Бони нема штета ако пие некој ден повеќе. Во принцип треба да потрошиш 3 кутивчиња, тоа ти се 90 капсули, ако ти останало третото недотрошено слободно дај му ги, нема секако да ги фрлиш. Јас бидејќи повремено заборавам ќе испадне и во 4ти месец да давам од нив.
Со ваја или биогаја редовно користење се регулира столицата и со тоа помага да кака редовно и да ги испушта гасовите. Другите капки реално нас ништо не ни помогнаа за грчеви ниту па чаевите. Нас најсилните грчеви ни започнаа на 2ипол месеци а на тро веќе немаше. Трпение, гушкање, вежби со ножињата на кај меше. Мислам дека @danichap (извини ако сум грешка) имаше една слика за како да му олесне на бебе побрзо.
@srekice истово до збор беше и со нас, да не го пишувам истото никогаш не ждригаше и никогаш не повраќаше.
@***Bony*** еве во полн 3 месец имам уште 2 капсули Дз со К1 од третата кутија, ќе ги испиеме и се мислам со што е подобро да продолжиме.Матичната ни ги препиша Дз со омега,но има мислења од други педијатри и ортопеди дека може само со Дз капкички,тие порано што се даваа(за првото јас само такви давав до годинка негде).Бебитол за повеќе лекари се чиста реклама и бизнис,така да најверојатно ќе ги земам само капките.Инаку сеуште сме си на доење исклучиво.
До 12та Д3 + К а потоа вигантол по 2 капки до годинка Фала ви мамички ке продолжам со нив, веке почнав
Женички ај препорачајте ми какви, и од каде да земам чешел, ноктарица за бебе таков комплет... дали е практичен таков се да има во него со пумпица, топломер, чешел и сл или поубаво е се да си купам посебно да е ... ваши искуства ве молам.
Јас имам на Томи Типи (ноктарче, ножичка, чешле, четка со меки влакна, четка веројатно за заби, две турпии, пумпица за нос) 1.800 ја земав. Пумпицата не ми брка работа друго користам.
да и јас тој комплет баш го гледав, но некако си реков дали тие работи се во него како пумпица баш што кажа е поубаво посебно да се земе некоја подобра или вака во сет врши работа .... да не ми испадне дупли трошок да мора подобра пумпица и термометар, а за сетов да платам 1800.. а вака ко сет освен на Томи Типи незнам дали друг некаде има и каде
И јас го видов и некако не ми се свиѓа, скапо е јас си купив слична пумпица, ноктарица посебно, термометар, уште чешелче ми треба.
Им проверуваат ли крвна слика на вашите бебуши на контролите? Овде до сега ниту еднаш,а 6+ е. Па не знам дали во Мк е поинаку или пак нема потреба? Малку ми е чудно ете,не дај боже да има нешто,најлесно така се проверува..
Мене ми рекоа на 3 месеци пред да ја примиме вакцината. Али хорор ми беше пред 2 недели му земаа,настинат беше од пета....душа ме боли... како ќе биде за 1 месец
Овие два дена преку ден спие многу. Три пати по два саати. Навечер стандард непроменето. Помина четвртиот период и одма се сеќава промена како бебето и само да сака да одмори од промените. Морам да признаам дека ова долго траеше. Сега е смирена не кемка на пет минути и спие ( можам и јас да преспијам убаво). Температура нема и белеат долни кецови и горни. Буквално се што ќе допре иде во уста. За една недела пет месеци полни па ќе ги чекаме промените што следат.
Да го заборавив термометарот искрено незнам како да го користам и го немам користено. Искрено јас сакав се да имам за секој случај а многу работи не се искористија.Сечам нокти со ножичка, али сите различно на некој му е позгодно со ноктарка затоа најарно да си имаш и тоа и тоа. А четката сега почнав да а користам инаку беше челавка
Четките за бебиња се меки. Јас ја чешлам малата скоро секој ден. До сега не сум приметила нешто да и смета
Чим го прочитав ова од тебе, ќе има надеж и за моето (се надевам). Само кенка во сон, крева нозе, врти глава. Жива ненаспана сум. Пак имаме период борба со цицање, и воопшто до млеко. На жешкото само чај сака. Вчера си ја крстивме, свеки беше по организацијата. Прекрасно си поминавме.