Се поти и моево,уште пред да наполни 2 месеци,посебно сега на топлово. Иначе на почеток исто блуцкаше обилно и често,посебно насабајле кога ќе ја исправам.Тоа не секогаш значи дека се прејадени,туку на почеток потешко ја варат храната,затоа блуцкаат потоа бараат пак.Сега веќе со полни 3 месеци се намали блуцкањето,веќе си ја задржува храната и знае да ждригне. Не се замарајте на колку саати да цица,на почеток посебно.Кога сака бебето тогаш.Треба и да се пие водичка обавезно на жешково да не дојде до дехидрирање.Јас ставам многу малку чај Бекутан во водата колку за вкус и си пие мојава редовно.Фала богу досега немаме проблеми со грчеви.
Зошто некој доктори не дозволуваат вода и чај? Јас ништо не и давам а читам многу даваат, што ли е правилно?
Вода се пие само со ад млеко и дохрана. Никаква вода со цицање. Самото млеко е 80% вода. Давајте да цицаат кога сакаат нема определено време за цицање.
Сами си даваат. Педијатар нема што им предложил со цицање вода или чај. Досега таков немаат пишано. Цицање е само цицање. Тоа е правилно и медицински.
Нашиот педијатар дозволи,патронажната исто За првото дете исто давав по малце вода или чајче,сега за второто исто почнав од пред 3-ти месец кога фати топлото,нам исто ни давале на времето така да нема никаков проблем.
Пак јас. Почнаа да ми го носат да цица на 3 саати ама мислејќи ми текна да не направив грешка, да не му кратам од терапијата... Црпто ми рекоја дека е 6 пати поголемо од нормалата и утре ќе му прават контрола. Во инкубатор е, под ламба и му тече инфузија. Ме интересира колку е тоа 6 пати повеќе од нормала? Колку време одприлика треба за црпто да падне? Денес ни е 2 ден.
Можеш ли со име и презиме педијатарот што ти предложил вода на трет месец да го напишеш? Чисто да провериме ако не ти е тешко, бидејќи ти си првата по предлог на педијатар.
Незнам јас немам давано до сега и незнам дали би давала 50-50 сум, му верувам на докторот ама страв ми е да не дехидрира затоа што е многу жешко
Сегде кај што имам читано е дека не е потребно вода, дури и на плажа повеќе вода треба мајката да пие а не и бебе. На почетокот и јас почнав да давам чај но бебе нејќеше да влече од цице и веднаш прекинав. Башка шеќерот во Бекутан ме исплаши.
Денес сум малку напорна ама од памет се извадив. После 2 часа земав да менам памперс и беше скрос сув, бебе спиеше и беше испотена, па се тешам со тоа. 5 мин откако и го тргнав памперсот, се измочка и тоа убаво. Дали има место за паника?
И по 6ч спиење знае да и е полу сув памперсот но затоа во наредните два часа менувам 2 полни памперси
Ама они зошто студирале 6 години плус 5 години специјализација за педијатар не ми е јасно кога секој сам си измислува свои правила. Не е тоа проблем твое бебе твои правила, ама после кога нема да е во ред се вели: да ти ибам докторот! Таа е. Ем не слушаат, ем после друг им е крив.
Јас мислам дека е во ред да се дава по ептен малце водичка, затоа што повеќево деца и на година-година ипол не пијат вода затоа што се научени на вкус, плус се засркнуваат со вода а од млеко и сок не.
Nas denes pedijatarot ni dade denes kinderimun na dr wolzz go ima li nekoj koristeno ovoj sirup bebeto vo sabota mi polne 7 meseci I za crp no rece oti nisto ne e oti leukocitite se ok I utre ke moze da prima vakcina
И мене ми беше така еден период. Од параноја 3 теста направив. Се смири со тек на време. Мислам мускул беше некој кај мене.
Јас мислам дека е во ред и ракија по една чаша да им ставиме и да наздравиме заедно Ти, јас или тој што мислиме сме тотално небитни во целата слика каде е јасно и изрично кажано вода на бебе кога се дава. Овде се уклучив само да објаснам уште еднаш за водата и последен пат. Водата иако по малку на трет месец замислете што им прави на бубрезите. Бубрезите на трет месец ако биле развиени за вода ќе велеле педијатрите дајте им вода. Арно ама не се. И вие свесно игнорирате факти и свесно ги носите вашите деца низ животот. Сепак големи сте и вие си знаете.
Moze malku voda da se dade do 50 ml dnevno jas mu davam na moeto bebce od dva meseci voda ama ne pie epten epten retko da se napie po goltka dve
Зарем бубрезите на бебе кое пие ад млеко се поразвиени од доенче? Ми нема некоја логика, ама секој за себе си одлучува