Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.231
    Мамички,еве една корисна статија околу правилната положба на бебето,при спиење,носење во кенгурки и во колички. (иако е своевидна реклама за нивниот производ,ама нема лошо од информациите,нели)

    http://www.bobafamily.com/research/stro ... nt-stress/
     
    На lolyta777, Unique.chick, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве денес на рапорт, фала му на Бога за среќата денес сме супер. Си ручкавме, се искапивме, си гугавме и игравме, па пак цице и со гушкање си заспавме. Сга конечно по недела дена уживам во добро кафе со мм и благо, како дојде прославување после две бурни ноќи.
    А ова читнав од статијава Лилит што ја постира и да знам овие детскиве седишта за во автомобил ми се некако сумливи што бебињата како скупчени се внатре, ама па што се мора се мора-правила и прописи. А за положбата за спиење, како ги ставате да спијат малите? Моето уште од болница само на десна страна сакаше да спие, ама јас го вртам и на лева за да не му се сплеска неправилно главчето. Ги ставате вие на грпче со главчето на страна, или на бок? Моево сега почна само да се врти и превртува веќе 4 дена има, стави го на лево тој на грб, па на бок си се превртел од др страна. Многу поделени мислења има за тоа која е правилна положба за спиење и искрено многу се мислам. Кои се вашите мислења?
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јас ја ставам на страна и повремено ја превртувам. А гледам денес јас на страна она на грб, почна да ми шета детето :lol:
    И на грб ја ставам да спие, но само кога знам дека не е ризик за да поврати. некако шубе ми е инаку. Дури и во болница спиеше на страна.
    За седиштата во кола и јас многу сум замислена, за нас, за најмали ептен склупчено ми е детево :?: ,ама па неможе на пат од 3ч да ја држам во раце, а засега сеуште низ град кога сме во раце ја држам, некако не ми се става во седиште, си имам умислено дека ќе се мачи ако е така свиткана :|
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ах Меу, тука сакале не сакале мора во седиште. Инаку отиде возачката моја и на мм. Ајде за мојата и не е толку страшно, мм ќе не носи или па автобус секаде и во секое време има не е проблем, ама ако тој ја изгуби ради што бебе не е во седиште отиде работата без возачка. Скупчено не скупчено мора. А мислев само дека на Брио седиштата се такви, ама ете сите да ми ти биле. За малку време не е страшно да не е премногу долго само во седиште. Со цуцата твоја како сте? Црвилото и нафрланото помина? И јас практикувам само со пелената да го пребришам, а ако не е доволно тогаш влажни марами кои се повеќе ги избегнувам, а после тоа обавезно во вц и го плакнам газето со млака вода како што ме посоветува. А и педијатарот ми е против често користење на влажни марами ама кај машко е малку потечшко да се исчисти се само со пеленката. Си имаме проблематични зони хаха Него на препоните му се лупеше кожичето, па ако некој има ваков проблем, витаминска маст и пудра во прав да си знае, за два дена стакло ми е детето и сега ставам само по потреба. Вие ги мачкате на газето со нешто кога менувате пелена?
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    И нас црвенилото ни се среди со Канестен кремата вчера и ставив и сега е сосем во ред, влажни марамици исфрлив од употреба , барем додека малку подпорасне сега засега натопувам пелена и со тоа ја тапкам.. кога ке ја соблечам обавезно и правам вежбички со нозете и полесно се искакува и прдка.
    за спиење ние повеќе спиеме на грбче на страна ич на сака да спие а главчето и го вртам обавезно..
    во понеделник ќе одиме и вакцина да ни стават иако малку касниме..
    Иако имаме јас сега за сега ја немам ставено во седиште кога одиме некаде ја држам во раце..
    а за понатака ќе видиме , инаку почнавме повеќе да гугаме и да се поместуваме хехе јас стави го на едно место оно гледам после 30 мин се премесило на другата страна и тоа само со главчето некако се искривило како кифличка сигурно си се мести нејзе како и е удобно :) :) :)
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јуник не да се вртат, сучат од сега веќе наголемуваат. Туку друго ми беше зборот. Си имаме едно календаче за внесување податоци за следење на развој на бебушко на Фишер Прајз и си има она совети и што да се очекува во секој месец на равој, кога читам за период за првиот месец пишуваше ’Се учат како да добиваат нешта-те како да те манипулираат’ и баш се насмевнав дека малиов наш денес тоа и како за прв пат ни го направи да го земаме да го петаме низ стан и да му зборуваме и гушкаме. Не сакаше да лежи. А го легнав плаче коси корне си реков ах не пак гасови, кога тоа друго да ти било. Ама ако малкуцка му удоволивме после правац на капење и нанкање. Ако уште вака од мали нозе што на млекце мирисаат најдоа умови и тешки психологии да ни прават, тек кога ќе подпораснат...хахха што не чека слатки маки
     
  7. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    Мамички до која возраст не палевте светло во собата на вашите бебушчиња, моево накај два месеци е али уште си седиме на лампа, се мршти на светлово :^)
     
    На Luna31 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се мршти првите неколку секунди додека да му се адаптираат очите,особено ако е тазе разбудено.Впрочем и на нас возрасните ни се случува истото при премин од темно во светло и обратно.Учи го на светло ,но не премногу силно или директно насочено кон него.
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас до кај 2 и нешто месеци немаше шанси да заспијам со изгаснато светло.би беше страв да не му се случи нешти и цело време се разбудвав да го гледам. е кога се стабилизирав јас почнав да гасам да не се научи то со светло па него после да му биди страв во темница... е сега столната ламба ми е со жолта сијалица и ја палам по потреба.заспива и ја гасам
     
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Најмалку важно е дали на детето му е пријатна положбата или пак возачката дозвола. Тие седишта се конструирани првенствено да го заштитат детето. На почеток може ќе му биде неудобно седењето, но ќе се научи. Без разлика дали е 5мин возење или 3 часа, задолжително ставајте ги во седиште. Малку ненадејно да закочи возачот, детето по инерција ќе летне напред и ќе го удрите од предното седиште. Не ризикувајте, транспортерите/седиштата штитат и од поголеми сообраќајки. Според мене се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Мамички, јас приметив нешто ново кај нас, всушност не е ново, но денес сфатив од каде ни доаѓа проблемот.
    Кога малата ќе исцица се од града и повторно е гладна , давам АД. Ете и ноќеска беше тој случај, кога испи 60мл АД, покрај две исцицани гради. Морав да дадам, зошто детето вриштеше и си бараше јадење, а потоа си заспа.
    Но :!: кога пие АД после ми повраќа, што не е случај кога цица :?:
    Некој совет??? Дали е нормално или пак не и одговара ова вештачко млеко, па да пробам со друго???
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу, истиот, ама баш истиот случај го имав јас. Сношти пак почнаа вообичаените симптоми дека ќе биде весела ноќ со болење меше, ама среќа се спасивме. Нацицан, искапен, дремна 10 ми па се разбуди. Пак цице па плачеше за уште, а и почна да ика иако ждригна. Плаче за јадење па 60 мл Ад морав да му дадам. Иако по советот на педијатарот го оставив да кенка и да плаче да се мачи добри 2 и нешто часа, не можев повеќе и му дадов Ад. А за повраќањето е дека се прејало, ништо страшно. Зрчни мали гурманчиња. Ем не можат повеќе ем уште бараат. Мене ова со Ад ми се случува само во период од 19 до 23 и 30 часот. До сега само по 60 или 90 мл последниве 3 дена ни биле спас и тоа само еднаш во овој период инаку сме ексклузивно на доење.
    Што млеко му даваш Меу? Ние купивме Нан 1 и го прифати освен малку бљуцкање чат пат.Ако ти повраќа по малку во ред е не грижи се, а ако е во млазови консултирај се со доктор што ќе ти каже.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Беби мил и давам од почеток, зошто во болница тоа и даваа, па со тоа продолжив. А се размислувам да сменам со Нан, само незнам дали е во ред, зошто ова си го пие без проблем.
    Повеќе од 60мл немало потреба да јаде, и тоа се случило се на се два пати до сега, обично не јаде повеќе од 40мл.
    До сега е секогаш онака малку бљуцкање, но пред некој саат(во 5ч, веќе незнам дали да кажам утрово или синоќа, зошто ми е се споено ]:) ) дали дека ми беше во некоја полуседечка положба, беше млаз, но не силен и голем.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.134
    Пол:
    Женски
    Noelle, витаминска маст на газето и препоните, задолжително, на секое менување пелена. Така се штити кожата од пресушување кај еднократниве пелени, ама и штити од можни иритации. Јас ја користам на Бекутан со невен, со портокалово капаче, ама штом се вратиме во Скопје, ќе си ја земам на БејбиЛав од ДМ.

    МеУ, може ти било прејадено малото. Види денес како ќе биде.

    Ако сакате на одредена страна да ви спијат бебушките, потпрете ги со пелена, крпа или ќебенце. И задолжително на страна, ако се склони кон бљуцкање.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    И мојов истото го прави... ќе цице, ќе дремне малку и отвара уста за уште, ако му понудиме дохрана тој ќе ја пие, бара и уште и после ќе поврати, онака цело муце и по облеката и тоа зошто не знае за доста.. Сега почнав да му правам 30мл, па ако бара уште уште 30, ама обицно не ги допива, а ако го оставиш он и 100 ќе испие, па ќе повраќа после... лаком си е, затоа јас сум лошата и давам само 2-3 пати на ден по 30-60мл, останатото време си цица (иако сеуште имам рагади ;( ) Поздрав
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Исто и мојата, и направив прво 40мл ги испи и вресна повторно, па наредно направив 80мл, и демек колку ќе пие толку, ама овие ако ги оставиш што вика маж ми и нас ќе не изедат :rofl: само да се вреска и уста толкава отворена за цицка :geek:

    За спиењето јас редовно на страна ја ставам, а сега дека почна сама да се превртува, ја заглавувам со перница или виткам ќебе во ролна и го ставам позади неа.
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    како повраќа во млазови или малку на муцето???
    ако е во млазови смени го млекото не и одровара.
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Majки имате ли искуство со бебешка ира (она како корупки/лушпи што се појавува на главчето на бебето). Јас немам, а еве вчера приметив дека има на главчето, малку се, ама ми е страв да не се рашират. :(
    Што да правам, со што да го намачкам, да трчам во аптека да купувам нешто и што да купам?
    Тек наредниот понеделник имаме закажано преглед и вакцинирање на педијатар, да чекам или утре да го носам? Не сакам да го мкнам по болници да не закачи пак некој вирус, само што оздраве, до вчера беше со антибиотик. :!:
    Совет??
     
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ми ги отстранувала со бебешко уље ,но јас за мојата не пробав.Јас на ќеркичката после бањање и ја чешлав косичката и тие си паѓаа ,а и кога спиеше(а спиеше во раце) од што немав што да правам нежно и ги отстранував.Мислам дека тие не се нешто заразно што само по себе се шири,туку дека се всушност првиот слој на скалпот кој кај секое бебе се суши и паѓа исто како и со горниот слој на кожата од телото :^)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.134
    Пол:
    Женски
    Јас прво ставав бебешко масло, пред бањање, ама кога ќе го избањав и исчеткав, не излегуваше цело. Ама педијатар ми рече да извријам маслиново масло, или какво било од оние што ги користиме за јадење и да го намачкам на главчето, да ставам одозгора газичка или памук натопен во маслото и капче. Тоа да стои преку ноќ, па да го избањам. Ирата веднаш се исчисти.
     
    На AIT и lolyta777 им се допаѓа ова.