Не, не ставаме широк повој, дури кога би ставала имам земено фани гакички, не би ставала тетра, но чекаме мислење на ортопед. Нив ги користам за секаде каде сакам да го легнам бебе : на гарнитура, спална, количка, подлога за пресоблакање, ставам на рака кога цица да не се потиме, ставам на другата града додека цица... Едит: дур пишам јас гледам и други одговориле како мене Инаку јас освен Бекутан течниот детергент ставам и минимално малку Чико омекнувач, и не ги пуштам на дополнително плакнење, па фала богу до сега е се ок. Без омекнувач многу се крути.
кукле а каде ги продаваат овие ? корисно е се што има во него или пак мора нешто да се докупи поквалитетно пр аспиратор за носе ?
И јас се чудам како полните перална секој втор ден. Сега на жешково ко што е само по боди не можам ни неделно да наполнам перална само со нејзините алишта.
Може нема нејзини алишта како преку зима, ама има тетри еден куп, лигавчиња колку сакаш и мои памучни маици за по дома, зошто сум жива вода. И најново постелнина зошто еднаш да бљуцне на топлово цела соба мириса на скиселено. На максимум два дена имам цела машина, може не до крај полна ама доволно да ми се исплати да ја пуштам.
Авент има по аптеките. Јас во еурофарм зедов. Во моето комплетче има се што ми требало. Ноктарица, ножички, турпии, пумпица, термометар, четка за коса, чешел, напрсток за чешкање непца. Е сега, јас дополнително земав безконтактен термометар, а нит пумпица сака дете мое нит аспиратор за носе. Има и во бебе хоум сетчиња, ама таму во однос на моево се нешто фалеше, или термометар, или чешел, напрсток...
Ќе имаш, ако не цела барем пола машина ќе полниш, сепак и близначиња се А на почеток не се многу валкани алиштата, дека е 99% млеко, па само не го оставај да се закорави. Јас перам на 30/40°
Женски ајде официјално се префрлам во бебе. И одма со прашања.. Во болница сме уште и ме интересира дали е нормално бебе да спие повеќе од 4 саати и да не го наранат. Ми викаат кога ќе стане само ќе побара, прво на града па после ќе му дадат млекце пошто уште немам млеко. Ми е жал кај е мало да не ми ослабе. И кажете како да ми е полесно да го дојам, многу ме боли ранава од царскиот, станувам денес 2 ден, 3 - 4 пати прошетав. До вечер уште толку. Ама многу ми е жал неможам бебево да го фатам убаво од што боли.
Мајки, колку да оставам млекце за бебе нецела недела? Утре имам некоја работа на кратко. Измолзев по 60 мл од едната града и 60 од другата, вкупно 120 дали уште да се молзам или еднаш е доста. Ќе ме нема саат ипол, два. Немам осет колку во милилитри цица за да му е доволно.
За бебето и јадењето дома вие ќе си фатите ред сега од болница ќе прават они како мислат. За раната нема лек ако е за утеха на 5 ден кога беме дома веќе сама си а дигав од креветче . Брзо поминува болката. Нека ти е здраво и живо!
ne se sekiraj vo pravo se dr koga ke e gladno ke bara da cica a ranata ke boli ama pominuva za 3,4 dena
Доста е таман дури и многу. @cinderella5 и мене мн ме болеше ништо не ми даваа за болка, побарај да ти дадат некое апче за болка, јас го доев со перници наредени на нозете помага многу. Со лесно ќе помини се за 2 недели ко нова ќе бидиш. Нека се живи и здрави бебенцата.
Па не е баш нормално. Во која болница сте? На клиника поминуваа на секои 3 саати и ги будеа за да ги наранат.
Ох да, и мене тоа од контакт ме ваѓаше. Да, нормално е се што кажа, пробај редиго на града викаат за стимулација да ти надојде млеко. Тоа е во ред но бебе да пишти од глад а ти сеуште немаш млеко според мене не е во ред. Абе мува не ги лази. Мене ми дојде млеко после 2 дена, на секое одев да им барам млеко зошто бебе не се смируваше а тие спиеја! Стимулација плус ми беше пумпата за гради, и кога ми надојде млеко бебе се потсмири, инаку ги оставаат гладни по 5-6 саати и повеќе. (Охрид ова) А за доење најдобро ти е дека си со рана лежечка(странично) позиција.
Фала ви женички многу, не знам што би правела без вас Во чаир сум инаку, си го разбудив сама стоеше на града и после им побарав да го наранат Сам ако не им речеш, не им текнува а ми викаат мајче не се секирај водиме евиденција.
@cinderella5 истото го поминав и јас, ама што знам мене ок ми беше на одделение кога ме префрлија, со исклучок на една млада сестра идиотка. Во поглед на раната и доењето, мене најзгодно ми беше седечки да ја дојам. Да лежам немаше шанси, неколку недели не можев да се завртам на страна. И боли, ама ќе станува полесно. Јас уште со неизваден катетер бев кога ми ја оставија. Значи кога ќе сумирам, партал не прават по државниве болници. Како да сме стока, а не луѓе.
Јас мака мачам со хранењето на беба. На ад сме, за нејзина возраст треба да пие по 180мл 5 до 6 пати на ден, она пие млеко по 100 до 120мл, се си мислам на не е во некој скок, ама па мирна е само не сака млеко да пие, на 21 ја вакциниравме. За 6 дена полниме 3 месеца. Што да правам?