Мајки, додека бевте трудни не ве нервираа непобарани совети од блиски луге, па дури и само познаници? Епа исто и за оваа дискусија. Ако некој праша дали да даде вода, кажете си дали мислите дека треба. Ама ако некоја мајка дава или не дава вода, веќе решила што ќе прави и нема да ја предомислите. Јас си избрав педијатар на кој му верувам, и ако нешто ми рече да правам/не правам, ја слушам. До сега тоа што сум мислела, само ми потврдила. Да се сомневав во нејзиниот совет, ќе барав друго професионално мислење. Нашето лично искуство како мајки се базира на нашите деца (значи 1,2,3... колку и да имаме), а професионалното се базира на образование и искуство со илјадници деца. И тие немаат исто образование и искуство, и медицината постојано се менува, нови работи се дознаваат. Правете како што сметате дека е најдобро. Се додека ви се здрави и среќни децата, се е во ред. Со или без вода.
Еве да ви кажам бебето имаше 7 недели и плачеше многу , мм го праша братучетката педиатер вработрна во гак што може да му е на бебето и таа и вели дехидриран е нека му дава вода 100 мл, и овој се јавува кај мене дај му вода и реков каков педиатар е таа кога знае дека млекото со вода е правен и плус ме тераа да дадам чај бекутан, му објаснив на мм дека нема потреба од вода ама пак тој педиаттар е педиатар треба да се слушне, па ај јас да ги послушам зошто мм и свекрвата не се трпа дај му вода па дај, и дадов само што го стави бебе во уста и се гадеше и веќе не му дадов. Ама вчера од тоа што се уплашив многу затоа што бебето не пие млеко и дадов вода пиеше 20мл е сега сум многу пишман. Поздрав
Моето неколку пати кога плачеше, се смируваше со неколку голтки вода. Нудев да цица, не сакаше, дадов вода и си пиеше, престана да плаче. Да е коинциденција не верувам. Ај првиот пат така да се погодило, ама следните пати..
Да бидам искрена не ме нервираат што даваат вода на своја рака. Е мене ова ме нервира, ми создава една таква силна болка во желудник неподнослива, добивам срцебиење и нервни напади и плачам повеќе од бебето. Агресијата од непостоечка ми се крева на левел сериски убиец. Имам гадење потоа со недели. Од се, најмногу од луѓе. Спојлер https://www.facebook.com/groups/977446202350024/permalink/2304469842980980?sfns=mo
Ќе одиме оф топик, ама сигурно некој ќе рече не мешај деца и миленици Сосема те разбирам. Да ни се само живи и здрави децата, и голи и крзнени
Да ја затвориме оваа дискусија секој за себе нека си одлучува прашав затоа што постојано слушам дека се дава вода а јас неколку пати кога прашав педијатар и доктор во кои многу верувам рекоа отсечно НЕ. Секој има право за себе да одлучува.
Значи ти пишав дека и моето на 7 недели одбиваше да јаде од силни грчеви. Јас испаничена ја однесов на дежурен и др ми рече дај и чај. И јас кога и реков дека нели чајот е само вода и шеќер не давам, она ми рече добро нека ти дехидрира, па ќе и даваме инфузии што исто се шеќер и вода. Размислив убво и давав тој ден чај. Се смири бебе и потоа уредно си цицаше, ако не многу барем не до тој степен да не сака воопшто да се напие. Значи беше 1 ден во прашање. Најубаво однесија на педијатар и прави тоа што ќе ти кажат таму. Лесно е некогаш да се кажува не чај не вода, ама инцидентно некогаш нешш во вонредни случаеви се мора. Јас плачев дека бебе не ми пие млеко, душата ме болеше што давав чај. Ама па инфузии не е подобро.
Неколку дена забележувам дека пелените кај син ми, 4 месеци е, не се толку полни и мочкани како порано, наутро тој што е бил за спиење е полн но после во текот на денот го тргам речиси сув, се гледа дека има мочкано ама не повеќе од двапати..се мислам дали дека сега на топлото повеќе се поти па затоа или нема врска тоа? Ваше мислење? Инаку цица како вообичаено, не е гладен..
Само јас ли го сфатив човеков дека вода не се дава пред шест месеци и само со дохрана бидејќи немаш потреба? И месец никаде не споменува потоа? Јас сум била грешка не било до шест месеци туку до седум не се дава вода, се додека не се воведат три оброци. И колку убаво пишува: Оти им даваш вода кога не им треба? Да дополниме со линкови да не биде само македонска медицина во врска со опасностите со вода. И да, бубрезите на бебето не се подготвени за вода како што реков. https://www.who.int/features/qa/breastfeeding/en/ https://www.babycenter.com/404_when-can-babies-drink-water_1368488.bc https://www.kinderaerzte-im-netz.de...n-bei-saeuglingen-zu-krampfanfaellen-fuehren/ https://www.hallo-eltern.de/baby/darf-mein-baby-wasser-trinken/ Дискутабилна е водата до една година при доење. Наскоро може да дојде и препорака од една година. Никаде нема давај вода. Никаде. Пишува нема потреба од вода бебето, не му се пие вода туку млеко кое е 88% вода. Исто важи и за ад. А вие како сакате. Не на три месеци туку од прв ден слободно
Секако дека секој за себе одлучува. Но никако не смее на форум каде илјадници мајки читаат да се наметне “свекрва медицина”. Утре некое девојче што нема поим ќе ја чита темава и ќе помисли дека вода треба да му се дава на бебе. Како и ти што одиш во недоумица благодарение на рекла казала да не слушаш педијатар. Не е само за водата, генерално многу небулози можеш да се изначиташ. Се е во доменот на невистина. Вака нека се прочитаат двете страни и секогаш ама апсолутно секогаш за бебе е по совет на педијатар.
Се сложувам со тебе @FreeMind. Мојата сестра даваше вода, а одгледуваше доенчд пред 2 години. Свеки ме подду да давам чај и вода и јас под нивно влијание почнав. Ама што викаш, на форумот наидов на мислења дека апсолутно не треба па почнав да читам и стручни статии каде изречито тврдат дека не треба (иако ако се дава не е опасно и страшно) но е непотребно. Дополнително осетив дека давањето чај може да води многу брзо кон одбивање на бебе да цица и веднаш прекинав. До ден денеска се р'чкам со свеки зашто е толку страшно да ми дадам вода, во поново време ми протиња и оризова вода ама не попуштам. Мислам дека си мисли дека и водам инат. Јас и ја барам само единствената причина да ми каже зошто да дадам. Таква нема! 100 пати кажавме мајчиното млеко е 80% вода, зошто му е друга???
Сега веќе почна да пије млеко добар е, ама го сменив млекото, и чајче и дадов од препорака од педиатар, си моча нормално , сакав да ја однесам на лекар ама мм не ме остави тој сам доктор рече добар е нема потреба. Фала за советите и јас еден ноќ плачев зошто бебето не пиеше млеко доволно, пиеше многууу помалку од претходно сега е добар. Поздрав
Не знаат оти даваат. Само даваат оти свеки или мама така правеле порано. И тука стручна тематика не можеш да внесеш ѕидот се крева. Оти даваш? Така. И завршена дискусија. Луѓено се отепале од истражување оти да не се дава, кои се негативни последици од давање вода итн овие им враќаат со така бе Јас за моето дете го правам најдоброто и сум во состојба цела медицина да ја пречитам за да видам како е најдобро. Тоа е она што јас можам за неа да го направам. И тука се повлекувам и ја завршувам темава вода додека форумче не ме цитирала
Нареден пат да пишеш кога ќе сакаш некој да те цитира. Не знам зошто бегаш од дискусија. Моето дете јас не го одгледувам по книга, туку по мајчински инстинкт кој не згрешил до сега. Еве пишува во статиите дека малку вода не штети, не знам што толку ја направивте водата отров, што дури и до година да не би требало да се дава, што е ептен апсурдно според мене. Не давај вода ни до година ако сакаш, ни храна не му давај. Нека си биде на млеко само. И извини стварно што дискутирам со тебе.
И јас давам на беба вода, на ад сме од почетокот. Инаку беба не сака ни вода би млеко, вчера пиеше вода околу 30 40гр, ама не и се до толку полни пелените, сега и ја сменав од сношти од 11 не и беше сменета само 1 пат мочкала. Што да правам? Да не и е од топлото?
И мене ме тераа да му давам по малку вода на бебето штотуку родено, пробавме со лајче ја плукаше, потоа не ни пробав пак, исто и чај не сакаше, затоа си беше на ексклузивно доење до 4 и пол месеци, потоа почнавме со вкусови и почнав вода да му давам по малку и еве го 6 и пол месеци е уште не пие по многу вода, има 2 оброци и по некоја голтка само пие, др си цица.