Кога ве пуштаат дома? Плукни ги од мене на одење. Само ланолин крема мачкај за два три дена ќе ти се смират. Сега оти ново е за тебе и така језивко боли. Мачкај цело време бебе смее да цицка и така.
Мачкам од Medela 100 уф ќе трпам ама беља правам дур да загризе да цица боли неколку секунди и јас се грчам и осеќам малиов ѕвер подпрестанува ме гледа.А ја у грч од цицка-китка до матка
@srekice и јас истата мака ја имав со брадавиците, но ги земав силиконските на Медела уште додека бев во болница, па уште теран со нив. Тие што ги стискаат градите и тие што носат млекце се одвратни. Не им давај да те дошираат. А тие со млекото на три саати поминуваат.
Јас на томи брадавици имам дома.Овие на медела ги има цимеркава ама ми личи мала брадавицата,моите се големки бааѓи
Пробај денес пред одење побарај ја Лејла она ќе ти покаже. Јас немав на оделение никаков проблем ми покажаа и за пелени и за како да цица. Сега ќе помине визита и ќе ти кажат дали ќе си одите домче. Немој случајно да си подала некоја бумбуњера бидејки сите даваат но ти нема да даваш. За таа нега ни 100 гр кафе не заслужуваат. Прашувај тука се што те интересира ние сме тука. @FreeMind Се убаво ти објаснила.
Мене Мечкичка не ми беше тешко да му мењавам пелени јас си бев екстра подвижна,кога доаѓаа на 3 саата за млеко го проверуваа и за пелена.
Значи многу се дрски ептен,како ли не ги мрзи тие сестрите така безобразни да де од 7 саат сабајле? Што мислат дека ќе бидат молени,па дарувани за што за да покажат нешто што им е работа? Срамота навистина,не дека инстинктот не ќе ти каже како да си постапиш со сопственото дете,но многу е тазе хормони лудуваат,страв преовладува... Па како ли мајкому стара во привстниве се љубезни? На кастинг ли ги бираат? Дека зимаат нешто повисоки плати не зимаат,плус сестрите работат и болничарска работа од клизми до катетри до инекции и обуки. Па кога си дојдов дома јас спремна дојдов. Знаев да дојам и да бањам бебе. Фино обуки прават за бањање што и не е така едноставен чин. И мажот си учествува. Ни кафе да не му давате не заслужуваат. Се напнав сабајлечки. Надвор од муабетов што против комарци за 2 месечно? Алка ли,чико спреј џинџира..?
Леле Мониче жената трн во око ти е . За сенешто и се пушташ. Не е за дали е тешко или не. Во нашата болница сестрите т.е акушерките ги пресоблекуваат, хранат доколку има потреба од АД. Мајката одмара.
@srekice тој ланолин е одличен, мачкај си ги брадавките и со сопственото млеко и колку можеш домче гола, да се сушат природно. Силиконски можеш за секој случај да си земеш ако е неиздржливо, ама мене на пример никогаш не ми ги сакаше. Исто вака како што опишуваш се грчев, помина се за две-макс три недели. Пази се само од мастит, топол туш и редовно подои, или измолзување, ако осетиш стврднати гради. Ќе заборавиш на макиве за многу брзо, се поминува, ти грижи се само за неа, другите околу тебе за се’ останато и пренесувај и само љубов и убава, позитивна енергија. Со лесно и со среќа во најубавата улога и период
Државна цицка сите се шефови, лечење фрустрации, а сите до една со врски до вработување. Неписмени в крај. Остај батали. Јас мафтам против комарци. Во кенгур. Како брисачи ми се раце е лево десно пред неа. Помага
Аха частење ќе добијат сигурно Ништо не гледаат,каков третман такво частење Инаку Лејла не ја побарав она сама дојде,и да супер е.Ми објасни мн работи,ми кажа и со Д3 капки да се мачкам можам.А за доење рече добро ја местам,убаво млеко само моево неможе да исцица се па ми се полнат многу Ајде ќе издржам за среќава моја.
Imavme burna vecer,nz cela nok kemkase placese sabajle ja onesovme na lekar,ni dade antibiotik namesto inekcii,dodov doma.i meram.temperatura 38.4 i dadov paracetamol nz dali cepce da i stavam?
Ако веќе си дала парацетамол , а не поминале бар 4 часа не давај сега ништо. Расоблечи, туширај, ставај оцет на нозете, триј со алкохол.
Мајки, морам негде да се пожалам. Малата е 5 месеца, јас чекам да добијам кај и да е веќе трет пат од кога се породив. Секојпат се полошо ме мава ПМС, мислам очи ќе извадам на некого. Мислев после раѓање дека се полесни овие работи. Никогаш не сум имала менструални болки ама ме фаќаа малку будалите пред добивање. Ова сега е 10 пати полошо. Не знам дали е дека брзо добив, или што е проблемов. Кажете ми дека не сум единствена.
Заради тоа што имаме зголемено ниво на стрес сега и многу помалку сон, затоа ти се чини крај на свет, диши длабоко. И топлото си го прави своето. Пробај со Б витамини, ќе те смират и опуштат, остави го бебо на некој бар на пола саат-саат, отспиј, шетни до некој мол, купи си нешто за тебе или бебо. ( мене секогаш ми помага ) И што би рекол мојот гинеколог-издржи женски