Па да, од 28 април не е мерена, нареден месец здравје има таква контрола, ама се гледа дека има напредок, така беше со јадењето пред 2-3 недели, сега пак.
Мене па бабицата кога доаѓаше на почеток мало кога беше,ми рече со мајчино млеко да му го чистам окцето кога ќе му се затвори,многу собираше она....ох не ми текнува на мк како се викаше Небитно,сакав да кажам сите различно кажуваат боже Кај нас после 3 месеци дури. @Nenna97 Мој бебуш е 6+ па пие исто од 100-120. Секое дете пие различно,ако напредува не е проблем. Може и млекото што го пие го заситува повеќе.
Бебе е 4+ и е само на доење, денес во каката имаше како конци ама ептен многу такви, на места дури и како погусто, како топчињаа на место како малку шлајм, такво лигаво..инаку не е настинат..искуство?
Не се води по табелата. Моето е над годинка никогаш нема испиено над 120мл. Ако ок напредува тоа млекце што го внесува е доволно.
Ќе ја измиеш убаво, сува завиткај ја во стерилна газа, стави ја врз папочето и лепи со хартиен фластер. Јас така му ставав на првото.
Бебо мој имаше папочна кила, ептен му беше испакнато папчето првите 2 месеци. Ништо не ставав, со тек на време како растеше и го ојачуваше абдоминалниот ѕид, така му спласна скроз папчето и му се израмни. Сега е 6+, не се ни познава дека му било испакнато, само од себе се среди до 4 месец.
После месец и кусур одкако се породив конечно да се вклучам во темава. Не знам зошто толку ми требаше да пишам тука Инаку малата ми е прематурче, се роди во 34та недела, ама фала му на Бога одлично напредува и е многу жилаво бебе. На 30ти правиме 40 дена, а и на 30ти ми беше термин Е сега да ве бомбардирам со прашања. Прво имаме проблем со цицање, па ми е на ад, користам Аптамил прематур. После пиење ја држам исправена да ждригне, ама колку и да ја држам знае да бљуцне некое време одкако ќе ја легнам (секохаш ја легнувам на страна). Не ме плаши тоа, нормално си е. Проблемот е што понекогаш кога ќе бљуцне и искача и од нос. Колку што приметив бљуцнатото го задржува во уста и го сифрла од нос. Одма и го аспирирам носето и океј си е после тоа. Прашав и педијатар и патронажна и ми рекоа дека е нормално. Ама јас се плашам да заспијам, да не случајно не ја приметам. Она се буди на секој 3 саати за млекце, а во меѓу време знае да спие комирана и можам комотно да одспијам и јас, ама ако не ми е тука мајка ми да ја гледа јас нема шанси да затворам очи. И така јас си дежурам секоја вечер, а имам прилика да одспијам бар некој саат... ај до сега мајка ми беше на одмор па доаѓаше почесто и склопував по некој саат сон, ама од среда е на работа и ќе не може да доаѓа често, како да престанам да се плашам? Второ немам ич апетит. Ама ич. И тоа што јадам го бутам со сила, ама е многу малку. Во принцип сум мн стрвна, не знам што ми се случува... Трето многу ми се прават модрици. Да се допрам малку погрубо одма модрица. Кај што го потпирам лактот на нога кога и давам млекце иам сто модрици една до друга кои формираат една голема модрица. Страшно изгледа и срам ми е да облечам кратки или фустанче. Исто така ако се сецнам многу долго треба да престане да ми тече крв, како вода од извор ми тече крв. Дали е можно ова се да ми се случува затоа што пиев аспирин скоро цела бременост? Има ли чаре? Мислам дека ко за почеток доволно долг реферат напишав, да оставиме нешто и за друг пат
На бебе првите 24 часа (па и 48 часа сум читала) ништо не му е потребно, си има резерви од мајката. Потребно е само додека е будно да е цело време на града за да стимулира надоаѓање на млеко и да го прими убаво целиот колострум. Болница која се грижи за бебињата воопшто не би требало да ги дохранува, тогаш верувам дека 99% од мајките успешно би доеле. Тие денови во болница се од круцијално значење за доењето, ако се потфрли таму, да не и се покаже на мајката убаво како да дои и наместо тоа да се форсира АД многу е веројатно исходот да дете кое не сака да цица и мајка која го губи млекото. Со првото се породив во Чаир и многу мака видов на почетокот, а и сите жени што беа со мене во соба. Со второто во Кочани каде што не ги дохрануваат и воопшто нема ниту една кутија АД во болницата, само сестри кои убаво објаснуваат и се трудат да помогнат, па од старт ни тргна како песна и на мене и на цимерките.
Добро дојде мила Прво не секое бебе сака подигање да ждригне. Моето сака после цицање да полежи ако ја дигнеш повраќа. Пробај не ја подигај после пиење млеко може не сака. Легни ја до тебе и спиј. Веќе 40 дена има Мила и време е да отспиеш. Звукот на кемкање ќе го научиш со тек на време за што е. И онака спиеме со отворено око она да не легнам и да заспијам во мајчинството речиси и не постои. На почеток може и на фази да спиете во различни соби, додека фатите ред. Едниот спие другиот дежура и обратно. За третово не знам обрати се на лекар секако имаш завршна гинеколошка контрола деновиве.
Da mnogu verojatnone da ti e od aspirinot, isto i se sluci na moja koleska cela bese so modrici se vospostavi deka od aspirinot i bile no konsultirajsi se so lekar sepak
И нам ни се има случено како кончиња и семки во каката. Прашав ми рекоа нормално било од млекото се формирале. @tetoviranta добредојде на убава дружба овде . Пробај малку да се опуштиш, помина тешка бременост и предвремено породување, се е сега зад тебе, имаш здрава, права ќеркичка, се ќе биде во ред, пробај да поспиеш убаво додека она спие, силата ти е потребна