Не се плаши ќе биде се во ред, исто бевме и ние, со антибиотик и на ламба. Па дома пак ни се врати жолтица па пак требаше да лежиме ама не беа високи вредностите па не оствија дома да се сончаме и почесто да цицка. Трауми се тоа знам ама ќе помине, држи се за бебе ќе му требаш. Ден два се во прашање ќе се среди Брзо да си се гушнете
6 пати имам сменето капки за грчеви, и давам чајче не пије ниту вода, никогаш не е потен, се насекирав денеска од 4 сабајле до 10 и 30 едвај со зор пиеше 100 мл млекк, од што не знам веке што да и правам почнав млеко да и ставам на лажица па да и давам и тоа не го пије го ваѓа надвор се. Поздрсв
Моево бебе во последно време многу се мачи да се искака. Може ли да му помогнам некако? @LoveHope кога и се спие нема да се расонува туку ќе си прпдолжи по цицањето
Колку долго ве оставија плус? Сега помина педијатар ми кажа утре ќе му проверат црп пак, па ќе ми каже, а за жолтицата пожолт бил од вчера, ќе го стават под ламба.
Кај мене спие од прв ден во креветче. На почетокот после јадење никогаш не презаспиваше одма, мораа да минат два часа. Но сега од пред две недели ја земам, цица во седечка положба (секогаш така ја доам) и пак ја оставам во креветче, си продолжува да спие.
На почеток бевме исто. После јадење ни треба час или два да заспие. Заради тоа ја земав со мене да спие.
Се роди на 01.01, беше на кислород до 03.01, па доби жолтица и беше на ламба три дена на 06 бевме дома. Цело време имаше висок црп и примаше антибиотик. Дома после една недела уште имаше високи билируби и малку жолто беше ама останавме дома и на следна контрола беше ок. Мајка ми знае да каже: е затоа ми е бела косата. Така да имаме уште за многу да ни белее косата. Не се секирај, седете колку треба подобро таму отколку пак дома стресови да имаш.
Колку е покачено? МИнува низ скок во развојот веројатно. Пробај храни го во сон, на темно и тивко. Не го преоблекувај, жешко му е. Расоблечи го.
Јас и купив на три месеци ама пак прсти јадеше и сега глодарката не ја интересира 5м е ама затоа жирафата Софка си ја мези со сласт.
Нон стоп ќе и бидат во уста 4ти месец. Софка дали пет минути и е интересна, другите ни толку. Од замрзнувач глодарки најубаво моментално бидејќи и се напнати непцата.
Не се нервирај мајка,само трпение,никој не те осудува, само гледаме да се советуваме.Знам дека мислиш најдобро за своето бебе. И јас овде научив многу и уште учам. Дали ги проба колиеф капките и некој пробиотик во комбинација.Прашај го педијатарот за нив. Чајчето од ким помага за грчеви.4-5 зрнца искршени во вода колу една чаша и да проврие па изладено се дава.Твое е да нудиш на бебе па нешто ќе плукне,нешто ќе голтне. Може да пробаш со друго шише да видиш може ќе му биде различно па ќе сака. Само нафрлувам што би правела јас како идеја. Поздрав и те гушкам, ти си секако најдобра мајка за своето бебче.И ова ќе пројде.
Синоќа после јадење ми се исповраќа,денес пак и си бара да јаде после тоа одма.Да и давам ли? Инаку 2 ипол недели сме,и не заспива после јадење секогаш.Некогаш е будна и по два саати,си гуга нешто и гледа наоколу,си мрда со рачиња и ноџиња. Ок ли е или ова?
Исти бевме кај периодот од 7 недели кога беше бебка. Траеше неколку недели и се нормализира. Но одтогаш никогаш веќе не е истото лакомче што си беше на почеток што качуваше по 1200 месечно. Сега јади со молби и колби. Сакам да кажам има грчеви, период е и ќе помини. Можеби и детето не е лакомо како моево, дополнително. Можеби и скок во резвој е, го боли уво, има кандида или афти.
Колку има бепче? Испотени на почеток нит може да бидат нит ќе бидат, терморегулација сеуште немаат. Ако е на вештачко пробај смени го млекото. Но најбитно најди си добар педијатар и појди на консултации.
Високо е . Блуцка, скоро сите бебиња го прават. Држи ја крената на рамо да ждригне со благо тапкање по грбче. Ако сака да јаде пак, нека јаде.
Блуцка, скоро сите бебиња го прават. Држи ја крената на рамо да ждригне со благо тапкање по грбче. Ако сака да јаде пак, нека јаде.[/QUOTE] Значи тоа кревање да ждригне ми е научна фантастика мене,или сум толку глупа или незнам што е.Колку видеа изгледав,слики симнати ,абре џабе пак ги мењам сите пози и не ја слушам секогаш Ми е страв да ја спуштам по пола саат после цицање.
Значи тоа кревање да ждригне ми е научна фантастика мене,или сум толку глупа или незнам што е.Колку видеа изгледав,слики симнати ,абре џабе пак ги мењам сите пози и не ја слушам секогаш Ми е страв да ја спуштам по пола саат после цицање.[/QUOTE] Синко не ждригнуваше после цицање. Се случуваше да штуцка, ама да ждригне дали два три пати се случи. Некои деца едноставно не ждригнуваат.
Ако бара дај и. Инаку не значи дека треба да спие после цицање. Во врска со кревањето да подригне, не мора да го креваш на рамо и мене тоа ми беше тешко, само го исправувам во прегратка, со едното обравче го допирам до мене и го држам со една рака за главчето а со друга кај газето. Вака некако. Ама како што вика @Ano не секогаш ми ждригнува.