Навечер како сте со спиење? Ма, минатата сабота си стана сабајле, малку поигра и заспа, 2часа. Пак стана ее најаде и пак заспа. Цел ден не осетивме дека имаме бебе. Сега по 15мин,1 час и се партиите спиење. А навечер само кенка. Патем, за комарци и за сончање за бебе што користите?
Никако не сме. Будни цела ноќ. Опасна е оваа недела, како да има адреналински шок бебево не прекинува.
Те разбирам мајче, те разбирам, вчера реков ќе пишам како спиел дека дента не спиеше, е не спие, не, не ,не, во 22ч заспа, во 22и 30 се разбуди и така после на едена сат стануваше до 3ч па после до 6 поспа и толку, еве денес исто само еднаш спиеше од 12 и пол до кај 14ч и еве сега цица па заспива ама пак не се надевам многу дека ќе спие иначе денес и друго забче излезе, сега имаме 2 забчиња долу, зајаче на мама правев забчиња денес, сама се, па сум задоволна со изгледот
Само сака во раце и не да седиш, да стоиш и шеташ и пак не и е погодено. Шета по нерви. Сва среќа се навикнавме веќе, не сме како на почетокот. Прекрасни се мама, на здравје запче. Да биде здраво!
Не знам како се вика за честито заби па да не ја згрешам си молчам Стај слики да видам што си зготвила. И најјако од се денес ми ја решија мистеријата оти бебето не ми спие навечер. Духови го мачеле не било крстено! Да бев во Македонија особата која ми ја реши мистеријата ќе ја врзев со тел и ќе ја влечев низ град како раздавање жртва. Значи јас чаре барам како да ги издржам месециве луѓево глупости трескаат.
Бели како бисери да се редат Лаки ,и ние имаме две,незнаев дека одма расте второто.мнг се смешни сега зајковци мили
Чисто за да се насмееш, мене ми рекоа дека ќе смрди детето ако не го крстам. Со доењево и жештиниве јас што сум крстена како смрдам, а не па малово. А за спињево, еве ја некрстена спие по цела ноќ. Ако ја крстам може и цел ден ќе спие.
Корист имате ли од релаксаторите? Сакам да и земам од тие со опција за лулање што се. И уствари кои се подобри? Со вибрации или лулање и од кога може во релаксатор да се става?
Мене еден саат од денот ми спасува. Како расте повеќе сака да седи во него и да гледа цртани. На почеток пет минути беше премија. Ако имаш некој да ти позајми најубаво да не фрлаш пари оти не секое бебе сака релаксатор. Јас имам на лулање другиот не го знам каков е. Најреално од три месеци може бебе да биде во релаксатор од мојот туп. Иначе пропаѓа во дупката и не му е интересно нишањето.
Максимално е искористен, еве веќе 5 месеца. Мојот се мести и хоризонтално (фиксно да не се лула, ама бебето пак е свиткано во грпчето), да се лула (со нога обично ја нишкам) и има и вибрации. Батерија бидејќи не најдов, многу специфична е, вибрации не сум користела, обично ја нишкам рачно. Чат пат и спиела во него, само го фиксирам да не се нишка. Сега веќе ја ставам во креветче за спиење обавезно, ама првите неколку месеца често заспиваше во релаксатор, зошто строго бев против думкање во раце. Сега го користиме за играње, ќе и закачам различни играчки за да не ги фрли кај што не може да ги докачи. И кога шетам низ дома ја ставам во него, да ме гледа како редам садови во кујна, или пеглам во спална, или се туширам. Дури не почне да лази, мене ми е апсолутно неопходен. Има деца што не сакат да смислат релаксатор, така да не би давала еден куп пари, мене ми го донесоа за повојница, и да не го сакаше ништо страшно. Или земи на заем, па ако бебе го сака, ќе си купиш каков сакаш.
Моето не сака воопшто да лежи во релаксаторот. Уште од старт не сака, не знам зошто Најмногу 5мин седи во него. Со вибрации, музика, играчки на него, ама џабе. Мене ми го даде братучетка на мм, исто скроз неискористен од нејзината ќерка. И јас како нов ќе и го вратам
кај нас е на вратчето вака црвено, не му се познава многу од косичката. И нас ни рече педијатарот дека се повлекувале ваквите " белези" до 1 година. Нека е со помин
И кај мене едната истото го има...педијатарот вика се што е напред на фаца го снемува со тек на време, ќе им се растега кожичето и ќе им се повлече...е тоа позади главче останува, мојата и на главчето позади има..
Како изгледаат вруќиците? Мојата има ситни брунчиња, црвенки на некои места од телото, има и на вратчето одпозади и на обравчињата. На допир не се рапави, многу малку се осеќаат. И мене ми рекоа дека и се од жешкто, но никако не поминуваат.