Дали е можно затоа што го расоблеков полесно ноќва да му настинало мешето и да му се јавија грчеви? До сега на почетокот имавме па некои 10 тина дена немаше. Вчера го облеков само на тенки шпикозни и цела вечер и сабајле плаче од грчевите
Така правеше после 4 месеци стануваше со вриштење, сега се случува пак така но не мн често, а обично вака беше, заспиваше кон 10ч, во 10 и пол стануваше со вриштење.
На колку време даваше парацетамол и на која тт? Ова е многу ниска тт. Нема врска што си го соблекла, грчевите може да се јават било кога. Може три дена да нема изразени грчеви, после три дена да се витка и плаче. Ама ако постојано плаче, да не е нешто друго проблем?
Леле јака ви душа како издржувате со неспиење. Синоќа бебе не спиеше мирно и се будеше на саат. Таман мислев поминаа грчевите, синоќа пак се виткаше, и кога ќе ја допрев на меше ги чувствував како свират. Сакаше само во раци или легната со мешето на мене. Мене ми жеже, ми се спие, ми паѓа главата но како ќе ја оставев вриштеше . Вака да е цело време незнам како би се издржало. Мислам дека и јас бев нервозна и нејзе дека и се пренеси. Но луѓе стануваш друга особа без сон. Утрово кога ми се насмеа слатко, многу ми беше криво што синоќа бев нервозна
Не не, типични грчеви. Прди се витка и тогаш плаче. Го држам на мене со термофор и слушам како му кркорат цревцата. Душа моја
Да баш така, иако сеуште не моменти ми е многу криво за тоа што кратко време уживавме во доењето. Нека е здрава и жива то е, има редовна столица и до два пати во ден, жолта која со месеци ја немаше какање на неколку дена и тое зелено, кога почнав со дохрана почна да кака секој ден но сеуште зелено, сега со ад и дохрана е друго бебе. Мене дете ми беше гладно, најверојатно од стрес и тоа што и премалку цицаше немав доволно млеко, еве сега само недела и некој ден како не цица воопшто немам млеко ни капка не излегува. А и повеќе спие мм се смее како новороденче е, од 22 до 9 со две станувања само за млеко и три преспивања преку ден по повеќе од час, а една обавезно е два часа.
3 зрна на 100мл. Тоа е за цел ден, зависи колкаво е бебето најдобро да не даваш целото наеднаш за да не го полни мешето со вода па да не сака да цица. Ако сакаш ти да пиеш, можеш и повеќе да ставаш ама горчи многу. Стави колку можеш да издржиш да испиеш.
Антонија за 10 дена ќе прави 4 месеци и сме на доење, супер напредува по 700gr месечно а сите штом ја видат леле витки, леле буце. На 3 месеца и 10 дена имаше 5750 и 59см долга, родилна 3200 со 50. Мене ова ми е нормално и не ми е буце. Спиење: Заспива во 21.00-21.30 и станува кај 1 за цицање па кај 4, кај 7, и после 9 е будна. Втор начин, јас што викам подобриот начин заспива кај 22-22.30 (иако од 21.00 е спремна за спиење) се буди кај 4-5 и после во 9-10. Преку ден имаме само 3-4 дремки по 10 минути и една од нив ако биде максимум 30 минути. Сега гледам дека почна да ми менува овие 2-3 дена па ми заспива околу 11-12 часот и спие час и половина преку ден, дај Боже да продолжи така. Сакам да ја легнувам подоцна пример кај 22.00 дека сега лето па подолг е денот и да можам да ја прошетам по ладот кај 20.00 ама беба штом дојде 20.30-40 почнува да кенка да плаче, зошто тоа ни е рутината, бањање во 8.30-40 и заспивање кај 21.00. Не е важно дали ќе заспие час два подоцна од тоа, битно мора тој период да влеземе внатре, да се изолираме од луѓе, да почнеме со капење, па пижами, па цице инаку плаче. Како да ја поместам рутината барем за еден час подоцна? Цицање: Едно време цицаше на три часа, па бараше на саат ипол, па сега цица на 2-2.30, ама и тука ми менува последниве два три дена. Цица убаво на пример околу 13.00 кај 15.00 бара да цица ама цица само 5 минути некогаш ни толку и после бара во 16часот пак да цица и тогаш убаво се најадува и од двете гради. Цицање палец и рачиња: обавезно, цело време дури и шмукање на глас по можност и да добие нагон на повраќање/гадење ама не повраќа. Лигавење постојано, освен кога спие. И мене прашањето уствари ми беше Дали на вашите бебиња им се лупи/перути главчето, има како корупки тенки и со што мачкате и дали им паѓа бебешката косичка? Ама постојано ве читам и никако да најдам време да пишам а ако сакам да прашам нешто прво гледам дали веќе е прашано и одговорено па да не се повторувам. Во последно време наутро ми се буди со стенкање и грчење и прдење и тоа трае околу 1 час а за тоа време е нервозна кенка и приплакува. Уфф се изморив додека напишам
под рака кога мериш убаво намести и премери пак при вакви бројки , не е возможно да има 35 , или мери на др место мн подобро ти е и посигурно , кај мали е често неуспешно и неубаво наместено
Мој совет ти е да не ја менуваш рутината пошто во зима ќе бараш да ја вратиш назад. Терајте така, нема ништо да ви фали, шетајте од 6 до 8 навечер. Големиот како бебе во лето ми заспиваше во 8 навечер, воопшто не ми беше проблем да ги следам неговите потреби. Малово исто рано заспиваше на таа возраст, и никогаш не сум се ни потрудила да го сменам тој ред, така остана и денес. Немам совет како да го смениш тоа, пошто бебињата, особено кога се поголеми потешко прифаќаат промени, освен ако самите не си ги направат. Косата паѓа, ќе порасне нова, а за теменицата, мачкај маслиново, кокосово или беби масло еден час пред бањање, во тек на бањање и после исчеткај со мека четка, ќе падне.
@S.J.Parker многу убаво име има малата Антонија Далеку од буце нормално си напредува. Не и менувај ред нека тера така. Кај мене сега почна ана ти одговорила како треба. Со бебешки чешел полека после бањање прај фризура
Ме изнасмеа за јазикот. Госпожата исто го прави Педијатарот ни кажа дека на 2ипол месеци се најјаките грчеви. Така беше и кај нас дете плачеше неутешно и зајдуваше додека не се успие. Како направи полни три месеци преку ноќ престанаа. Секое бебе различно, но битно им се ближи крајот на грчевите.