Овде се решава со остеопати овој проблем кој се јавува некаде околу вториот месец. Тоа се вежби кои се практикуваа кај нас би дошло налик физиотерапија. Бебето мора да спие на грб за да ја оформи главата. Оно се врти потоа на десна и лева. Како што ние имаме омилена страна така и они. Се надминува само од себе најчесто за еден месец. Дој го од страната која не му е комотна за да го нвикнува вратот.
Ednokratna pomos se zima da, jas za bebevo zedov nadomestok za prvorodeno dete, moevo e rodeno vo Mart
Ви се има случено бебето да ви спие/дреме со отворени очи и да се уплаши па да плачи да не можете да го смирите? Ова 3 дена е кај нас ајде викав од стомачето е вака кемкав плачлив но вчера бев излезена со количка малце се стресе количката се уплаши кога му ја викна 20 мин неможев да го смирам,после тоа во раце ми дремеше со отворени очи мм му прави муабет се стрецна повторно исто вриштење. Се смирува само со цицање,ретко со цуцла. Но многу е плашлив ептен гледам и кога спие само ги крева рацете.
Исто потполно,мене едно време страв ме фати зошто не и се оправаше главата и отидов скоро на ортопед кај Тони Талески,рече до 18 месеци се оформувала главата демек да не се грижам ќе си се средел сам проблемот со текот на растот Дај боже..а на педијатар докторката рече да бидам упорна да ја вртам на другата страна иначе нема баш оправачка..е ај сеа ..
Нас нашиот ортопед ни даде вежби и за еден месец веќе имаше подобрување,се вртеше и на лева страна. Главчето му е супер сега,вчера го носевме на преглед го пофали дека е одличен.
И јас имам закажано редовен термин на 1 јули ама ми е тука во близина ординацијата па мислев еден ден само така да се избацам да го консултирам. Сепак ако тебе така ти рекол и мене исто ќе ми каже. Ништо не ти рече да форсирате ставање на др страна, зборење на др страна пелена зад врат и сл?
Мони ако можеш да опишеш какви вежби,би ти била мнг благодарна Ништо не ми рече,ни вежби ни форсирање,дури ми се изнасмеа,вика мајка нема потреба од паника ќе видиш ќе праиме муабет за 1 год...така ми кажа
Најубаво да дојде маж од работа и да ми слика додека му правам и ќе ви пратам слика. Антоние ние ортопед.
Лепотица маж ми ќе оди во општина да праша што како па тие да го препратат каде треба.инаку од документи ти требаат двата изводи од децата потврда од гинеколог кој ти ја водел втората бременост лични карти ваши и венчаница.
На моето му се дешава ова цело време.Само се стрекнува нешто.Ама па ние сме мали уште. Мислам од болница ми фати страв душичка.
@srekice @Happyinlove нормално е да се плаши, стресува, и притоа ги крева рацете. Моето од прв ден од болница го правеше тоа, на мајката што беше со мене во соба бебето исто. Моето некогаш се стресува и на безвезални работи. Но, не се случило да плаче после тоа. @Happyinlove да не сте го префорсирале многу со шетање, галама, многу народ, може затоа плачел.
Девојки ова што го опишувате е Моро рефлекс и е нормално да го има кај новороденчиња. Знак е дека добро се развива нервниот систем. Обично се јавува при некоја ненадејна дразба за бебето. Треба да се изгуби до четвртиот месец.
Исти бевме и ние затоа што од десната града имав повеќе млеко па постојано ја вртев и потоа се навикна самп биди упорна со вртењето и ке се среди
Кај мене оа се на лева се врти да спие си имаат и тие како ние што имаме начин на спиење,само што треба да ги вртиме за да не се сплеска едната страна но многу отпор ми дава За муабетот со плашење тоа со рацете е од кога е роден знам нормална појава за новороденчиња,ова е како да скока како на увп кога ке ти викне некој и ќе те уплаши и фаца на уплашен прави и вришти. Можеби сонува можеби галама...
Колку месеци има? Кај нас некаде кај 4 месец правеше вака повеќе пати и неможевме дури да ја смиреме па моравме да ја будиме бидејќи стануваше црвена и потечена од плачење.
Луѓе многу некако психички паѓам, физичкото да го занемариме.... Едната кога ќе ја фатат јаки грчеви и кога неможам да помогнам, после тоа кога ќе и помине, мене ме држи нејзиното врескање...со другата исто,таа се мачи да се искака, мене пак срце ми се кине...вака во лудница ќе завршам, ќе помине ли периодов, ќе се радуваме ли конечно и ќе прекине ли одвратнава рутина, како робот сум станата... и апчиња за опуштање земав да пијам, витамински некои... излеа само ја сум ваква.. а да, и девојче најдов за помош, ама додека е тука неможам да отспијам, се мислам нема добро да се грижи за нив, и дека странец имам дома па молам бога некој да дојде, мајка свекрва барем при крај на ден, за да ќарам некој саат... чукната сум знам..
Пишими лп кога ќе имаш некоја инфо од таму кажими каде ќе го упатат, на мм му рекле изгласан бил, но не бил стапен на сила, немале формулари сеуште, бла бла, незнаеле од кога ќе важи официјално, малку се дупчат ама ај
Нормално е. Ќе помине и овој период. Плус уште хормоните не се стабилизирани, нова ситуација дома, тотално непознато. И две. Кога ќе фатите рутина , ќе поминат грчевите, ќе стане полесно. Излегувај на воздух, не слушај мајки шајки , баби, диши длабоко и спиј кога спијат.