Да се надоврзам на @S.J.Parker многу убаво име ти има бебушката Немој да им се замараш што велат за килажата одлична си е мојата на 2м 6200г е со 59см што е тогаш мојата мишелинце нека ни се живи и здрави тоа е најважно За шетањето и спиењето исто и мене ми е дилема па гледам најкасно 22:30-23ч да е заспана до тогаш шетана најадена и спие до 5:30-6ч станува јаде и пак заспива до 7:30-8 и после 9 сме будни преку ден ретко ми спиеше но овие неколку дена ради жешкото знае да заспие како сега по 40мин или 1ч тоа ми одговара Како се справувате мајки со жешкото само ја шетаме од соба во соба додека да излади климата Цицање на 2 или 2ипол часа преку ден без разлика дали спие или не се буди и јаде а и јас ја форсирам затоа што сме само на доење без вода па ми е шубе на жешково да не цица повеќе од 3ч. А за лигавење и шмукање на тупаничката тоа е постојано За луштењето на главчето ни се појави на нас но по недела дена го снема само од себе само при бањање убаво ја миев и го снема ми беше шубе на меко главче да ставам чешелче може не е нешто страшно ама и добро е што помина без тоа. Почекај ако е ден два може и кај вас ке го снема. Јас имав друга дилема дали ги мачкате со лосиони на жешково? До сега ја мачкав со мустела после бањање ама сега се мислам незнам што да правам вие што мислите?
@srekice за грчеви не помагаат биогаја. Јас прво нив ги зедов ама нема ефект, барем не одма, може по долготрајно користење ќе има. Со колиеф одма има резултати.
Ајде и јас да се надоврзам уште колиеф не ги имам пробано. Биогаја е пробиотик не ни очекувам да ги смири. Бидејќи педијатриве даваат биогаја и плус други капки. До сега 2 шишиња еспумисан и сируп nurse дадов ако не секој ден секој втор почнуваме со плачки рикачки,тешко прди и додека се искака ратува се мачи душичка како да се кара со некој дури и во сон. И ги имаме сите нијанси на црвено на фаца. А како ги давате колиеф? Да не сум оф,си има нели тема, често ми се засркнува од што е лаком,но синоќа беше страшно ептен без здив јас останав многу испаничив. Незнам колку го мавав по грб,преку рамо го префрлив за на крај да го тресам го фатив за нозе и ги тресев, уште неможам да се смирам. Како да не цица лакомо бре кога ќе фати мислам сите комшии слушаат како голта. А не го дојам легнат скроз,на перница и подисправен.
Нз колку се приметува на сликава, на капакот на окцето има црвенило, така е родена. Кога плаче уште повеке се вцрвува и иде до израз. Скоро сме месец дена. Има ли некоја мајка со сличен проблем, дали има надеж дека ке се изгуби постепено или?
И јас го мачкав до сега со млеко на Бекутан ама денес го помислив истото дали треба да продолжам, рамената и вратчето му се цели со вруќици. И добро што сподели Bony дека повеќе спие твоето на жешкото, јас почнав денес да се загрижувам да нешто не му е добро. Цела вечер спиеше и цел ден... Се моликавме за јадење а голем јадач е, не ни дочекува да поминат 2 ч.
Не можам да приметам на сликата дали има и малечко меурче или не? Инаку кај моето исто има такво црвенило на очното капаче и е веќе 6 недела не поминува. Го прашав педијатарот ми рече дека не е ништо страшно ќе помине.
Син ми има на окцето на чело на вратчето и рачето,така е роден.Ми објаснија дека тоа се белези не се сеќавам на името и дека до една година ќе се изгубат.Мене сњкако ми е најубав па и да му оатанат не би се потресла нешто многу.
Какво млеко какви бакрачи не поминува со ништо со тек на време ќе се изгуби.Не сњ замарај гушкај и бацувај бебе
исто има и моја бебка,потполно исто од раѓање педијатар ни објасни дека честа работа е и дека до 1 година ќе се повлече. ние сме 5 ипол месеци сеуште го има и исто се заврвенува понекогаш ама малку е избледено не е како на почетокот ни кажаа дека е васкуларен белег така се викало тоа немаш простор за паника,ќе им пројде
И бебо мој има исто вака, на капакот на левото око, од раѓање. Сега има 6+ и малку е избледено. Кога плаче му се вцрвува. И мене матичната ми рече дека ќе го снема.
Деветнаеста недела ја завршува до недела, верувале или не денес преку ден преспа еден саат вкупно. Знам дека има редукција на сон али ова е страшно. Уште не заспива. Ова да си знаете што ве чека.
Me interesra koga go davate d vitaminot ,preku den ili prikvecer? Niti pedijatar nitu farmacevt ni kaza nitu pacnie prasvme.
и ние сме во скокот од 24та до 26 недела тој... незнам дали до скокот или денес на педијатар ни кажа и горните заби и пробивале а веќе има долни две,вика многу е напредно детенцево твое и кенкава е па ми даде да ставам гелче па ќе видиме..којзнае што ќе прави ново после скоков знае некој ?