Ај и овде да прашам поактивна е темава. Чајчето од ким за грчдви го давате пред цицање или после и дали правите временски размах
Јас пуштам на 26 степени, со сите врати отворени инаку сум во куќа. Бебо е 2 месеци. Денски спие на кратки ракави и е покриен со една тетра пелена. Перките на климата нагоре и на функцијата за јачина на дување (FAN) е на 2 ка инаку мојата клима има 5 нивоа.
Sega dojdovme.od na lekar ja bocnaaimase pak 38.3 temp od zabite mi rekoa e mi place odma naednas ke sedi i ke place nz i jas
не ти дадоа некоја маст да ја мачкаш на жлебината? и јас мислев ќе имам маки со забите и пред да и раснат прашував педијатар ако имам проблем да знам што да правам и ми кажа ако качува темп. или слично има маст ќе дојдеш да ти препишам,ама за среќа немавме проблеми има две запчиња доле скоро до пола и се израснати
Ме скренаа овие неколку дена, таман реков наполнија 40 дена и ќе здивнам...yeah right Почнаа да бараат во раце држење ... Има периоди од денот кога буквално сум ко мрдната. . 2 саата да се спие е луксуз..
Малава грчеви ми има ,цревцата ја мачат.Кога цица,шмука,престанува прдка и продолжува.Да и дадам ли Colief капки? Како се даваат
Јас давам био гаја пробиотик, термофор на стомаче и денес му дадов превриена водичка со 5 зрна ким. За среќа поминаа
Совет за температура? Имаме 39, бевме на лекар ни дадоа еферелган чепле ама е кинкав цело време и ми поврати два пати има малку црвено грло. Како да олесниме? Ве молам за помош
А ти мислеше само ќе спијат? Абе има да думкаш со месеци, ситно низ дома да везеш! Давај ако мислиш дека има грчеви. Купи биогаја капки пробиотик тие се по пет на ден. Овие другиве не ги знам. Директно во уста капи. Ах колку ми е убаво на душава двете сте овде на темаваl:
Конечно седнав на тераса со сладолед и лимунатка малце душа да берам, мајками дојде и ги превзеде... маж ми ме форсира да сме легнеле, ама ја малце вака ќе поуживкам... думкам сестро, се фатив на орото И мене ми е ќејф шо сме пак заедно...ми фалевте, оправдано отсутна со прематурчињава, фала Богу добри сме, почнавме на 3ка да тежиме Срце биогаја и колиеф...колиефот ти е ко виски за возрасни 700 банки маста му ја извадивме, за 4,5 дена се трошеше дека две,..сеа конечно почнавме со симетикон капки бекутан, ама џабе мора да се помине фазава
Ако е на цицање треба да измолзеш малку млеко да ставиш капки и да го дадеш со лажичка, па после да дадеш да цица. Ако е на Ад ке и капнеш во млекото. Пишува во упатството. Мачно е ама битно има ефект. Прави бебето да има гасови и така му олеснува. Ти по што заклучи дека има грчеви? Ако плаче панично и ги витка нозете накај стомакот значи има грчеви и тогаш давај колиеф, во спротивно не.
Ехе ова беше безболно. Сега пофали се дека од забите не спиел и си спие цела вечер и да дојдам да те изгушкам.
Јас да те "утешам" дека и пред заби по заби јас не осетив промени тогаш. Извади заб на 5 месеци, а спиењето се среди со тек на време ама не одма после забите.
@FreeMind Еве го спие од 22ч ќе видиме сега, ќе кажам утре Иначе јас не се надевам многу дека ќе спие сега повеќе такво си е детето.
Секогаш може да изненади. Мојава спиеше преку ноќ од одма,само за цицање се будеше и продолжуваше. Само на цицање бевме, па немаше такви фази како што викате - да се буди само за да ме осети, туку си се будеше за да јаде, ама одма продолжуваше. Сега се буди еднаш или ниеднаш. На 10 месеци. Цица само навечер. И ако се разбуди.