биднам мајка.Се изнаплакав прееска ме фати постпородилна депресија. Пелени сама менувам,за млекце ги молиш да и дадат ,имам ама крв ми се брадавиците гризе малата а за бањање не ми покажаа.Се на се совет ни еден.Само стискаат цицки сите по ред млеко дали имаш. Цел ходник ечи зона радио.
Арно ти рече прееска Фри, свикај малку таму, тоа им е работа мора да ви покажат барем за доење. За бањање обично не покажуваат никаде, тоа дома ќе се учите со маже. За брадавиците си требала да земеш ланолин да мачкаш, ако не си порачај на некој да ти купи оти ќе ти треба.
Кога си беше бебе кај мене и јас му менував па колку пати ме измоча додека му ја сменам,па барав други шпихозни. Ако имаш млеко и цица не даваат млекце туку упорно ставај го на гради. Болката на брадавиците ќе помине за некој ден. Ланолин не даваат они ќе си земеш утре дома и ќе си мачкаш. За бањање не покажуваат ќе си се научиш сама полека. Баш ми е жал што ти се погодило вака,јас поплака имам само од патолошка горе беа супер. Побарај ја младата Лејла што ги носи бебињата и им дава млеко замолија убаво да ти објасни она е многу фина. Исто и постарата женичка со црвена коса она мене се ми покажа.
https://www.facebook.com/12406721164/posts/10157444930366165/ They are growing their brains вреди мајки да се прочита
Бангладеш. Јасно. Кој стрес го доживуваш мила моја. Ќе те пуштат за брзо па дома викни некој да ти покаже. Не мора да е перфектно. Битно е да не и протече пелената за да не настине. Гледај видеа како подобро да ја залепиш пелената. Ако е мокра кога ќе ја стиснеш доле пелената е како гел или мека што би рекла мајка ми. И мириса на урина мирисни. Носето ќе и биде често затнато тоа е нормално до втор месец ќе мислиш дека е настината најчесто навечер. Ставај и солени капки и само ќе и се отне на цицање. Многу често се затнува не се плаши така треба. Температура до 38.2 за новородено е нормална од 37.8. Исто не се плаши, над 38.5 се става чепче за температура имај си дома. Исто се дави често од плунка. Мести ја на почеток на страна навечер. Позади грбчето стави и перница да ја потпреш. И врти ја на секој подој на двете страни. За цицање најкасно на три саати буди. Најкасно прв месец. Не и ставај нараквици дома. Немој случајно капа на спиење. Ја регулира температурата преку глава. Дали и е топло или ладно ќе знаеш кога ќе ја допреш на вратот стави прст. Проверувај често. Со раката проверувај често да не е протечена на страна протекува пелената. Запомни ако образите и се многу ладни тоа е знак дека е протечена. За да не настине внимавај на ова. Ќе испушта чудни крикови на почеток при спиење исто нормално е ќе го снема потоа. После седмиот ден може да почнат грчеви ги витка нозете и плаче во одреден интервал секогаш пример од 15 час до 3 на полноќ. Ти требаат нерви за ова трае со месеци. И подготви се на војна дома. Исто на зборови од типот : ама јас одам на работа треба да спијам. Земи си прачка накај дома да фрскаш оти никој нема да те разбира првите два месеци како ти е. Поврзувањето со бебето исто е процес и трае. Ако имаш мисли необични, се чувствуваш ладно кон бебето и како да не е твое е исто нормално. Ќе се запознаете постепено и ќе се заљубуваш одново и одново секој ден во неа. Една нова љубов е тоа. Се буди бебе со триење на дланката кон палецот во таа линија. За бањање викни некој да ви покаже. Не е тешко како што ти изгледа сега. Внимавај на папокот. Плус патронажна сестра има викни нека дојде дома. Се бања само со вода и некоја капка уље бебешко во водата. Никакви хемии на глава не му требаат. И не знам друго што ми фали за почеток. Ни јас немав бебе фатено во рака. И види колку сум научила додека те чекав ) ( мајка ми ако не беше готова бев искрено)
@FreeMind мајка не да ми треба некој за помош него би убила за истата.Мм ќе помага не се сомневам само го заебаа за одморот да го земе Ова со затнато носе и со ждригање-бљуцкање ме плаши ептен. Грчеви иначе веќе има ,што да давам? И рачињата и се ладни често .А инаку за папокот не ми кажаа ништо до сега. Еј,се ќе се научиш дома
Честитки среќиче Мојов ждрига и бљуцка во млазови пошо е лаком сака 2те да ги цица само држи ја исправено некое време после секој подој не ја легнувај одма. Ние немаме грчеви ама му давам waya пробиотик по 7капки дневно можи од тоа е. Ладни рачиња и мојов имаше па кога цицаше го покривав убаво да се затопли оти во спиење ги вади рачињата, можиш и ракавички за почеток да и ставиш. Папочето најнормално ке си го водениш во капење само после убаво ке го истапкаш со тетра од околу да се исуши скроз. Јас не го чистев со ништо се дури не падна, па после го чистев со хидроген. Ке се снајдиш сама со се. Самиот инстинкт ке ти кажи што како треба и никој поубаво од тебе нема да знае Јас од толку луѓе дома уште на никој не му давам да ми се меша, се осеќам како 3 да имам исчувано до сега
Рацете, нозете и носето нормално е да се поладни, уште нема добра циркулација. Тие не ти се индикатор дека и е ладно. Како што ти кажа Фримајнд, на вратчето ќе проверуваш. Папочето се чисти со алкохол и хидроген, ама кажи им таму на ненормалните убаво да ти објаснат. Исто така и патронажна ќе ти дојде ќе ти објасни. Мене барем многу фина женичка ми се погоди. За грчевите многу ќе пазиш на храна. Мешункасто и цитрусно не. Луто не. Конзервирано не. Фаза е што мора да помине и не мора да значи дека со месеци трае. Мојава 2 недели имаше. Ќе земеш и пробиотик (мене Ваја ми се погоди), и некои капки за грчеви (Еспумисан, колиеф. . Ама и од тие само 2-3пати јас дадов) . Жално е, напорно е ама ќе помине. А да, многу ми помогна од билна аптека чајот за доење, затоа што плус има некоја тревка за грчеви кај.бебето. 8-9 вида тревки се мешаат и доволно е за еден месец. На беба не сум и дала ништо да пие во тој поглед. Ајде ќе се навикнеш. Изгледа нормални се тие плачки и лоши мисли, јас секој ден во вц си плачев (и плус пред маж и мајка).
Е нели доаѓаат сестри на ГАК да менуваат пелени во Струмица кај нас доаѓаа менуваа пелени два три пати дневно
За грчеви прашај за инфакалм а за плачењето тоа не е постпородилна депресија туку бејби блу постпородилна депресија е нешто друго јас ја осетив на своја кожа и сега ради неа морам да прекинам со доењето и да пијам антидепресиви еден ,два месеци многу е гадна пустата ама тоа е ќе помине ми рече Др која ми даде елицеа
Рано и е за грчеви. Плаче од страв од непознато. Сега само земај ја и ставај ја на тебе овде така советуваат први недели. Значи тргни се од тебе и стави ја на гради да го слуша срцето. Она девет месеци го слушала само твоето биење и звуци од надвор. Сега тоа ја смирува. Исто многу добро се покажа да и ги повиеш рацете така подобро спие. Треба да биде како фишек подвиткана да не прета и не се плаши. Земи една тетра и направи ја триаголник. Бебе стави во средина и од двете страни префрли ја посилно да држи. Иначе многу си фина. Верувај дека ако и свикаш на некоја таму одма подруго ќе биде. Простотилок светски. Мора да ти објаснат!
Завчера на една стара и свикав кога ме стисна за цицка да провери млеко и ја тргнзв раката ,па се наљути и ми ја зема да ја дохрани.И цела ноќ си плачев по бебето.Јас се приврзав поише него она за мене.Иначе ја ставам на гради се соблекувам и оно цуфче бре одма се лепи и спие ли спие најубаво нешто.Ова со фишек да пробам,свеки ќе ми покаже.Инаку успеав да измолзам околу 40ml-cc млеко од двете гради со пумпица сега,ми олесни малце За колку време ќе се смири болка во гради.Да земам ли со силиконски да пробам за рани.Едни брадавки што имам поголеми од муцето на ќерка ми