@tetoviranta послушај ги другите феминки и одмори се, поспиј, јас само ќе додадам во врска со модриците да пиеш вит.Ц од 1000мг. Гушкајте се со малата
Пак јас не задржуваат во болница поради високо црп и жолтица. Јас полудувам цела недела па кај уште. Дај кажете ми колку дена треба да се сонча, полудувам. Плус го земаа не е со мене... Психички сум 0
Нас не држеа 8 дена во болница кога се роди бебо заради жолтицата. Го земаа два пати дневно од кај мене и го сунчаа по 3-4 саати, вкупно околу 8 саати на ден. Исто имаше и повисоко црп, ама после се смири.
Моето во вторник фати жолтица,вечерта го сунчаа а у среда не пуштија.Јас у двор си ја сунчав и помина.Не се плаши,знам психа мава,ми иде да вриштам и тепам ама мора храбро само.
Кај се пораѓаше? Ми земаа памперси и павловичева и ми рекоја незнаеме како ќе е за подој, ќе разбереш до вечер. Дај Боже да го носат, сите мајки со бебиња, јас сама. п.с. педијатарот ми рече уште 5 дена не си одиш, ми се гледа многу. До вчера се беше ок, малку покачени леукоцити само...
Неможе да е постојано на сунчање мора пауза, мора да го доиш за да исфрли поселно а може и тие да му даваат млеко затоа што сега немаш многу. Само не се нервирај и пиј течности за да ти надојде млеко.
Во Кавадарци. Бебето беше со мене цело време освен кога го земаа да го сунчаат. Баш и сестрите ми викаа одмори и наспиј се додека не е до тебе Според мене е подобро таму да му помине жолтицата колку-толку. Плус, после толку денови таму, на моето папчето му падна дома на првото менување пелена, само што си дојдовме. Ќе помине се, пробај да одмориш.
Ми надојде многу изнапив литри и литри и сега само тече.. Затоа сакам да го дојам ем ќе го видам, ем нема да го изгубам млеково од нервози.
Колку е црп? И кај мене имаше покачено црп малку падна во болница, ни препишаа и дома сирупче па по 5 дена се вративме на контрола. Повеќе може да го држат бебе ради висока жолтица, но подобро. Чим не ти го носат одмолзувај се и инсистирај да го дадат тоа млекце.
Џабе ќе инсиситира, нема да му го даваат тоа млеко. Ах бе @cinderella5 истата ситуација бев и јас. Не се плаши нема да го изгубиш млекото. Само измолзувај да ти олесни. Дури и докторката рече, кога ме виде колку ми тече, да ми дадат стерилен сад да се одмолзувам и тоа млекце да го даваат, ама таа идиотката сестра не ми даде. Па маж ми пумпа ми носеше да се одмолзувам и пак не го даде млекото. Исто по 4-5саати ја држеа на сончање и кога ми ја носеа беше најадена со нивната дохрана и не сакаше никако уста да отвори. Кои плачки беа тогаш. Абе си рикав на цел глас. Требаше петок да не пуштат, па ај сабота, па на крај недела. Е во саботата со тупаници во ѕид мавав, бидејќи две недели бев таму веќе. Им се дерев без врска на домашните по телефон од мака, па се извинував. Имаше една сестра Биле, се најдобро за неа. Многу ми помагаше за се. Ама таа не беше од детското. Па сега кога се препрочитувам ни таму не сум поминала добро.
Во Чаир беше? Ако си била во Чаир значи ги носат после некое време. Барем да го видам... Само што помислев помина тортурата, нов бран. Ауф
не се сеќирај мила и моето бебе имаше жолтица ја доби откако не пуштија од болница и педијатарот ни даде за неа гликоза да пие и за недела дена помина