Ние ги примаме првите по една на ден до 12ч ми е дадена, овие се примаат до 12 полна недела, а вторите не ги примаме демек биле само за тие што се на ад млеко
Првите ги примаше до 3месеци а после продолжив со вторите,биле добри за развој на мозокот (на доење е).
И ние ги примаме само Д+К а вторите Омега не затоа што патронажната сестра така не советуваше а потоа и педијатарот се согласи
Ако не се многу јас не би ги вадела белите се од млекото со кивкањето ке ги исфрли. И кај мене малата имаше и знае да има ама се исфрлаат со кивање прати ситуација види
Епа да почнам со првите ко што иде па да прашам педијатар за вториве. А инаку приметив со бебуш имаме иста столица ,двете со болки стомачни и грчеви од мои хормони ле е ова или од пробиотикот што го земам јас .
И ние сме на тие првите, до 3 месеци се даваат, после на омегата се префрлаш... давај и ги слободно, нема штета! Јас заедно со биогаја им ги ставам на лажиче и бутам, со две три капки млекце..
Има ли некое чаре за малава да може секој ден да кака, на 3 дена едвај некако ќе се искака обилно ама до тогаш се мачи се грчи по цела ноќ, жал ми е да ја гледам... јадам суви сливи, ќе јадам и слатко од сливи па и свежи ако треба... имате ли некој наефикасен начин, гревче, само офка по цела ноќ и напиња
Ако е на ексклузивно доење нормално е да не кака, може и од,,8 до 10 дена. Малиот кога беше така имаше период на 5 дена какаше.
Јас ги давав и двете,така си пишуваше на картончето што ни го дадоа при излегување од болница. Од 4 месец наваму давам бејбитол д3+ омега, значи дека омегата треба да се дава,препорачливо било за мозокот. Така ми рече и педијатарот. Туку во која аптеја ги купуваш толку евтини? Јас поскапо ги купував,близу 500 ден.
Од сувите сливи свари чај, така е поефикасно. За омегата и нам Антоније ни ја препорача, ама јас сметам дека е претерано. Посебно па кога гледам колку ги форсираат Бејбитолот уште толку бес ме фаќа. Давам и јас сè уште од Д3 + К, ама ако толку се потребни витамин К и Омега за новороденчиња нека ги направат на фондот за да може секој да си ги дозволи, а не вака цени во вис, а при испуштање дома - Обавезно Бејбитол да давате! Па и пропаганден материјал кога ќе видам по ординацииве се ми е јасно.
@Lolipop23 многу точно! Порано постоеја само Вигантол и Пливит д3. И двете на рецепт. На големиот од нив му давав. Сега од овие до три месеца к1. Баш на сестра ми и ги дале овие со омега во приватна болница. И јас мислам нема потреба.
И јас читав за мозокот и за очињата се добри.Плус и оние витамини за мајки сите се на база на омега 3 и дхеа.Во еурофарм ги зема мм.Плус и картица ако имаш ќе си собираш поени за трошење.
Овде К се дава само еднаш во болница после породување. Толку. Понатаму е само Д со флуор на рецепта до една година. Биогаја се препорачува првите месеци иако не е ефтина околу 30 евра е овде.
Јас мислам дека не ни постои од друга фирма витамин К за орална употреба и Омега за бебиња освен овие на Бејбитол. Тоа кажува многу зар не? Еве кој има фармацевт нека каже @forumce ???