@LoveHope колкаво е кај тебе бебчето? Ние вчера месец направивме и и кај мене исто така од 3:30 кога стана до сабајле до 9 се думкавме. Ама јас препишувам на грчевите а знам и точно од што и се.
Немам против му давам денес но после секој подој или бљуцка,или млаз повраќа. Затоа јас си знам на 2 саати по 10 мин си цица и ни повраќа ни бљуцка. Ова денес е ден за тренинг на живци,па не да сум го галела,гушкала,му се дерев и сега со солзи сун зошто вака се нервирам. Не сум во ред дефинитивно. Лош период од 2 месеци бил овој. Џабе и биогаја и колиеф и еспумисани и сирупи нурс дај му време на времето. Сега си го повив како фишек и мирно бебе во раце ми спие,јас си плачам и пишувам хормони... Имајте мирна вечер.
Чекај не губи нерви. Идат едни недели во четврт месец каде коси се кубат. Лагано со грчевите барем на саат се од до. Се е џабе за грчеви само наштелувај се дека ќе мине и сега мора да е така. Викај помош и преспивај.
Мене повиено нема шанса да ми седи, се корне, се тегне, мрчи и на крај пишти. Ајде мајка ќе издржиме, јас малце психички се созедов, 2 недели само не бев "како што треба". Мора да издржиме
Wonder weeks, многу пати е спомната уназад, се плаќа, ама има слики по темиве ако сакаш да видиш кога се скоковите.
Јок грчеви. Денес преку ден само два пати по 15мин преспа. Не сака да лежи, не сака во релаксатор освен ако е рљсположена. Во раце да ј држиш треба сила да употребуваш пошо се тегне на сите страни и со главата се замавнува. Цуцла вади, става, боди тегне корне, кебенцето си го зема да го јаде. А за заспивање по незнам колку време се заспиваме. Се нешто сака, се нешто и смета. Бззз бззз, грррр, гууу, бууу. Со устата балончиња и бзззз брррм. 4ти скок. Лаки и јас велам трпение, ама не сум спана. Друго ме мачи, треба да го отпочнам стажот од 6месеци. Како да ја оставам уште сега? Што да правам се нервирам и за тоа... Некоја што оставила мало за на работа, искуства?
Истото го мислам и јас и кај нас така е малата моментално, а кога ја чешкам на непцата се смирува и испушта воздишки како убаво да и е и мрда лево десно со главата.
Има ли вистина во ова? Јас сеуште незнам како да ја облечам Ми е страв да не смрзне внатре. Се качува температура на 26.5 клима пуштам да врти на 28 на кратко ама страв ми е да не и напраам веља.
Клима не оставај долго да дува и да не е во близина на бебе. Јас искрено не се водам според овие препораки и бројки, секое бебе е различно, посебно машкиве не сакаат многу облекување, па се водам според тоа-едно плус од мене. Јас секако сум смрзната стално па гледам таман му е. Јас моментално со летно фустанче, боса, а малиот по боди по прерамки, блузиче по кратки ракави и чорапчиња. Или па го чувам по боди по кратки со чорапчиња или без чорапчиња туку долни памучни со ногавици што се. За спиење плус го покривам со пеленка потенка. Стално го допирам каква температура има бебе дали е ладно, топло и според тоа додавам и одземам облека и стално му е таман.
Среќо спушти ролетни и ќе ја држи температурата околу 25 степени дома. Клима во друга соба, да не биде кај малото. Твоето нема ни десет дена. Почни вака: боди на кратки и шпикозни тенки на долги. Ако има ножички не ставај чорапи ако не тенки чорапи. Остави така десет минути. Стави и го прстот во вратот и види како се чувствува. Ако е жешка вади шпикозните и остави ја само на боди. Покриваш само со тетра или тенко чаршавче. Пак пробуваш со прстот. Се на десет минути. Најбитно е странично како што ја оставаш да спие да не протече пелената фаќај ја на секои десет мин преку ден по бодито.
Ама ако и спуштам ролетни ќе се навикне на темно,вештачко светло.Ај уствари како врти сонце така и јас со ролетни Спие иначе на страна ја местам,за сега пелените држат добро иако си ги пуни Инаку беше и патронажната,супер сме рече папочето одлично заздравува Мајка моча од радост