Мајки здраво, да прашам зелена столица што значи кај бебе? 4 месеци сме, до пред 2 недели примавме антибиотик, тешко ни оди со какање, и кога ќе се искака е маслинеста боја(извинете за описов) немаме мн редовна столица, инаку на ад сме
Ако е само на ад, не би требало столицата да е зелена. Од друга храна се случува ама од мајчино млеко и ад не би требало. Може да е од антибиотикот, затоа вообичаено препорачуваат и пробиотик заедно со него. Прашај го педијатарот. И на моево бебе му се случило еднаш-двапати да има зелена столица од нередовно какање, ама само еднаш и после се враќа во нормала. Ако е повеќе пати по ред мислам дека би требало да се консултира педијатар.
Да, се случи неколку пати, пробиотик пие од прв ден, педијатар ми рече дека од антибиотик било ама па 2 недели после антибиотик ме зачуди..
Каква утеха. Синоќа цела вечер тропаше со рацете. Плус од што прета се открила скроз некои си пет минути гола на боди со отворен џам. Сега кива. Секој пола саат саат тоа. Четири и пол месеци. Нон стоп секоја вечер вака. Сега преку ден ја управи да не ја подречам, спие подолго на три дремки, али навечер страшно е. Дури не ми се ни оди да спијам само се нервирам за џабе. Среќа помош стаса така да пијам кафе на тараса, мирисот на езерото се чувствува, пријатно време...рехабилитација.
Тенкју инаку сите сме комирани тука Една дилема околу Colief капките некој да ми разјасни?? Не се тие за нетолеранција на лактоза? Овде за тоа и ги даваат, така пишува и на нив ,а за грчеви даваат други и си пишува на нив фор бејби крампс т.е грчеви(infacol)претежно
На моето од колиефот многу полошо му беше, уште повеќе имаше грчеви, така стојат во фрижидер ќе ги фрлам сега. Саб симплекс и еспумисан помагаа малку и после 3 месеци наеднаш престанаа грчевите. А Биогаја од ко е роден секој ден му давам по 5 капки...
Јас овде некаде од мајки прочитав за грчеви ги даваат затоа купив.Ама ако викаат био гаја,онда да купам тоа.Кажувајте ,јас тиква сум
Еве да пишам јас што знам: моево бебе се прејадуваше,цицаше лакомо и затоа имаше грчеви.По препорака на педијатар замавме колиеф оти не била доволна лактазата од млекото да се разложи па затоа давав колиеф.Ги користев 1 месец и имаа многу ефект.Малку досадни ми беа за давање со трчење до фрижидер ноќта 2-3пати ама така беше мир во куќа.Во исто време давав и биогаја ама од нив не видов ни арно ни лошо.
@babydust ,@happygirl И мојава е лакома .Има млеко,ќе се измолзљм и од шише и давам ,ја такво шмукање не сум видела.Усисивач.И не давам веќе,се молзам,фрлам па после да цица. Ќе земам и од инфакалм да видам.Ама во пинеделник сме на педијатар да видам и тамо.
Сепак консултирај се со педијатар.Нека крка малата, грчевите ќе пројдат секако.Не знам зошто се молзиш.Ако имаш многу млеко ок,ама да знаеш тоа е меч со 2 острици.Колку повеќе молзиш, повеќе ќе се ствара.Молзење до олеснување ама и тоа не постојано.Нека цица малата колку сака па ако ти се преполнуваат со грутки, тогаш да молзиш.Иначе после првиот месец ќе се регулира.Се е тоа нормално,истото го пројдов.
Ми се направија грутки ептрн,се вцрвенија и ме болеа до грозница стигнав.Морав да молзам за да ми олесни.Додека се средат .
Тогаш е во ред,ќе се средат за брзо не се секирај. П.С.Млекцето ако имаш ќеси за мајчино млеко можеш да си го замрзнеш за ако имаш потреба понатаму.Се наоѓа.
Под туш кружни движења со топла вода, да попуштат. Рачно одмолзување, па со пумпа. Колку повеќе на града бебче и ако ептен те мачи температура, бруфен. Облоги од листови ладна зелка многу помагаат исто. Чувај се од тоа и со лесно
Опасноста со шишето е што ќе се навикне да му доаѓа млекце без да влече и понатака нема да сака да цица. Јас чајче му давав од шише и тоа неколку дена само и веќе стана мрзлив да сам цица на крај кога ми е попразна градата. Убаво ти текнало, малце одмолзувај се (рачно не со пумпа) па нека продолжи оно. Така ќе си пие и од она млекце кое е богато со масти а доаѓа на крај на подој.
На мајками и рекле дека тие биле за запек, па ги земавме зашто едната на 3 дена дека ми кака... незнаев дека и за грчеви се? незнам дали за истите збориме, ако да ти сликам?