Во Чаир да. Една од тие сестри кај бебињата беше срцка и на два саати ми ја носеше да цица. Ама неа само последниот ден ја фатив. Трауми.
За да го даваат треба да е се убаво проверено стерилизирано и чувано на соодветна температура. Од каде знаат твојата пумпа за измолзување што и како е. Плус шишенцата за складирање.... Чисто за споредба, се породив во систина, бебе во инкубатор и двапати на ден одев да се измолзувам таму за да го добие моето млеко (во мојов случај двапати дневно беше доволна количина) Во меѓувреме за да одржам лактација дома вадев уште многу. Ги прашав да го носам измолзеното од дома. Ми објаснија дека неможе да го примаат млекото од надвор од безбендосни причини за бебе. Кај нив се измолзував во посебна просторија, стерилизиран апарат, стерилизирани делови и шишенца кои ги вадеа од апарат пред да се измолзам и веднаш го складираа во посебен фрижидер на соодветна темп. Значи се нивно организирано и на чисто. Инаку ќе треба на поверение и како дае господ. Па ако се случи нешто од нестерилизиран апарат кој ќе биде крив....или пример се расипе млекцето додека го добие... Факт е дека на државно немаат ваква организација ниту потребни средства. Па поарно е да не ризикуваат....
Ако не е блендирана, цел ден во фрижидер. Ако е блендирана, ќе ти пушти вода и ќе изгуби на вкус. Зборам за домашни каши. За купечки си пишува на тегличката.
Не. Инсистирав да го видам и бев. Браунила на глава има. Спиеше, многу мирен беше... Му тече инфузија и за 48 часа ќе му проверат црп. Дај Боже да заврши ова побрзо мислам дека остарев за 10 години. Без спиење од четвртокот сум, право зомби очиве незнам како гледаат, главава ќе експлодира. На 3 часа да се одмолзувам доволно ли е?
Сите бебиња се многу поспани кога имаат жолтица. Ајде вие барем таму сте ја фатиле, со сончање неколку дена ќе му помине, инаку поспоро поминува. За одмолзувањето не знам на колку време треба, ама мислам не мора толку често. Кога ќе осетиш дека се преполни - тогаш.
@cinderella5 Почесто молзење е подобро и повеќе време. Можиш на 2-3часа по 30мин(зависи со што се одмолзуваш) и прави блага масажа да немаш проблем со запушување на каналите.
Мајки, и јас да пишувам во ова тема имам неколку прашање денеска наполнивме 2 месеци, со ад млеко сум кај мене не фаќаше никако, пробав со се не фати и не фати, до сега се молзев со пумпа ама секој ден помалку и помалку има млеко веќе не сакам со пумпа да правам џабе од 2 гради излегува само 50мл и тоа 1 на ден. Прашањате ми се овие бебето веке 4 дена не пие млеко како пиеше со зор и давам на 3 часа пиеше по 90мл сега со зор само 70мл, и еднаш на ден си кака до сега беше жолта боја ама веќе 4 дена и е зелена денеска повеќе од други денови и е зелено и лошо мириса исто така и урината и е со лош мирис и жолта многу. Што да правам? Последноте 3 дена плачеше многу почнуваше од 18 и 30, вриштеше без здив остануваше ниту пиеше млеко ама претеше со нозете многу грчеви има. Плачеше 7 часа без престан па го шетав со кола низ град па така заспива. Дали од времето има промена или треба да и го сменам млекото? Сакав да прашам дали вие вашите бебиња ги облекувате само на кратки или озгора ги облекувате со шимпонзи, јас едни со кратки оздола и шимпнзи и го покривам со тетрс пеленс. Да не се многу ? Исто така сакав да кажам какви се тие скокови извинете не сум слушнал до сега, ако можете да ми објаснете каде да видам во кој скок е? И да ми кажете кога почнува бебето да го држи сам неговата глава? Моето уштр не може. Напишав долг реферат ако има мекоја што има трпение да ми објасни ке ви бидам многу благодарна. Поздрав
Lelee jas zeni celata se potresov bebeto kaj sto si lezese na krevetot se zavrte i padna sreca ne se povredi mnogu
Мајче за измолзувањето немам одговор тоа го оставам на некој друг. Бојата на столицата треба да е жолто златна но се менува или од исхраната на мајката или ако е настинато. Штом не јаде како порано и штом има зелена столица повеќе дена јас би одела лекар. Плачењето може да е од грчеви но може и нешто друго го боле, кога сте на контрола јас би одела во ваква ситуација. За облекување ние сме само по боди на кратки и покриени со тенка третра пелена, зависно од времето може и надолу да и облечам нешто но и тоа е тенко. А за главчето кај мене малата го држи од 2месец, сега новитет и е и нанапред да се фрла со главчето Се надевам ти помогнав во нешто
Фала ти, добро ве најдов Ма се пробав, и во различни агли да ја држам, и да не ја станувам..се.. џабе она си бљуцка. Размислувам и ар млекце да и земам, ама па не ми се менува прематур-ов. Наредна недела сме на педијатар, па ќе се кпнсултирам со донторката, ако не се влоши ситуацијата до тогаш. Сега се решив да спијам, а она се реши да се разбуди и еве ја лежи до мене и ме гледа со тоа очињата џамлии, а јас се топам фала ти најмногу за советите Фала ти ќе пробам баш од утре со вит Ц Палам количката и доаѓам Ти благодарам, ветувам дека вечерва ќе дадам се од себе да поспијам колку толку